Canon IXUS 190
Стилски и извонредно тенок фотоапарат со опции за поврзување и зум до 10x за едноставно фотографирање, прекрасни резултати и лесно споделување каде и да одите
Практично поврзување, врвен квалитет без напор и извонредно тенок стил
Овој IXUS со сензор од 20,0 мегапиксели е извонредно тенок, стилски и практичен за поврзување и овозможува полесно доловување и споделување на прекрасни фотографии и HD видеоснимки. Уживајте во едноставно насочување и фотографирање без напор, повеќенаменски објектив со зум до 10x и интелигентна стабилизација на слика
Canon има за цел да постигне нула нето емисии на CO2 од своите деловни активности до 2050 година
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Стил кој овозможува носење во џеб
Лесно снимајте прекрасни пејзажи и детали од далечни објекти со овој извонредно тенок IXUS со џебна големина и извонредно широк објектив со 10x оптички зум.
Висококвалитетни резултати
Уживајте во исклучителен квалитет, детални слики со 20,0 мегапиксели и ознаки за датум и интелигентна стабилизација на слика која автоматски ги изострува фотографиите и ги стабилизира видеоснимките.
Беспрекорно поврзување
Благодарение на одличните можности за безжично поврзување, фотоапаратот може брзо и лесно да го поврзете со паметен уред и да ја користите апликацијата Canon Connect за споделување на вашите снимки и за далечинско фотографирање.
Насочете, фотографирајте, создавајте
Само насочете и снимајте прекрасни фотографии или видеоснимки со едноставниот автоматски режим кој ги избира совршените поставки за фотоапаратот наместо вас, а потоа забавувајте се со едноставните креативни режими.
Забавни и едноставни HD видеоснимки
Снимањето врвни HD видеоснимки (720p) е забавно и едноставно со само едно притиснување на копче. Динамичкиот стабилизатор на слика ви овозможува да добиете остри фотографии и стабилни видеоснимки дури и при рачно снимање и зумирање.
Долготраен квалитет од Canon
Зумирајте до 20x со одличен квалитет
20 мегапиксели
Поврзете се на едноставен начин, а потоа споделувајте или правете резервни копии безжично
Едноставна и безгрижна контрола на фотоапаратот
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
Додавајте ознаки со датум на сликите
Разни ефекти за поголема креативност
Што содржи кутијата
Сè што ви е потребно за да добиете врвен квалитет без напор - треба да набавите само мемориска картичка и торбичка за носење
Дигитален фотоапарат IXUS 190
Ременче за на зглоб WS-800
Батерија NB-11L
Полнач за батерии CB-2LFE
AC кабел
Комплет со упатство за користење