Куќиште на фотоапарат
Сензор
Објектив
Процесор за слика
Поврзување
Континуирано фотографирање
Видеозаписи
Звук
Проследување
Екран
Бленда
Дополнителни функции
Издржливост на батеријата
Димензии
Тежина
Идеален е за видеоблогери, блогери, проследување во живо, видеоконференции и за сите кои објавуваат содржини на интернет. PowerShot G7 X Mark III ќе ви помогне да изгледате најдобро од сите со извонредни 4K-видеозаписи, голем сензор од тип 1,0 и фотографии со 20,1 мегапиксели - сето тоа сместено во уред со неверојатно пренослив дизајн што може да го носите насекаде.
Проследувајте интересни содржини во живо. Комуницирајте со пријателите и семејството преку видеоконференции. Снимајте видеоблогови што ги надминуваат очекувањата и квалитетот што сте навикнати да го добивате од вашиот паметен телефон. Неверојатни 4K-видеоснимки, раскошни фотографии од 20,1 мегапиксели и фотографирање со голема брзина што ги замрзнува краткотрајните моменти.
Погледнете ги сите спецификацииСнимајте пејзажи со 4K-острина. Снимајте спортови со забавени движења и големи стапки на слики до 120 fps. Поврзете надворешен микрофон за да снимате кристално јасен звук за вашите видеоблогови за патувања. Проследувајте во живо со неверојатен квалитет додека играте игри и добијте подобра веб-камера за деловни видеоконференции. Можностите со PowerShot G7 X Mark III се неограничени.
PowerShot G7 X Mark III ви овозможува да бидете креативни на полесен начин. Без разлика дали снимате портрети, автопортрети, панорами или храна, сензорот со 20,1 мегапиксели ќе ви понуди извонредни резултати.
Привлечете го вниманието на вашата публика со мала длабочина на полето што ќе го нагласи вашиот субјект. Видеоснимките и фотографиите снимени при слаба осветленост се полни со детали и амбиентално чувство.
Најновиот фирмвер нуди нов автоматски режим за видео што е идеален за снимање видеоблогови, со прецизно прилагоден автоматски фокус и автоматска експозиција. Mаркерите во вид на црно-бели ленти и маркерите за сооднос на видео на екранот, како и либелата во режимот за следење лица, се исто така нови и идеални за напредна контрола.
Оваа цел ќе ја постигнеме со просечна годишна стапка на подобрување од 3% на индексот за подобрување на емисиите на CO2 по производ. Доколку ја одржуваме стапката на подобрување, тоа би значело приближно 50% намалување на нивоата од 2008 година до 2030 година. Ова е во согласност со нивото на намалување утврдено со Парискиот договор.
Ќе продолжиме да ја ревидираме целта од долгорочна перспектива како начин на проверка на нашиот придонес за реализација на општество со мало ниво на емисии на јаглероден диоксид.
Интуитивниот екран на допир се врти за да го олесни снимањето на видеоблогови и автопортрети. Прилагодете го нивото на контрола (многу или малку) по ваша желба со приспособливите контроли што се лесни за користење.
Впарете го PowerShot G7 X Mark III со вашиот паметен телефон или таблет-уред за полесно споделување содржини на интернет. Користете ја апликацијата Canon Camera Connect за да можете сами да се снимате или фотографирате.
Брзиот процесор DIGIC 8 ви овозможува да снимате фотографии со брзина до 30 fps - дури и во форматот RAW што нуди најголема флексибилност за уредување по снимањето.
Раскажете ја вашата приказна со видео
Порамномерни и подетални забавени движења
Широкоаголен зум и f/1,8-2,8 во компактно куќиште
За врвен квалитет на слика
За автопортрети и фотографирање од низок агол
Постојано активна врска со вашиот паметен уред
Поврзете го во мрежа и проследувајте во живо на вашиот канал на YouTube
Практично полнење каде и да сте
Дознајте како PowerShot G7 X Mark III може да ви помогне да ја разбудите вашата креативна страна.
Ѕвездата на YouTube, „MikeVisuals“, открива како создава интересни видеоблогови со компактниот фотоапарат PowerShot G7 X Mark III од Canon и ги споделува неговите најдобри совети за снимање видеоблогови.
Сè што ви е потребно за доловување прекрасни детали додека патувате - додајте само мемориска картичка и торбичка за фотоапарати
Дигитален фотоапарат PowerShot G7 X Mark III во црна боја
Ременче за на зглоб WS-DC12
Батерија NB-13L
Полнач за батерии CB-2LHE
AC кабел
Комплет со упатство за користење
Бидете храбри. Изразете се. Бидете оригинални. Покажете ни го животот преку вашиот објектив. Без разлика дали преку фотографии, отпечатени материјали или видеоснимки, ние сакаме да ја видиме вашата уникатна перспектива на светот.