Canon Адаптер за повеќефункционален приклучок AD-E1
Приклучете го вашиот Speedlite-блиц со стандарден приклучок во најновите фотоапарати од серијата EOS R на Canon користејќи го овој практичен адаптер за приклучок за блицови.
Приклучете, приспособете, создавајте
AD-E1 е адаптер за повеќефункционален приклучок што овозможува прикачување Speedlite-блицови со стандарден приклучок и заштита од лоши временски услови на фотоапарати со повеќефункционален приклучок, нудејќи заштита од навлегување прав и вода.
Погледнете ги сите спецификацииПриклучете стандардни Speedlite-блицови
Поврзете го адаптерот за повеќефункционален приклучок AD-E1 со Speedlit-блицови опремени со 5-пински приклучок со заштита од лоши временски услови, а потоа користете ги со најновите фотоапарати од серијата EOS R опремени со повеќефункционален приклучок и добијте максимална контрола.
Може да се користи во секакви временски услови
Одликувајќи се со иста заштита од лоши временски услови како најновите Speedlite-блицови, адаптерот за повеќефункционален приклучок AD-E1 ќе го заштити повеќефункционалниот приклучок од навлегување на вода и прав благодарение на стандардот за заштита од лоши временски услови JIS 2.
Сигурно прикачување со заклучување
Прикачете го адаптерот за повеќефункционален приклучок AD-E1 и заклучете го во повеќефункционалниот приклучок на фотоапаратот со помош на рачката за заклучување.
Не се потребни батерии
Адаптерот за повеќефункционален приклучок AD-E1 се напојува директно од фотоапаратот кога е поврзан со него, за да ви овозможи попрактично користење и можност да се концентрирате на сликата.
Мал, дискретен и лесен
Адаптерот за повеќефункционален приклучок AD-E1 е лесен и компактен и тежи само неколку грама.
Спецификации
-
Конструкција отпорна на лоши временски услови
Стандард за отпорност на прав и капки вода JIS 2
-
Мал и лесен
Вреден додаток што може да го носите насекаде
-
Дизајн со можност за заклучување
Цврсто и сигурно прикачување
-
Без батерии
Се напојува директно од фотоапаратот
Што содржи кутијата
-
Адаптер за повеќефункционален приклучок AD-E1
-
Капаче за приклучок
Слични производи
-
Професионален блиц
Speedlite EL-1
Напреден Speedlite што обезбедува врвна сигурност и напредни перформанси со голема брзина во куќиште отпорно на временски услови. -
Безжичен предавател
Speedlite Transmitter ST-E3-RT (Ver.2)
Активирајте компатибилни Speedlite блицеви со радиофреквенции на растојанија до 30 m. Дополнителни далечински функции на EL-1.