Canon XC10

Неверојатно снимање во 4K и прекрасни слики во една динамична видео камера која се држи со една рака.

Придобивки

  • CMOS сензор од 1,0"

  • Снимајте 4K видеоматеријали со најмногу 305 Mbps/4:2:2/8 бита со кодекот XF-AVC H.264 од Canon

  • Фотографии од 12MP или слики од 8,29MP извлечени од 4K видеоснимки

  • Canon Log и широка DR гама

  • Внатрешно снимање во 4K на CFast 2.0™ картичка

  • Максимално ISO до 20.000, плус вграден ND филтер

  • 10x зум со оптичка стабилизација на сликата

  • Компактен и ергономски дизајн со визир со лупа

  • Снимање забавени и забрзани видеоснимки

  • Wi Fi далечински управувач

Детални карактеристики

  • CMOS сензор од 1,0 инч

    Големиот CMOS сензор од 1,0 инч од Canon е оптимизиран да обезбеди слики со висока резолуција, голема чувствителност и мал шум и при снимање и при фотографирање. Малата длабочина на полето го зголемува вашиот избор на креативни опции.

  • Креативна флексибилност

    Уживајте во палета на креативни опции за висококвалитетно снимање со кодекот XF-AVC H.264 од Canon кој има разновидна примена. Снимајте неверојатни 4k видеоснимки со најмногу 305 Mbps/4:2:2/8 бита, за едноставна интеграција во постоечките 4K работни процеси или снимајте висококвалитетни и долготрајни Full HD видеоснимки со 50Mbps/4:2:2/8 бита.

  • Фотографии со висока резолуција и снимање 4K видео записи

    Доловувајте прекрасни фотографии со висока резолуција од 12 мегапиксели на едноставен начин и одлучете како ќе изгледаат и како ќе се снимаат со избирање на една од многубројните функции за различен изглед и прилагодување. Исто така, можете да ги извлечете и зачувате најдобрите кадри од 4K видеоснимките со снимање фотографии од 8,29 мегапиксели.

  • Простор за манипулација

    За да добиете максимална слобода при обработката по снимањето, вградениот Canon Log Gamma обезбедува висококвалитетни слики со максимум 12 чекори за динамичкиот опсег. Од друга страна пак, широката DR гама често овозможува широк динамички опсег од 800% за кој не е потребна обработка по снимањето, што е идеално решение кога е потребен едноставен/брз работен процес.

  • Внатрешно снимање на неверојатни 4K слики

    Снимајте неверојатни 4K видеоснимки со висока бит-стапка во внатрешната мемориска картичка CFast 2.0™ и Full HD видеоснимки или фотографии во посебна внатрешна SD картичка. Искористете ја огромната моќ за снимање 4K слики од Full HD видео записи, со поголем квалитет и значително појасни резултати, благодарение на обработката со прекумерно семплирање во HD.

  • Врвни перформанси при секакви услови на осветлување

    Снимајте видеоснимки со мал шум во секаков вид на тешки ситуации за снимање, благодарение на високата вредност на ISO до 20.000 која овозможува зголемена чувствителност и одлични перформанси при слаба осветленост. Вградениот ND филтер дополнително ја подобрува контролата на експозицијата при силна светлина или кога треба да се користи поширока решетка.

  • 10x зум со оптичка стабилизација на сликата

    XC10 е опремена со објектив со 10x оптички зум кој е оптимизиран за снимање во 4K. Објективот располага со посебни прстени за рачна контрола за избирање на фокусот и зумот и се одликува со комбиниран систем за оптичка и електронска стабилизација на сликата со цел да обезбеди јасни и стабилни слики при рачно фотографирање или при снимање во движење (електронската стабилизација на сликата не е достапна за сите режими за фотографирање).

  • Компактен и ергономски дизајн, надополнет со визир со лупа

    Компактната, лесната и ергономски дизајнираната XC10 се одликува со ротирачки држач за рака и голем LCD екран со променлив агол за да можете да снимате од многу различни агли на едноставен начин. Висококвалитетниот капацитивен екран на допир овозможува лесен пристап и контрола на режимите за снимање и менијата. За поудобно снимање на ниво на очите или за снимање при силна светлина, се испорачува оптички визир.

  • Снимање забавени и забрзани видеоснимки

    Зголемете ги вашите креативни опции со висококвалитетно забавено снимање со брзина од 1/4 (HD видеоснимки) или снимајте забрзани движења со максимална брзина од 1200x (за 4K видеоснимки).

  • Wi Fi далечински управувач

    Вградениот Wi Fi ви овозможува да ја контролирате камерата далечински преку веб-пребарувач, паметен телефон или таблет-уред - идеално кога снимате со дрон или кога камерите се поставени на незгодни местаCanon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFast 2.0™, кој може да биде регистриран во различни судски надлежности.

Што содржи кутијата

  • Куќиште на камера

  • Визир

  • Сенило на објектив

  • Батерија LP-E6N

  • Компактен адаптер за напојување CA-570

  • Далечински управувач RC-6

  • Ремен за преку рамо

  • HDMI кабел со голема брзина HTC-100/S

  • Кабел за интерфејс IFC-300PCU/S