Независно дали сте фотограф што сака да снима видеоснимки или, пак, сте видеограф што сака да фотографира, EOS R7 нуди резултати што ќе ве воодушеват. Овој вистински хибриден фотоапарат со едноставно преместување на преклопникот ви овозможува да избирате помеѓу фотографии и видеоснимки, но ги доловува истите извонредни детали, природни бои и рамномерни тонови независно од начинот на кој работите.
Едноставно кажано, EOS R7 ви дава слобода да раскажувате приказни на ваш начин.
Сензорот со 32,5 мегапиксели и APS-C-големина - дизајниран и произведен од Canon - создава совршена рамнотежа на детели, брзина и перформанси при слаба осветленост. Сликите со висока резолуција воодушевуваат кога ќе се отпечатат во голем формат или кога ќе се прикажат на екран со висока резолуција. Може и да се отсечат за време на уредувањето без забележлива загуба на квалитетот на сликата.
Квалитет на слика што ги надминува очекувањата
Слаба осветленост? Нема проблем
Кога ќе се стемни, EOS R7 продолжува да создава извонредни слики. Максималната чувствителност од ISO 32.000 (може да се прошири до ISO 51.200) гарантира дека може да се користат големи брзини на блендата за замрзнување на движењето дури и при слаба осветленост - совршено за вечерни спортски настани или фотографирање на однесувањето на животните кон крајот на денот.
Системот Dual Pixel CMOS AF II на фотоапаратот постојано ги следи субјектите, а неговата чувствителност овозможува сигурно и прецизно да фокусирате во темни услови и до -5 EV (или -3,5 EV во режим за видео)1. Практичната стабилизација на слика нуди дури 7 чекори2 на заштита од тресење на фотоапаратот кога се користи RF-S 18-150 mm F3,5-6,3 IS STM .
Избор на формати на датотеки
JPEG-датотеките се одличен избор кога ви е потребна датотека со мала големина и максимална компатибилност, но EOS R7 нуди уште еден избор: HEIF-датотеките (означува „многу ефикасен формат на слика“) нудат подобрен квалитет на слика за речиси истата големина, во споредба со JPEG. Исто така, нудат 10-битни бои што ги подобруваат динамичкиот опсег и градацијата на боите.
Кога квалитетот е најважен, префрлете се на RAW. EOS R7 нуди неколку опции, вклучувајќи 14-битни CR3 RAW-датотеки, C-RAW-датотеки што зафаќаат помалку простор со минимална загуба на квалитетот, како и секвенцијален режим за RAW. Достапен е и Dual Pixel RAW, што овозможува прецизна обработка на сликите по фотографирањето, со помош на нашиот софтвер Digital Photo Professional.
Работење со RAW
Достапен за бесплатно преземање, нашиот софтвер Digital Photo Professional (DPP) е целосно решение за обработка на RAW. Прегледувајте и избирајте слики, применувајте ги прилагодувањата и уредувањата, а потоа конвертирате ги вашите слики во JPEG, HEIF или TIFF-датотеки.
DPP ви овозможува да работите и со Dual Pixel RAW-датотеки и да правите микро прилагодувања на опции како што се ефектот на дефокусирање, точката на острина и одблесокот по снимање на сликата. Врвна контрола за совршен резултат.
Се користи посебен мрежен процесор за обработка на слики кој го зголемува квалитетот на сликата.
• Ситните детали се откриваат подобро благодарение на намалувањето на таканаречените „пикселизирани линии“
• Се намалува ефектот на заматување и погрешни бои
• Намалувањето на шумот го подобрува квалитетот на сликата при високи вредности за ISO
• Корекција на секое оптичко изобличување, како и ефектот на опаѓање или распрскување на светлината
Конвертираните слики се зачувуваат на Cloud или како JPEG-датотеки или HEIF-датотеки што може да ги преземете во вашиот компјутер или паметен уред.
Видеоснимки за големи и мали екрани
EOS R7 може да снима 4K-видео на неколку начини, со различни стапки на слики и методи на компресија. EOS R7 лесно се поставува да работи на начин кој ви одговара, благодарение на наменското и практично мени.
