Поврзете се со вашата публика

EOS R7 е фотоапарат со многу опции за поврзување што овозможуваат поврзување со Wi-Fi®-мрежи, паметни уреди и компјутери со Windows/Mac. Пласирајте ги вашите содржини таму каде што е потребно, со голема брзина, и уживајте во неверојатните опции за далечинска контрола на фотоапаратот.
EOS R7 од Canon - поврзете се со публиката

Работете додека патувате

EOS R7 и вашиот паметен телефон може да одржуваат „постојано активна“ Bluetooth®-врска со мала потрошувачка на енергија, за лесно и брзо поврзување со Wi-Fi®. Пребарувајте датотеки, преземајте и уредувајте слики и видеоснимки и споделувајте содржини на социјалните медиуми - сето тоа преку уредот што го држите во дланка. Работите професионално? На вашиот корисник може да му испраќате слики и видеоснимки со целосна големина или со помала големина преку апликацијата Canon Camera Connect и да ја надминете конкуренцијата.

Фотоапаратот може и независно да се поврзе на Wi-Fi®-мрежа, без потреба од паметен телефон. Оттука, сликите може да се префрлат на нашата интернет услуга image.canon каде се складираат на Cloud, подготвени за уредување и обработка по снимањето. Поставете го фотоапаратот да ги префрла сите слики или само оние означени како омилени.

Нова генерација на USB-C

И EOS R7 е опремен со USB-C 3.2 за фотографирање со голема брзина преку кабел со Apple iPhone1 преку неговиот приклучок Lightning или со компјутер/Mac во кој е инсталиран софтверот Canon EOS Utility.

Се вклучуваме во живо за 3, 2, 1…

Видеоблогерите ќе ја обожуваат способноста на EOS R7 да пренесува видеозаписи во живо со супериорен квалитет директно на YouTube - без потреба од компјутер2. За професионални резултати што ќе ги остават вашите следбеници прилично воодушевени, едноставно поврзете го фотоапаратот директно на Wi-Fi®-мрежата.

Штом се регистрираат на нашата услуга image.canon (користете телефон за скенирање на QR-кодот на задната страна на фотоапаратот), корисниците на EOS R7 можат да се поврзат со страницата YouTube со помош на услугата за препраќање податоци.

Бидејќи EOS R7 е опремен со излезен HDMI-приклучок, тој може и да проследува во живо преку HDMI-адаптери или, пак, можете да го користите вашиот компјутер/Mac што користи софтвер EOS Utility за да се поврзете на заеднички платформи за видеоконференции.

EOS R7 од Canon - снимање видеоблогови

Далечински управувана креативност

Независно дали вашиот EOS R7 е поврзан со вашиот паметен уред или компјутер/Mac, со него можете далечински да управувате, создавајќи нови можности за креативно фотографирање.

На локација

Апликацијата Canon Camera Connect ви нуди исклучителна далечинска контрола врз вашиот EOS R7. Гледајте го она што го гледа фотоапаратот, прилагодете ги поставките и снимете фотографии и видеоснимки со еден допир на екранот.

Ваквото работење ви овозможува да го оставите фотоапаратот на едно место додека вие фотографирате од друго, на пример, кога фотографирате автопортрети или групни фотографии. Исто така, ова е одличен пристап за фотографирање диви животни: поставете го вашиот EOS R7 во близина на местото што го посетуваат животните и фотографирајте од далечина за да не ги исплашите.

Во студиото

Кога фотографирате мртва природа, макро слики или фотографии од храна во контролирана средина на фотостудиото, со EOS R7 може да се управува од лаптоп или од компјутер во кој е инсталиран нашиот софтвер EOS Utility, Canon SDK (пакетот за развој на софтвер) или апликации од трети страни.

Гледајте го токму тоа што го гледа фотоапаратот на истиот екран што го користите за обработка на сликите по снимањето, а тоа ќе ви овозможи да добиете апсолутно совршена композиција. Прилагодете ги поставките на фотоапарат преку интуитивниот интерфејс на EOS Utility и снимајте фотографии што може да се зачуваат на картичка, во компјутер или на обете.

На филмска сцена

Додека снимате видеозапис, контролирајте го EOS R7 преку апликацијата и создавајте ефекти за кои е потребна цела филмска екипа. Како на пример, промена на рачниот фокус: само допрете го екранот на поврзаниот уред за да фокусирате нов субјект со фотоапаратот. Промената на фокусот ќе биде јасна и стабилна - исто како што можете да видите на кино.

Најновиот фирмвер

И фирмверот за EOS R7 може да се ажурира преку апликацијата Canon Connect, за да бидете во тек со најновите функции

  1. Apple, Apple TV, Apple Watch, iPad, iPad Air, iPad Pro, iPhone и Lightning се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји. tvOS е заштитен знак на Apple Inc
  2. Услугата за проследување во живо на фотоапаратот поддржува само проследување во живо на YouTube. За да можете да ја користите услугата за проследување во живо, треба да се регистрирате на image.canon. Погледнете ги најновите предуслови на YouTube. Проследувањето во живо на YouTube може да се промени, запре или прекине без претходно известување. Canon не презема одговорност за какви било услуги испорачани од трети страни, вклучувајќи ја и нивното дистрибуција во живо на YouTube.
  3. Услугата ќе ја пуштиме во употреба на крајот од јули 2022 година и ќе треба да го ажурирате фирмверот на фотоапаратот

Слични статии

Нова генерација на автоматско фокусирање

Го опремивме EOS R7 со вештачка интелигенција со длабоко учење и AF со iTR-технологија, исто како и нашите фотоапарати EOS R3, EOS R5 и EOS R6.

Брзина и перформанси

Совршениот фотографски момент може да трае само дел од секундата, па затоа го дизајниравме EOS R7 да биде исклучително брз.

Квалитет на слика

Без разлика дали фотографирате или снимате, CMOS-сензорот со 32,5 мегапиксели и процесорот за слика DIGIC X на EOS R7 ќе ви обезбедат врвни резултати.

Преминете на модел без огледало

Дали размислувате да набавите подобра опција од вашиот DSLR од Canon? EOS R7, чие ракување наликува на DSLR-фотоапарат, е опремен со нови технологии и ви нуди интуитивни контроли што ќе ви бидат добро познати.

Ново ниво на стабилизација на слика

Замислете си да можете да фотографирате долги експозиции рачно, а притоа намерно да ги заматувате субјектите во движење без да користите статив.

Добијте инспирација, пријавете се веднаш

Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.