Canon XA20

Извонредно компактна и професионална видео камера од основна класа со ненадминати перформанси

Придобивки

  • Објектив од 26,8mm со f/1,8-2,8, 20x зум и динамичка OIS

  • 1/2,84” HD CMOS Pro

  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”)

  • Снимање во два формати; DIGIC DV 4

  • EVF со 1,56m точки, закосување до 45°

  • Забрзано/забавено движење

  • Вградена лампа со инфрацрвени зраци

  • 2x XLR влезови

  • Вграден Wi-Fi

Детални карактеристики

  • Широкоаголен HD видео објектив со 20x зум од Canon

    Снимајте повеќе од кога и да било, благодарение на новиот неверојатен широкоаголен објектив од 26,8mm на XA20. Зумирањето до 20x ве приближува до случувањата, а динамичката оптичка стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. Максималната решетка од f/1,8, ирисот со 8 сечила и технологијата EDM овозможуваат прекрасни ефекти на заматување.

  • 1/2,84” HD CMOS Pro сензор

    Со број на ефективни пиксели од приближно 2,91 мегапиксели, новиот HD CMOS сензор од Canon обезбедува неверојатен квалитет на слика – дури и при слаба осветленост – како и исклучителен динамичен опсег и реалистична репродукција на бои.

  • OLED екран на допир од 8,77cm (3,5”) и EVF со можност за закосување

    И покрај неговата компактна големина, XA20 овозможува висококвалитетно набљудување. OLED екранот на допир со резолуција од 1,23 милиони точки нуди подобро време на одзив, дефиниција, контраст и репродукција на бои во однос на еквивалентните LCD екрани. Електронскиот визир од 0,61cm (0,24”) и резолуција од 1,56 милиони точки може да се заврти до 45° за да овозможи снимање од различни позиции.

  • Снимање во два формати

    Процесорот DIGIC DV 4 од новата генерација ги зголемува вашите опции. Можете да снимате AVCHD видео со брзина до 28Mbps и 1080/50P формат, а достапен е и режим за снимање на MP4 со брзина од 35Mbps и 1080/50P формат кој нуди максимален квалитет. Присуството на два отвора за SDXC/SDHC мемориска картичка овозможува истовремено снимање¹ на висококвалитетни HD фајлови и MP4 фајлови со помала резолуција кои овозможуваат полесен пренос на фајлови – идеално за брзо префрлување на снимениот материјал. Опциите за снимање на забрзани и забавени видео снимки се достапни во режимот за снимање на MP4.

  • Професионален звук

    XA20 се одликува со сеопфатна контрола на звук. Двата XLR влеза овозможуваат професионално поврзување, а достапни се и опции за снимање на Linear PCM и Dolby Digital². Достапни се и вграден микрофон и 3,5mm влезен приклучок.

  • Снимање со инфрацрвени зраци

    Благодарение на изворот на инфрацрвена светлина кој е вграден во рачката, оваа камера може лесно да се користи за време на ноќта или во услови со слаба амбиентална светлина – идеално за снимателите на животот во дивината.

  • Вграден Wi-Fi, компатибилност со GPS

    Префрлувајте го снимениот материјал безжично преку телефон или таблет уред со iOS или, пак, преку FTP со брзина до 150 Mbps³. Контролирајте ги функциите на камерата преку уреди кои поддржуваат Wi-Fi – не се потребни дополнителни апликации. Можете да снимате податоци за локација со помош на изборен дополнителен GPS уред.

  • Компактно и лесно куќиште

    Оваа дискретна камера е идеална за снимање во затемнети или затворени опкружувања, а нејзиното лесно куќиште го намалува заморот при рачно снимање во долги временски периоди.¹Истовременото снимање не е достапно во режим на снимање со 1080/50P²Аудио форматот Linear PCM е достапен само во режим на снимање на AVCHD формат со 28Mbps³За пренос на фајлови преку FTP е потребна пристапна точка за безжичен интернет

Спецификации

  • Full HD

  • Видео објектив за HD

  • Широкоаголен објектив

  • 20x оптички зум

  • Стабилни снимки во секоја прилика

  • Стабилно фотографирање во движење

  • Врвно фотографирање при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

  • Кружен отвор на бленда со 8 сечила

  • Снимање на AVCHD со 28Mbps

  • Снимање на MP4 со 35 Mbps

  • Совршен звук кој одговара на сцената

  • Професионален звук

  • Органски LED екран на допир од 8,8cm

  • Два отворa за SDXC картички

  • Моментален автоматски фокус

Што содржи кутијата

  • XA20 HD видео камера

  • Сенило на објектив со вградено капаче за објектив

  • Софтвер

  • Далечинска контрола

  • Држач за микрофон

  • Горна рачка

  • Батерија BP-820

  • Кабел за напојување со енергија

  • Адаптер за напојување со енергија/полнач за батерии

  • HDMI кабел

  • USB кабел

  • AV кабел