Canon EOS R7
Комбинација од технологија EOS R и дизајн APS-C во хибриден фотоапарат без огледало што е мал, брз и моќен.
Истражете го дивиот свет
Спецификации
-
Dual Pixel CMOS AF II
Автоматско фокусирање што препознава и следи луѓе, животни и возила
-
Континуирано фотографирање со брзина до 15 fps
Покрај тоа, снимање серии со брзина од 30 fps со електронската бленда на фотоапаратот4
-
Сензор со 32,5 мегапиксели и APS-C-големина
Идеална рамнотежа помеѓу резолуцијата, брзината и перформансите при слаба осветленост
-
Фокусирање при слаба осветленост од -5EV2
Прецизно фокусирање при услови на слаба осветленост
-
ISO 32000
Стандардна максимална чувствителност
-
Full HD до 120p
За извонредно рамномерни движења9
-
Заедничка стабилизација на слика
Стабилизација на слика во куќиштето и во објективот кои соработуваат за најмногу 7 чекори3 заштита од тресење на фотоапаратот
-
4K/60p
Снимање видео
-
EVF со 2,36 милиони точки
Со стапка на освежување до 120 fps10
-
Екран на допир од 7,5 cm со променлив агол и 1,62 милиони точки
Поинаков поглед на вашиот субјект
-
Процесор DIGIC X
Контрола со брз одзив и минимално доцнење на EVF
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО НОВИОТ ФИРМВЕР ЗА EOS R7 ВЕДНАШ
За повеќе информации и за преземање, ве молиме кликнете на линкот подолу.
Следното поглавје во дизајнот на APS-C-фотоапаратите
Новата генерација на автоматско фокусирање
Со AI со длабоко учење и препознавање субјекти
Со AI со длабоко учење и препознавање субјекти
Го опремивме EOS R7 со вештачка интелигенција со длабоко учење и AF со iTR-технологија, исто како и нашите фотоапарати EOS R3, EOS R5 и EOS R6. Тоа значи дека тој може да открива луѓе, животни и возила и да ги фокусира со голема острина каде и да се движат низ кадарот.
Автоматски фокус што ги надминува очекувањата
Фотографите на диви животни ќе го обожаваат препознавањето на птиците во лет, кои ќе останат јасни додека летаат низ пејзажот. Спортските фотографи ќе ја ценат можноста за следење луѓе кои се движат брзо и непредвидливо - дури и ако носат шлем, гледаат во друга насока или се превртени обратно.
Системот за фокусирање Dual Pixel CMOS AF II на EOS R7 ги покрива и следи субјектите на речиси 100 проценти од кадарот 1 и обезбедува брз, прецизен AF, дури и кога осветленоста е -5EV 2 или со максимална решетка од само f/22.
Ново ниво на стабилизација на слика
За 7 чекори на заштита од тресење на фотоапаратот3
Замислете си да можете да фотографирате долги експозиции рачно, а притоа намерно да ги заматувате субјектите во движење без да користите статив. Или, пак, да снимате извонредно рамномерни видеоснимки додека чекорите со фотоапаратот. Вградената стабилизација на слика (IBIS) кај EOS R7 нуди различни нови начини за креативност и може да направи да го преиспитате начинот на кој го користите вашиот фотоапарат и опремата.
Сликата е стабилна, дури и кога вие не сте стабилни
Системот за вградена стабилизација на слика на фотоапаратот соработува со оптичката стабилизација на слика што е вградена во многу од нашите објективи RF. Благодарение на извонредната брзина на комуникацијата на RF-приклучокот и физичката ширина, можни се до 7 чекори3 со RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM и до 8 чекори13 стабилизација со 5 оски со другите објективи RF, што овозможува стабилно рачно фотографирање со долга експозиција, без никакво тресење на фотоапаратот.
Кога фотографирате со објективи без стабилизација на слика (како што се брзите примарни објективи), широкиот приклучок за објективи на системот EOSR му овозможува на EOS R7 кој има вградена стабилизација на слика IBIS да обезбеди високоефикасна стабилизација од тресење на фотоапаратот.
Извонредно стабилни видеоснимки
За многу кратко време…
Брзина и перформанси што ќе ве воодушеват
Совршениот фотографски момент може да трае само дел од секундата, па затоа го дизајниравме EOS R7 да биде исклучително брз. Снимајте RAW, JPEG и HEIF-датотеки со брзина од неверојатни 15 fps6 - или до 30 fps4 кога ја користите тивката електронска бленда на фотоапаратот7 - со континуиран AF и AE што постојано реагира додека снимате. Максималната брзина на електронската бленда од 1/16.000 сек. открива детали што голото око често не ги регистрира.
Создаден за брзи реакции
Процесорот DIGIC X на фотоапаратот нуди брзо и прецизно ракување и речиси го елиминира доцнењето на визирот за да овозможи фотографирање со навистина брз одзив. Може да се снимат до 42 RAW-датотеки и 126 JPEG-датотеки во една серија од 30 fps.8
Течни движења, совршено доловени во видеоснимките
Кога снимате видеозаписи, достапна ви е стапка на слики до 60p во 4K и до 120p при снимање Full HD-снимки9. Доловувајте ги подвижните објекти со неверојатна прецизност и создавајте извонредно рамномерни ефекти на забавени движења во обработката по снимањето.