Резолуција |
Стапка на слики (fps) |
Компресија |
|
---|---|---|---|
NTSC |
PAL |
||
4K UHD (прецизно)
|
29,97
|
25,00 |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
4K UHD |
|
50,00 |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
29,97 |
25,00 |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
|
23,98 |
- |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
|
4K UHD (отсекување)7 |
59,94 |
50,00 |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
Full HD |
119,88 |
100,00 |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
59,94 |
50,00 |
||
29,97 |
25,00 |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
|
23,98 |
- |
IPB (стандардно) IPB (слабо) |
Кога фотографирате UHD 4K со целосна ширина на сензорот APS-C на фотоапаратот, достапни се стапки на слики до 60p. На овој начин движењето на подвижните објекти може да се репродуцира со рамномерна острина, а рамномерните ефекти на забавени движења може да се создадат при уредувањето.
Ако сакате најдобар квалитет на слика, пробајте го режимот EOS R7 4K Fine, кој прекумерно семплира 7K-податоци од сензорот на фотоапаратот за да создаде видеозаписи со 4K/30p и врвни детали. Тие изгледаат неверојатно кога ги репродуцирате на 4K-екрани и може да ги отсекувате при уредувањето доколку треба да ги прикажете со Full HD-резолуција. Има и наменски режим за отсекување 4K UHD, за да добиете поголем телефото опсег и да снимате Full HD-видео со стапки на слики до 120p.
Независно какви се вашите работни процеси со видео, EOS R7 совршено се вклопува во нив
Независно дали снимате брзи и спонтани видеоснимки за социјалните мрежи или прецизно испланирани снимки на сцена за краток филм, EOS R7 ќе ви испорача одлични резултати.
За сериозните независни сниматели, EOS R7 располага со Canon Log 3: намерно „рамен“ профил за бои што не само што ги задржува деталите во најсветлите и најтемните делови од сцената, туку и ја олеснува градацијата на боите на видеозаписот при уредувањето - задолжително за сериозна видеопродукција. Исто така, поддржани се BT709, BT2020 и просторите на бои Cinema Gamut.
EOS R7 поддржува и видеозаписи подолги од 30 минути - совршено за интервјуа или настани кога дејството се одвива во подолги временски периоди 3.
Стабилизацијата на слика на фотоапаратот, која е водечка во својата класа, е многу ефикасна кога снимате видеозаписи - совршена за документарни и филмски проекти со „брзо снимање“. Функцијата за автоматско нивелирање на фотоапаратот, благодарение на вградената стабилизација на слика, ви овозможува да добиете видеозаписи со прави хоризонти и професионален изглед.
EOS R7 располага и со приклучоци за микрофон и слушалки, за снимање и следење на звукот, како и HDMI-приклучок за надворешни снимачи и монитори.
А за оние кои сериозно создаваат содржини на социјалните медиуми, поддржано е вертикално снимање видео - идеално за кратки видеозаписи и приказни. EOS R7 поддржува и директно проследување во живо на YouTube4 и непречено се поврзува со вашиот паметен телефон, за лесно да ја доставите содржината таму каде што е потребно.
- При фотографирање, со објектив со f/1,2, централна AF-точка, AF со една снимка, при 23°C/73°F, ISO100. Освен RF-објективи со слој за рамномерно дефокусирање
- 7 чекори врз основа на стандардот CIPA со RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM и фокусна должина од 150 mm
- Макс. достапно време на континуирано снимање видео: нормално: 6 часа
видео со висока стапка на слики (Full HD 120/100 fps): 90 мин.
Ако внатрешната температура на фотоапаратот стане премногу висока, максималното време на снимање може да се намали.
4K 30p HQ: прибл. 60 мин. ако започнете на температура од +23°C.
4K 60p со отсекување: прибл. 60 мин. ако започнете на температура од +23°C. - Услугата за проследување во живо на фотоапаратот поддржува само проследување во живо на YouTube. За да можете да ја користите услугата за проследување во живо, треба да се регистрирате на image.canon. Погледнете ги најновите предуслови на YouTube. Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, запре или прекине без претходно известување. Canon не презема одговорност за какви било услуги испорачани од трети страни, вклучувајќи ја и нивното дистрибуција во живо на YouTube.
- Услугата ќе ја пуштиме во употреба на крајот од јули 2022 година и ќе треба да го ажурирате фирмверот на фотоапаратот
- RAW-сликите снимени во секвенцијален режим за RAW-формати не може да се развијат.
Cloud RAW image processing е платена услуга.
Потребно е да купите претплата преку Canon Imaging App Service Plans.
За повеќе детали посетете ја веб-страницата: https://sas.image.canon/ - Режимот за снимање во 4K со 60p ја отсекува хоризонталната површина на сликата до 55%.