Фотоапарати со Wi-Fi
Бидете поврзани кога сте во движење. Вчитувајте, печатете и архивирајте слики директно од вашиот фотоапарат или, пак, впарете го со вашиот smartphone уред или таблет уред заради моментално споделување.
Најдобар квалитет на слика со контрола во стил на DSLR што ќе ги задоволи дури и најголемите потреби на фотографите
Најдобрата серија G со најдобрите карактеристики од PowerShot и EOS
Одликувајќи се со легендарно наследство, врвниот модел G1 X Mark III нуди уникатна комбинација од брзината, квалитетот и отпорноста на DSLR уредите со практичното ракување на PowerShot уредите.
Компактната серија G на PowerShot се одликува со сензор со големина од најмалку 1,0 и извонредна обработка со DIGIC процесор за да ви обезбеди лесно достапни резултати со врвен квалитет.
PowerShot G1 X Mark II се одликува со голем сензор од тип 1,5 и остар и осветлен објектив за зумирање со f/2, за да снима слики со највисок квалитет и да понуди перформанси слични на DSLR како и разновидност.
PowerShot G3 X нуди комбинација од квалитет на слика со голем сензор од тип 1.0 и флексибилност при обликувањето на кадарот со објектив со 25x зум за да добиете неверојатни снимки одблиску и снимање прекрасни видеоснимки.
Брзата и осветлена оптика во комбинација со сензорите со голема чувствителност и моќните процесори DIGIC ќе ви помогнат да фотографирате при слаба осветленост.
DIGIC 7 нуди професионален квалитет на слика и користи извонредно брз AF и внатрешна обработка и корекција на слики во стил на EOS. Тој нуди и напредно откривање на објекти за подобро следење, како и подобра стабилизација со Dual Sensing IS.
Уживајте во целосната креативна слобода - од обликувањето на кадарот па сè до уредувањето. Нашите компактни фотоапарати со голем сензор се одликуваат со прилагодливи контроли кои нудат директен пристап до практични функции, како и напредни функции за поддршка на RAW фајлови и вграден оптички ND филтер.
Создавајте прекрасни видеоматеријали во Full HD и добивајте стабилни резултати дури и кога трчате благодарение на стабилизацијата на слика за видео со 5 оски. G1 X Mark III со Dual Pixel CMOS AF нуди рамномерен и прецизен фокус и прецизно следење на објектите додека се движат низ кадарот.
Користете ја опцијата за постојано активен Bluetooth®* за да го будите вашиот фотоапарат преку паметен телефон и да го следите патувањето со GPS преку мобилен уред. Фотографирајте далечински со целосна рачна контрола користејќи го вашиот паметен телефон преку Wi-Fi, печатете слики и архивирајте ги директно во услугата Cloud.
Ви нудиме палета на специјална дополнителна опрема за да ја зголемите вашата креативност, како и компатибилност со друга дополнителна опрема како што се блицовите Speedlite од Canon што нудат уште поголема уметничка моќ.
Извлечете максимум од вашиот компактен фотоапарат од Canon со помош на дополнителна опрема, почнувајќи од сенила за објективи и адаптери за филтри па се до меки торбички и многу повеќе.
Бидете поврзани кога сте во движење. Вчитувајте, печатете и архивирајте слики директно од вашиот фотоапарат или, пак, впарете го со вашиот smartphone уред или таблет уред заради моментално споделување.
Зачекорете подлабоко во снимањето на фотографии и видео записи и запознајте се со напредните функции кои ќе ви помогнат да снимате уникатни и прекрасни слики.
Нашите компактни фотоапарати за патувања се практични за носење и опремени со моќен оптички зум и ви овозможуваат да снимате и споделувате спомени од патувањата со врвен квалитет.
* Постојаното одржување на активна врска помеѓу паметниот уред и фотоапаратот преку Bluetooth® треба да се постави во апликацијата Canon Camera Connect. Стабилноста на Bluetooth® врската зависи од моделот на паметниот уред и други фактори во опкружувањето. Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth® SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Компатибилните паметни уреди треба да имаат Bluetooth® верзија 4 (или понова), да користат iOS 8.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов) и да ја имаат инсталирано најновата апликација Canon Camera Connect (достапна од Apple App Store или Google Play store).
Сите функции не се достапни кај сите фотоапарати.