EOS R6 располага со технологии што ги вградуваме во нашиот најдобар фотоапарат EOS-1D X Mark III. CMOS-сензорот со 20,1 мегапиксели и процесорот DIGIC X работат заедно за да обезбедат одличен квалитет на слика, а големите пиксели на сензорот нудат идеална рамнотежа помеѓу резолуција, перформанси при слаба осветленост и динамички опсег што ќе ги разубави вашите фотографии. Без разлика дали снимате портрети, пејзажи, диви животни или патувања, EOS R6 создава слики со значително подобар квалитет.
Нивоата на дигитален шум се мали низ целиот стандарден опсег на ISO на фотоапаратот, со максимална чувствителност ISO 102.400 (може да се прошири до ISO 204.800), а тоа ќе ви помогне да снимате неверојатни слики дури и при недоволна осветленост. Широкиот динамички опсег ќе ви помогне да ги зачувате деталите во најсветлите и најтемните делови од сцената кога снимате во услови со голем контраст.
Одличен квалитет на слика во услови што не се идеални
Тоновите на кожата се сликаат во извонредни детали и суптилна боја, дури и во услови на слаба осветленост.
© Wanda Martin / Амбасадор на Canon
Canon EOS R6 слика неверојатни детали на осветлените области и оние под сенка, благодарение на високиот динамичен опсег на сензорот.
© Javler Cortes / Амбасадор на Canon
Моќна стабилизација на слика за нови начини на фотографирање
Фотоапаратот EOS R6 од Canon нуди вградена стабилизација на слика со пет оски (скратеница: IBIS) што нуди заштита од тресењето на фотоапаратот кога фотографирате со кој било објектив поставен на фотоапаратот. Сензорот нуди корекција на вртењето нагоре, надолу и странично и X-Y-корекција, така што режисерите и фотографите ги искористуваат придобивките од оваа нова корекција со 5 оски на објективите EF и RF. Меѓутоа, ако прикачите компатибилен RF-објектив со1 стабилизација на слика, комбинацијата од системот за стабилизација на фотоапаратот и на објективот го компензира движењето надолу и странично и создава систем за интелигентна стабилизација на слика што нуди нови нивоа на перформанси за обработка на слики.
Приклучокот за објективи RF има широк дијаметар што му овозможува на сензорот во фотоапаратот EOS R6 да навлезе уште повеќе во кругот на сликата што ја создава објективот. Како резултат на тоа, одредени објективи без оптичка стабилизација на слика може да ги искористат предностите на системот за стабилизација со максимум 8 чекори.
При користење на RF-објективи со стабилизација на слика1, вградената стабилизација на слика комуницира во реално време со помош на брза комуникација со приклучокот за работа и за ефективно коригирање на тресењето на фотоапаратот вклучувајќи го дишењето, пешачењето или држењето на фотоапаратот. Корекцијата на движењата со ниски и високи фреквенции на овој начин нуди нови нивоа на стабилност и овозможува неверојатна стабилизација со 8 чекори2.
Оваа слика со експозиција од четири секунди беше направена рачно, демонстрирајќи го извонредниот стабилизатор на слика, во комбинација со објективот RF 15-35mm f2,8L IS USM и неговата вградена стабилизација.
© Wanda Martin / Амбасадор на Canon
Нова генерација на датотеки со слики
Освен датотеки JPEG и CR3 RAW, EOS R6 од Canon сега може да снима и датотеки од следната генерација HEIF (High Efficiency Image Format). Датотеките HEIF нудат подобар квалитет од датотеките JPEG, а зафаќаат приближно иста големина и создаваат помалку артефакти. Форматот што е подготвен за иднината овозможува снимање со 10-битни бои за поголем динамички опсег и снимање HDR PQ-слики.
Компатибилноста на датотеките HEIF постојано се зголемува. Тие може да се уредуваат со добро познати апликации за обработка на слики преку вашиот компјутер/Mac, на ист начин како и датотеките JPEG. Датотеките HEIF може да се обработуваат и во самиот фотоапарат за да создадете стандардни JPEG-датотеки што потоа може да ги зачувате во SD-картичка.
Обработка на слика што ви нуди предности
Процесорот за слика DIGIC X на EOS R6 има важна улога во создавањето на импресивната брзина и квалитет на слика на фотоапаратот и им овозможува на фотографите да вршат напредна обработка на слика во самиот фотоапарат за време на фотографирањето или подоцна.
Фокусирајте го тоа што е најважно
„Навистина ме импресионираа перформансите на фотоапаратот при слаба осветленост - приказот на боите е извонреден. Боите ми се многу важни“.
Прилагодување на острината
Во менито за стилови на слика и во функцијата за внатрешна обработка на RAW-слики на фотоапаратот е додадена опција за острина. Таа го прилагодува микро контрастот во фотографиите и видеоснимките, подобрувајќи (или омекнувајќи) ги текстурата и острината на рабовите. Острината може да се прилагоди во ±4 чекори и е особено ефикасна за подобрување детали во пејзажите и подобрување или намалување на препознатливи карактеристики на лицето, како брчки, во портретите.
Дигитално оптимизирање на објективот
Технологијата за дигитално оптимизирање на објективот (DLO) што е вградена во фотоапаратот им помага на објективите да функционираат најдобро што можат преку намалување на ефектот на природни оптички феномени, како појава на рабови, намалување на светлината, па дури и мали ефекти на дефокусирање на оптичкиот нископропусен филтер на EOS R6. Резултатите се неверојатни и можат да се добијат во самиот фотоапарат (за време на фотографирањето или потоа) или за време на обработката по снимањето со помош на софтверот Digital Photo Professional. Достапни се две нивоа на DLO: стандардно и високо.
Проширен динамички опсег
Подобрените технологии за автоматска оптимизација на осветлувањето (ALO) и приоритет на најсветли тонови+ им овозможуваат на фотографите да снимаат датотеки JPEG и HEIF со проширен динамички опсег. Тоа е одлично за зачувување на деталите во осветлените површини и во темните сенки во сликите директно со фотоапаратот. Кога снимате портрети, лицата може лесно да ги осветлите преку самиот фотоапарат откако ќе ја снимите сликата, за да добиете одлични резултати.
Слични написи
Разгледајте ги овие написи за да дознаете како EOS R6 од Canon се истакнува во толку многу области.
- Освен RF 800MM F11 IS STM / RF 600MM F11 IS STM
- 8 чекори врз основа на стандардот CIPA со RF 24-105mm F4 L IS USM со фокусна должина од 105 mm