Следното поглавје во квалитетот на сликата.
Фотографии и видеоснимки што ги надминуваат очекувањата
Без разлика дали фотографирате или снимате, CMOS-сензорот со 32,5 мегапиксели и процесорот за слика DIGIC X на EOS R7 ќе ви обезбедат врвни резултати. Техничките предности на системот EOS R во комбинација со нашето искуство во оптика и дизајн на сензори ви нудат подобар квалитет на слика од кога било претходно.
Квалитет на слика што ги надминува очекувањата
Фотографиите се преполни со детали, бои и динамички опсег, дури и при слаба осветленост, благодарение на максималната чувствителност од ISO 32.000. Со прекумерно семплирање на излезниот сигнал во 7K од сензорот може да се добијат 4K-видеоснимки со извонреден квалитет, а Canon Log 3 обезбедува широк динамички опсег и голем број опции за уредување по снимањето.
Следниот голем чекор во дизајнот на EOS
Нови функции, инстинктивно користење
Преземете ги следните креативни чекори со фотоапарат што ви нуди нова технологија, но го задржува познатото чувство и инстинктивноста на вашиот DSLR-фотоапарат. Новиот дизајн со функции како избирач на комбинирани AF-точки и задно контролно тркалце го надополнува класичното ракување во стилот на EOS страниците на менито што веднаш ќе ги препознаете, така што уште на почетокот сè ќе ви изгледа препознатливо.
Предноста на APS-C
EOS R7 е создаден со сензор со APS-C-големина, затоа објективите нудат поголем телефото „опсег“ од истата фокусна должина на фотоапаратите за целосна слика. Помалиот формат на сензорот овозможува поголема преносливост на EOS R7, што е одлично за патувања низ дивината, фотографирање паради со авиони или доловување на случувањата од спортските терени.
Интегрирање и проширување
Кога станува збор за објективите, може да ги користите сите ваши постоечки EF и EF-S објективи со EOS R7 благодарение на адаптерите за монтирање објективи од Canon, со кои нивните перформанси ќе бидат такви какви што ги паметите - ако не и подобри, благодарение на подобрената функционалност на системот EOS R.
Може да го прилагодите EOS R7 според вашиот начин на работа. Прилагодливите копчиња и вртливи копчиња ги надополнуваат приспособливите режими на фотографирање и екранот Мое мени, што може да се програмира по желба.
„ДА ИМАТЕ ФОТОАПАРАТ СО БРЗИНАТА И ОПСЕГОТ НА СИСТЕМОТ R ВО КОМБИНАЦИЈА СО СЕНЗОР APS-C Е НЕВЕРОЈАТНО.“
Следниот збор на комуникацијата
Споделувајте, испраќајте, проследувајте и обработувајте
EOS R7 е фотоапарат со многу опции за поврзување и може да го користите заедно со вашиот паметен телефон, таблет-уред или компјутер преку апликацијата Canon Camera Connect. Bluetooth-врската со мала потрошувачка на енергија овозможува поврзување со вашиот паметен уред за да може да пребарувате, преземате и да споделувате слики и видеоснимки со целосна или редуцирана големина преку Wi-Fi, независно каде снимате. EOS R7 функционира и со iPhone11, така што може да го поврзете преку USB-C-кабел со голема брзина.
Прикажувајте им ги возбудливите настани на вашите следбеници на социјалните медиуми онака како што се случуваат или директно испраќајте слики до клиентите со кои професионално соработувате. EOS R7 овозможува дури и проследување видеоснимки во живо на YouTube5.
Започнете го процесот на уредување порано
Вградениот Wi-Fi ви овозможува независно поврзување со нашата онлајн услуга, image.canon, за беспрекорно директно префрлување12 на вашите фотографии и видеоснимки на услугите за складирање на Cloud и можност за нивно подоцнежно прегледување. Префрлете ги сите слики за тие да бидат подготвени кога ќе се вратите дома, или, пак, оценувајте, избирајте и пренесувајте ги само оние слики што ги претпочитате.
Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Што содржи кутијата
Сѐ што ви е потребно за да ги направите следните чекори во фотографирањето и снимањето видеозаписи.
