Балерина во позадина на храм

Снимено со EOS R6

  • решетка 2.8
  • брзина на бленда 1/5000
  • ISO 400

Canon EOS R6

Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.

Спецификации

  • Бесшумно фотографирање со брзина од 20 fps1

    Достапна е и механичка бленда со брзина од 12 fps доколку ви е потребна

  • Стабилизација на слика со 8 чекори*

    За извонредна острина при долги експозиции без да користите статив.

  • ISO 102.400

    За одлични перформанси при слаба осветленост

  • 4K до 60p

    Репродуцира движења со реалистичност и острина

  • Резолуција од 20 мегапиксели

    Сензор за целосна слика со врвни перформанси при слаба осветленост и динамички опсег

  • Dual Pixel CMOS AF II

    Препознава и следи очи, лица и животни.

Фирмверот е достапен и ќе го надополни системот за AF со функција за следење возила, а ќе овозможи и многу други практични функции. Преземете го од страницата за поддршка.

Ви го претставуваме EOS R6 од Canon

Запознајте се со EOS R6 од Canon и погледнете како неговата револуционерна брзина, стабилност и технологија можат да ја подигнат вашата креативност на повисоко ниво. Доловувајте моменти што траат дел од секунда со неверојатен квалитет на слика и реализирајте го вашиот потенцијал како режисер.
Ballet performance against a dark room backdrop

Снимено со EOS R6

  • решетка 2.0
  • брзина на бленда 1/500
  • ISO 200

Погледнете го секој момент. Не испуштајте никаков звук.

EOS R6 ви нуди повеќе опции за доловување на совршениот момент. Фотографирајте движења со неверојатни 20 слики во секунда1 бесшумно, доловувајќи краткотрајни моменти што човечкото око едвај ги забележува.

Бесшумно континуирано фотографирање со брзина до 20 fps1

Со истовремена AE, AF со следење и стабилизација на слика. Достапна е и механичка бленда со брзина од 12 fps.

Создаден за брзина, со процесор DIGIC X

Снимајте до 240 RAW-слики или 1000+ JPEG-слики во една серија со брзина од 12 fps со помош на UHS-II-картичка со високи перформанси, а двата отвори за мемориски картички што поддржуваат брзи SD-картички UHS-II ќе ви овозможат да фотографирате без прекини.

Извонредни видеоснимки со резолуција до 4K со 60 fps и Full HD со 120 fps - и двете опции со Dual Pixel CMOS AF

EOS R6 нуди спецификации за снимање видео што поддржуваат серозни работни процеси за снимање. Опциите Canon Log и HDR PQ ќе им помогнат на видеографите да снимаат со поголем динамички опсег, а снимањето висококвалитетни видеозаписи со 10 бита и 4:2:2 е поддржано внатрешно преку двата отвори за SD-мемориски картички UHS-II.

Најдобар хибриден фотоапарат

Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви ја зголеми креативноста. Независно дали снимате фотографии или видеоснимки, луѓе или места, движења или патувања, мртва природа или диви животни - спојот на брзина, квалитет на слика и флексибилност што го нуди EOS R6 го прават најдобра алатка за создавање содржини.

Хавиер Кортес слика во оперската куќа Масимо

Најдобра стабилизација на слика во светот: 8 чекори3

Замислете си да можете да фотографирате рачно со брзини на блендата што траат до четири секунди и притоа да ја заматите водата во пејзажите и луѓето на улиците, без да користите статив. Тоа е креативната слобода што може да ја очекувате од EOS R6. 

Вградената стабилизација на слика со пет оски нуди максимум 8 чекори на заштита што спречуваат тресење на фотоапаратот. А кога на фотоапаратот ќе прикачите RF-објективи со систем за оптичка стабилизација на слика (освен RF 600MM F11 IS STM или RF 800MM F11 IS STM), тогаш и двата системи ќе работат заедно за да ви обезбедат неверојатна стабилизација со максимум 8 чекори. 2

Системите за стабилизација на слика, од кои едниот е вграден во фотоапаратот, а другиот во објективот, можат да ги стабилизираат и видеоснимките, а достапен е и трет систем - дигитална стабилизација на слика за видео - што нуди дополнително ниво на стабилизација и резултати со професионален изглед.

Откријте повеќе
Сликање брзи движења при танцување со извонредниот стабилизатор на слика на EOS R6
Portrait of a lady with the EOS R6

Исклучително брзиот AF ги следи субјектите со сигурност4

Системот Dual Pixel CMOS AF II на EOS R6 се контролира преку процесорот DIGIC X што користи вештачка интелигенција со длабоко учење за да овозможи препознавање и следење субјекти. Очите, лицата и главите се препознаваат со нови нивоа на прецизност. Фотоапаратот може да препознава и мачки, кучиња и птици, а тоа ќе ви помогне да добиете остар фокус врз субјектите што се движат брзо - еден од најтешките аспекти на фотографирањето диви и домашни животни.

