Canon 10x30 IS II
Пренослив двоглед со доближување до 10x за удобно и лесно гледање птици.
10x30 IS II
Пренослив двоглед со доближување до 10x и стабилизација на слика кој е идеален за патувања, гледање птици и спорт
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Приближете се 10x поблиску до далечните објекти, независно каде се наоѓате
-
Неверојатно стабилен приказ со моќна оптичка стабилизација на сликата
-
Прецизна оптика од Canon за висока резолуција и прецизни бои
-
Добро урамнотежен дизајн со гума за издржливост и удобност
-
Идеален за гледање птици, патување и спорт
Детални карактеристики
-
Приближете се 10x поблиску до далечните објекти, независно каде се наоѓате
Компактен, лесен и практичен двоглед кој ве доближува 10x поблиску до далечните објекти со остар и јасен приказ. Практичен за носење насекаде и идеален за патување, гледање птици и многубројни спортови.
-
Неверојатно стабилен приказ со моќната оптичка стабилизација на сликата
Моќната оптичка стабилизација на сликата брзо и прецизно ги елиминира различните видови на тресење и движења. Таа го елиминира дури и тресењето предизвикано при странично поместување доколку вашиот објект го следите или гледате од возило во движење. Значително помалата потрошувачка на енергија овозможува континуирано користење до 9 часа со еден пар батерии*.
-
Прецизна оптика од Canon за одлична слика со висока резолуција
Уживајте во одличен квалитет со висока резолуција и мало изобличување, благодарение на прецизната оптика од Canon. Оптиката се одликува со Super Spectra слој кој се вградува во препознатливата палета на EF објективи од Canon и кој овозможува добивање на живописна слика со голем контраст и прецизен приказ на бои, а истовремено ги елиминира несаканите внатрешни рефлектирања кои предизвикуваат привидни облици и одблесоци.
-
Прекрасно видно поле од едниот крај до другиот
Уживајте во прекрасно видно поле со јасен и рамен приказ со мало изобличување низ целата површина, благодарение на оптиката за израмнување на поле и призмата Porro II. Гледајте го целото видно поле со растојание од окото до објективот од 14,5 mm кое е идеално доколку носите очила.
-
Дизајниран за практичност, издржливост и удобност
Дизајниран со извонреден држач и големи гумени заштитници за очи за удобно и добро урамнотежено гледање, практично поставено копче за стабилизација на сликата и рамномерно прилагодување со прстенот за фокусирање кои овозможуваат едноставна и практична контрола која е лесно достапна и за двете раце, како и надворешна површина која спречува рефлектирање и преден дел кој не сјае за да не ги вознемирувате птиците и другите животни во дивината.*Тестирано според стандардите на Canon, погледнете ги спецификациите за повеќе информации