-
Куќиште на EOS R7
-
Капаче за фотоапарат R-F-5
-
Ремен за фотоапарат ER-R7
-
Капаче за приклучок ER-SC2
-
Полнач за батерии LC-E6E
-
Батерија LP-E6NH
-
Капак за батерија
-
AC-кабел
-
Комплет со упатство за користење
Дополнителна опрема и објективи
-
RF-S 7.8mm F4 STM DUAL LENS
Доловете го вашиот свет во стереоскопски 3D со најновиот објектив за VR од Canon. -
RF-S 3.9mm F3.5 STM DUAL FISHEYE
Откријте го извонредниот потенцијал на 3D со нов APS-C VR-објектив. -
RF 200-800mm F6.3-9 IS USM
Моќен извонреден телефото објектив со зум и фокусна должина од 200-800 mm што е идеален за фотографирање спорт, диви животни и движења. -
RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM
Мал и неверојатно лесен објектив со зум од 24-50 mm од серијата RF што може да го користите секој ден за фотографирање патувања, пејзажи и многу повеќе. -
Speedlite EL-5
Моќен и напреден блиц со кратко време на обновување, одлична креативна контрола и неверојатни перформанси во секоја ситуација. -
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
RF 100mm F2.8L Macro IS USM
RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L. -
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM
Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење. -
RF 24-105mm F4L IS USM
Лесен и разновиден објектив за зумирање од 24-105 mm со f/4 од серијата L со брз и тивок автоматски фокус и 5 чекори за стабилизација на сликата.
Слични статии
Фотографирање на една од најбрзите мачки во светот
Дознајте како фотографот за диви животни Dani Connor го употреби EOS R7 од Canon за да го долови загрозениот Ибериски рис во неговото природно живеалиште.
Најдобри фотоапарати и објективи за фотографирање диви животни
Специјалистите за диви животни Markus Varesvuo, Marina Cano и Dani Connor откриваат која е нивната омилена опрема за снимање неверојатни слики од светот на природата.
EOS R7 или EOS R10: кој ви одговара повеќе?
Дознајте за главните сличности и разлики помеѓу APS-C-фотоапаратите од новата генерација, што се дел од палетата на фотоапарати EOS R без огледало.
Објаснување за APS-C-формат наспроти формат за целосна слика
Која е разликата помеѓу APS-C-фотоапаратите и фотоапаратите за целосна слика и кој е правилниот избор за вас?
Слични производи
-
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
Може да ве интересира и...
- Применливо кога кадарот на субјектот се прикажува при следењето и кога на фотоапаратот е прикачен компатибилен објектив додека целиот опсег на AF е активен или субјектот е откриен успешно во друг режим. За подетални информации за поддржаните објективи, погледнете го делот [Дополнителни информации] за EOS R7 на „cam.start.canon“.
- При фотографирање, со објектив со f/1,2, централна AF-точка, AF со една снимка, при 23°C/73°F, ISO100. Освен RF-објективи со слој за рамномерно дефокусирање
- 7 чекори врз основа на стандардот CIPA со RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM и фокусна должина од 150 mm
- Брзината на континуирано фотографирање може да биде помала во зависност од субјектот/условите за снимање, поставувањето на фотоапаратот, користениот објектив итн. Погледнете го напредниот водич за корисници за повеќе информации. За информации за објективи што ја поддржуваат максималната брзина на континуирано фотографирање со Servo AF, погледнете во делот „Дополнителни информации“ за EOS R7 на веб-страницата „cam.start.canon“. Во зависност од природата на субјектот или условите за снимање, може да настане изобличување предизвикано од вртењето на блендата.
- Услугата за проследување во живо на фотоапаратот поддржува само проследување во живо на YouTube. За да можете да ја користите услугата за проследување во живо, треба да се регистрирате на image.canon. Погледнете ги најновите предуслови на YouTube. Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, запре или прекине без претходно известување. Canon не презема одговорност за какви било услуги испорачани од трети страни, вклучувајќи ја и нивната дистрибуција во живо на YouTube.
- Брзината на континуирано фотографирање може да се разликува во зависност од различни услови, погледнете ги спецификациите за да дознаете повеќе информации.
- Можно е да се генерираат други звуци покрај звукот на блендата (решетката, звук од моторот за фокусирање на објективот и звук од електрониката итн.).
- Според стандардите за тестирање на Canon со UHS-II-картичка од 32 GB (при AF со една снимка, ISO 100, стандарден стил на слика), бројот на слики зависи од различните поставки и објективи што се користат. За подетални информации за поддржаните објективи, одете на „cam.start.canon“
- Во режим на видео со Висока брзина на кадри не се снима звук
- Максималната стапка на слики при AF, при половично притиснување на копчето за блендата или при континуирано фотографирање изнесува 59,94 fps. Имајте предвид дека стапката на слики на екранот може да биде помала во зависност од објективот што го користите и условите за фотографирање.
- Apple, Apple TV, Apple Watch, iPad, iPad Air, iPad Pro, iPhone и Lightning се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД. и други земји. tvOS е заштитен знак на Apple Inc.
- Автоматското префрлување слики при вклучување на фотоапаратот е можно кога е овозможена функцијата за автоматско праќање. Автоматското вчитување не се врши по снимање на секоја слика, туку при вклучување на фотоапаратот.
- Вртење странично/надолу, врз основа на стандардот CIPA, 8,0 чекори со RF 24-105mm F4 L IS USM и фокусно растојание од 105 mm. Во зависност од периодот на купување, фирмверот на објективот треба да се ажурира. За подетални информации за поддржаните објективи, погледнете го делот „Дополнителни информации“ за EOS R7 на веб-страницата „cam.start.canon“