Брз и лесен за користење, од првиот момент кога ќе го земете во рака

Не сакаме ништо да се испречи помеѓу вас и вашата креативност, па затоа го дизајниравме EOS R6 да ви понуди инстинктивно користење и многу опции за поврзување.

Електронски визир

Извонредниот електронски визир со 3,69 милиони точки ја освежува сликата со брзина од 120 fps, а тука е и екранот на допир со променлив агол што се оддалечува од куќиштето на фотоапаратот и се врти за 270˚ за да ви овозможи да фотографирате од креативни агли.

Два отвора за картички

Двата отвори за картички ви овозможуваат да снимате RAW-датотеки и датотеки JPEG/HEIF на различни картички, па дури и фотографии и видеоснимки на различни картички, а ги поддржуваат и најновите стандарди UHS-II за големи брзини на читање/запишување. Интуитивните контроли на задната страна на фотоапаратот - контролната палка за AF и вртливите копчиња за контрола на задната страна - овозможуваат инстинктивно користење на EOS R6.

Dual card slots of EOS R6

„Следењето на лицето ми даде самодоверба да бидам во чекор со мојот модел и да ги доловам неговите динамични и емотивни пози“.

Photographer looking down view finder

Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година

Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.

Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.

Куќишта на фотоапарати

Ефективни пиксели (прибл. MP)

30,3 мегапиксели, целосна слика
20,1 мегапиксели, целосна слика
45,0 мегапиксели, целосна слика

Вградена стабилизација на слика

Не, само електронска стабилизација на слика и стабилизација на слика во објективот

Да, вградена стабилизација на слика со 5 оски. 

До 8 чекори кога се користи со компатибилни RF-објективи2

Да, вградена стабилизација на слика со 5 оски. 

До 8 чекори кога се користи со компатибилни RF-објективи2

Откривање субјекти

Лице, очи
Тело, лице, очи, животно
Тело, лице, очи, животно

AF при слаба осветленост

Чувствителност до -6 EV [1]
Чувствителност до -6,5 EV [1]
Чувствителност до -6 EV [1]

Брзина на континуирано фотографирање (fps)

8 fps со фиксен AF 

5 fps со Servo AF

12 fps со Servo AF 

20 fps со електронска, бесшумна бленда и Servo AF

12 fps со Servo AF 

20 fps со електронска, бесшумна бленда и Servo AF

Видеоснимки

4K-видео со 25/24 fps 

Full HD-видеоснимки со 60 fps 

HD со 120 fps 

Canon Log 1 

Некомпресиран 4K-формат со 10 бита и сооднос 4:2:2 кон надворешен снимач

4K-видео со максимум 60 fps 

Режим на 4K-видеоснимки за забрзано прикажување 

Full HD-видеоснимки со 120 fps 

Canon Log 1 / HDR PQ 

Внатрешно снимање со 10 бита и 4:2:2 

Компресија IPB

8K-видео со максимум 30 fps

4K-видео со максимум 120 fps

Full HD-видеоснимки со 120 fps

Режим на 4K-видеоснимки за забрзано прикажување

8K-видеоснимки во RAW-формат (две опции за бит-стапки)

Внатрешно снимање со 10 бита, 4:2:2, Log 1 и 3 од Canon / HDR PQ

All-I / IPB / IPB-компресија со помала бит-стапка

Некомпресиран 4K-формат со 60p, 10 бита и 4:2:2 кон надворешен снимач

Контролни вртливи копчиња

Повеќефункционална лента 

Вртливо копче за брза контрола 

Екран на горната страна

Главно вртливо копче 

Вртливо копче за брза контрола 1 

Вртливо копче за брза контрола 2 

Повеќенаменски контролор за AF

Главно вртливо копче 

Вртливо копче за брза контрола 1 

Вртливо копче за брза контрола 2 

Повеќенаменски контролор за AF 

Екран на горната страна

LCD-екран на допир со променлив агол

8 cm / 3,15 инчи 

LCD-екран со 2,1 M точки

7,5 cm / 3 инчи 

LCD-екран со 1,62 M точки

8 cm / 3,15 инчи 

LCD-екран со 2,1 M точки

Електронски визир

Тип 0,5 

OLED-екран со 3,69 милиони точки 

Растојание до окото од 23 mm / зголемување до 0,76x

Тип 0,5 

OLED-екран со 3,69 милиони точки 

Растојание до окото од 23 mm / зголемување до 0,76x 

До 120 fps

Тип 0,5 

OLED-екран со 5,76 милиони точки 

Растојание до окото од 23 mm / зголемување до 0,76x 

До 120 fps

Wi-Fi

Wi-Fi од 2,4 Ghz и Bluetooth™ 

FTP со додатокот WFT-E7 II

Wi-Fi од 2,4 Ghz и Bluetooth™ 

Внатрешен FTP

Wi-Fi од 5 Ghz и 2,4 Ghz, Bluetooth™ и изборен безжичен предавател WFT-E10 

Внатрешен FTP

Тежина на куќиштето (вклучувајќи батерија и мемориска картичка)

