Одржливост во Canon
Го трансформираме начинот на кој работиме и произведуваме за да создадеме поодржлив свет за луѓето и за нашата планета.
Исто така, посветени сме да бидеме одговорен партнер на нашите потрошувачи со тоа што ќе им помогнеме да ги исполнат нивните цели за одржливост.
Намалување на CO2
Нашата цел е да постигнеме нула нето емисии на јаглерод диоксид до 2050 година, во согласност со парискиот договор. Тоа вклучува доследно делување низ целото наше деловно работење, почнувајќи од операциите, производството и транспортот, па сè до дизајнот и пакувањето на производите.
Поставивме краткорочни цели за 2030 година и ги испративме во SBTi (Science Based Targets initiative) заради транспарентност и верификација.
Кружно деловно работење
Нашата амбиција е да воспоставиме кружно деловно работење. На тој начин сите производи и материјали се дизајнираат, создаваат, употребуваат повторно, поправаат и рециклираат во затворен циклус.
Користејќи иновативно производство, ние го намалуваме создавањето отпад и придонесуваме за подолга употреба на нашите производи и материјали.
Образовни и младински програми
Младите заслужуваат и треба да го дадат својот глас во обликувањето на иднината на нашиот свет.
Ги охрабруваме младите да ги споделуваат своите приказни преку слики во соработка со невладините организации (НВО) и со поддршка од амбасадорите на Canon како партнери за спроведување на програмата.
Поддржување на локалните заедници
Нашите активности за одржливост се фокусираат и на иницијативи за создавање позитивни општествени и еколошки влијанија во локалните заедници.
Реставрација на драгоцени спомени
Дознајте за проектот чија цел е да им помогне на жртвите во Белгија преку поправка на нивните слики оштетени од вода.
Разговарајте со нашиот тим за одржливост
Партнерства и програми
Ние соработуваме со нашите потрошувачи и деловни и индустриски партнери за да придонесеме во создавањето позитивни придобивки за заштита на климата.
Мала шума
Мали парцели насекаде во Обединетото Кралство се трансформираат во таканаречени „мали шуми“, како дел од проектот организиран од страна на Earthwatch Europe, што Canon гордо го поддржува.
Coral Spawning Lab
Coral Spawning Lab, заедно со меѓународни партнери, води иновативен истражувачки проект за репродукција на корали за да развие техники за стимулација на репродукцијата на коралите. Тие сакаат да го развијат ова научно истражување што е водечко во светот, за да добијат еколошки придобивки во пракса. Со нивната работа, тие ќе ги спасат загрозените корали, ќе ги заштитат коралните гребени во светот и ќе ги обучат конзерваторите.