Различни формати за внатрешно снимање
EOS R5 C овозможува внатрешно снимање во формат RAW со 12 бита со примена на Cinema RAW Light до 2,6 Gbps. EOS R5 C нуди три опции Сinema RAW Light, односно LT (низок), ST (стандарден) и HQ (висок квалитет), коишто овозможуваат поголема флексибилност на работниот процес за задоволување на вашите потреби за снимање.
Достапни се и голем број дополнителни опции за професионално снимање, вклучувајќи ги и форматите 4:2:2 со 10 бита, како што се проверениот XF-AVC од Canon со ALL-I или Long GOP до 810 Mbps, HEVC MP4 до 540 Mbps и H.264 Mp4 4:2:0 со 8 бита до 150 Mbps.
Покрај ова, достапни се и опции за отсекување на сензорот од 8K-формати за целосна слика до формати 5,9K Super 35 mm и 3K Super 16 mm за компатибилност со оптички објективи и намалена стапка на податоци.