660 g
680 g
738 g

Отвори за картички

1x UHS-II SD
2x UHS-II SD

1x CFExpress 

1x UHS-II SD

Издржливост на батеријата

LP-E6N 

430 слики (режим за заштеда на енергија на EVF) 

450 (режим за заштеда на енергија на LCD-екранот) 

Полнење преку USB со PD-E1

LP-E6NH 

380 слики (режим за заштеда на енергија EVF) 

510 (режим за заштеда на енергија на LCD-екранот) 

Полнење преку USB со PD-E1

LP-E6NH 

320 слики (режим за заштеда на енергија EVF) 

490 слики (режим за заштеда на енергија на LCD-екранот) 

Полнење преку USB со PD-E1

[1] Централна точка, кога се користи со објективи со f/1,2 (освен со објективи за рамномерно дефокусирање), режим со една снимка

Комплети EOS R6 од Canon

EOS R6 од Canon е достапна како:


Само куќиште без објектив:

Опремен со RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

Canon EOS R6 in the hands of Wanda Martin

Запознајте се со системот EOS R

Системот EOS R ги наследува сите придобивки од системот EOS како и од својата палета објективи, нуди целосна компатибилност со постоечките објективи EF и EF-S преку адаптери, како и со палетата на блицеви и дополнителна опрема Speedlite.
Содржана на кутијата на EOS R6

Што содржи кутијата

  • Куќиште EOS R6

  • Капаче за фотоапарат R-F-5

  • Ремен ER-EOS R6

  • Полнач за батерии LC-E6E

  • Батерија LP-E6NH

  • Капак за батерија

  • AC-кабел

Препорачани објективи

Фотографирајте уште подобро со нашата палета на објективи RF наменети за фотоапарати без огледало за целосна слика од Canon. Ви нудиме избор на објективи RF што се идеални за употреба со EOS R6.

  • Широкоаголен објектив

    RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.
  • Широкоаголен примарен објектив

    RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

    Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Објективи RF

    RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • Макро објектив

    RF 100mm F2.8L Macro IS USM

    RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L.
  • Извонредно широкоаголен објектив со зум

    RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM

    Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење.
  • Објективи RF

    RF 24-70mm F2.8L IS USM

    Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка и стабилизација на слика со 5 чекори.
  • Објективи за EOS R

    RF 24-105mm F4L IS USM

    Лесен и разновиден објектив за зумирање од 24-105 mm со f/4 од серијата L со брз и тивок автоматски фокус и 5 чекори за стабилизација на сликата.
  • Објективи RF

    RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • Објективи RF

    RF 70-200mm F2.8L IS USM

    RF 70-200mm F2.8L IS USM е неопходен објектив од професионалното трио на објективи за зумирање и претставува совршен придружник за вести, спорт и патувања.
  • Објектив со телефото зум

    RF 100-400mm F5.6-8 IS USM

    Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења.

Слични написи

Разгледајте ги овие написи за да дознаете како EOS R6 од Canon се истакнува во толку многу области.

Еден фотоапарат за фотографии и видео

Освен фотографии со врвен квалитет, EOS R6 создава и извонредни видеоснимки.

Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални

EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark lll.

Фокусирајте го тоа што е најважно

Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега.

Дизајниран од Canon, за вас

Дизајнот на EOS R6 ќе ви изгледа познато уште од првиот момент.

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R

    Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  1. До прибл. 12 fps со AF/AE со следење* 

    Кога користите RF-објективи и одредени EF-објективи. Погледнете ја веб-страницата за поддршка на Canon за листа на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во 3 фази во зависност од видот на батеријата, преостанатата енергија во батеријата, бројот на батерии, објективот што се користи, температурата, поставката за вградениот Wi-Fi (вклучено/исклучено) и во зависност од тоа дали користите држач со батерија и WFT (само EOS R5), DC-приклучок или USB-адаптер за напојување. Покрај горенаведените фактори, максималната брзина на континуирано сликање може да се намали како резултат на брзината на блендата, апертурата, употребата на блицот, функцијата за намалување на треперењето, условите на субјектот, осветленоста (особено во темно место). 

    Електронска бленда: 

    До прибл. 20 fps со AF/AE со следење. Важи за одредени RF/EF-објективи кога решетката е целосно отворена. Посетете ја официјалната веб-страница на Canon за список на компатибилни објективи. Брзината на секвенцијалното фотографирање се разликува во зависност од брзината на блендата, поставката за решетката, состојбата на решетката при континуирано фотографирање, условите за фотографирање на субјектите, светлината (особено во затемнети услови) и видот на објективот, условите, светлината (особено во затемнети услови) и видот на објективот.

  2. * 8 чекори врз основа на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105 mm
  3. Најдобра стабилизација на слика во светот, прибл. 8,0 чекори* 

    Во групата на сите дигитални фотоапарати со заменливи објективи. Почнувајќи од 9 јули 2020 год. (истражено од компанијата Canon). Врз основа на стандардот CIPA, 8,0 чекори со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105 mm. Во зависност од периодот на купување, фирмверот на објективот треба да се ажурира. EOS R6 нуди исти перформанси за стабилизација на слика како и EOS R5