Canon XF200
Со врвниот квалитет на сликата и разновидноста на снимањето во два формати, XF200 е идеална за секој корисник.
Компактна и целосно опремена видео камера која ви овозможува да снимате и споделувате неверојатни слики
Нудејќи комбинација од врвен квалитет на слика со безбедност и можност за снимање во два формати, XF200 е дизајнирана за создавање на HD содржини. Компактна, стилска и идеална за секакви корисници.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Широкоаголен објектив со 20x зум и f/1,8 за неверојатни снимки на голема оддалеченост
-
HD CMOS Pro сензорот нуди исклучителен квалитет на слика, дури и при недоволна светлина
-
Компактен и лесен дизајн, ракување со 3 прстени на објективот и ротирачки држач
-
OLED екранот и визирот со резолуција од 1,23m точки нудат прецизно набљудување
-
Споделувајте содржини на едноставен начин преку вградениот Wi-Fi или Ethernet. Снимајте прокси фајлови директно во други уреди
-
Снимање во два формати: стандарден MPEG2 кодек со 50Mbps, плус снимање MP4 во HD или SD
-
Широката DR гама помага да се избегнат преголеми експозиции
-
Снимање на звук со 4 канали. 2 XLR влезови
-
Режим на снимање со инфрацрвени зраци, со помош на напредна IR лампа
-
Снимајте податоци за GPS локации (изборна дополнителна опрема)
Детални карактеристики
-
Напреден систем за обработка на слика од Canon
XF200 се одликува со напреден систем за камери кој овозможува снимање на исклучителни слики и се одликува со брз одзив за да може да се справи со сите видови на фотографирање. Широкоаголниот објектив од 26,8mm со 20x зум ве приближува до случувањата, а динамичката оптичка стабилизација на слика врши компензација за тресењето во 5 насоки со цел да ви обезбеди неверојатно стабилни слики. HD CMOS Pro сензорот од Canon работи заедно со процесорот DIGIC DV 4 за да обезбеди неверојатен квалитет на слика – дури и при слаба осветленост – како и исклучителен динамичен опсег и реалистична репродукција на бои. Широката DR гама помага во намалување на преголемите експозиции, а режим на снимање со инфрацрвени зраци овозможува едноставно користење на камерата во темнина - идеално за сниматели на животот во дивината.Квалитетот на сликата е надополнет со напредни функции за звук, со поддршка за снимање на 4-канален Linear PCM звук.
-
Удобна и прецизна контрола
XF200 има компактна големина, ненаметлив дизајн и нуди задоволство при користењето, благодарение на начинот на ракување со 3 прстени на објективот и ротирачкиот држач, а нуди и опции за набљудување со извонредно висок квалитет. OLED екранот со резолуција од 1,23m точки е практичен за гледање, дури и при силна сончева светлина, нуди пократко време на одзив, подобра резолуција, контраст и репродукција на бои од LCD еквивалентите. Големиот EVF од 1,14cm (0,45”) со резолуција од 1,23m точки може да се заврти за 68° за да овозможи снимање од различни позиции.
-
Разновидни опции за снимање
Функцијата за снимање во два формати кај XF200 нуди флексибилност, брзина и безбедност на податоците. Видео материјалите можете да ги снимате истовремено во два различни формати, добивајќи моментална резервна копија и алтернативни опции за испорака. Full HD сликите можете да ги складирате на две CF картички користејќи го стандардниот MPEG2 кодек од 50Mbps, а верзијата во MP4 формат може да се зачува на SD картичка во Full HD или во помала резолуција - идеално за брзо префрлување на фајлови во апликации како оние за прибирање новости. Ќе можете да проследувате и прокси фајлови со мала резолуција директно кон друг уред, како на пример паметен телефон.
-
Интегрирање и споделување
Споделувањето содржини е едноставно благодарение на можноста за поврзување преку вградениот Wi-Fi и етернет. Видео материјалите можете да ги прегледувате на друг уред, како таблет уред или паметен телефон или, пак, можете да ги префрлувате директно преку FTP.Овој вид на поврзување овозможува и далечинска контрола на камерата преку интернет пребарувач, а можете да го користите и жичниот далечински управувач RC-V100 од Canon.
Спецификации
-
Full HD
-
20x оптички зум
-
Динамички оптички стабилизатор на слика
-
Ротирачки држач
-
Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување
-
MXF 50Mbps
-
4:2:2
-
Снимање на MP4 со 35 Mbps