Canon IXUS 145
Само насочете и фотографирајте со овој тенок и привлечен IXUS со 16 мегапиксели и интелигентен автоматски режим кој ќе се погрижи за подесувањата на фотоапаратот наместо вас - за да можете да уживате во прекрасни фотографии и HD видео снимки со квалитет од Canon во секоја прилика.
Насочете и фотографирајте со стил
Само насочете и фотографирајте со овој тенок и привлечен IXUS со 16 мегапиксели и интелигентен автоматски режим кој ќе се погрижи за подесувањата на фотоапаратот наместо вас - за да можете да уживате во прекрасни фотографии и HD видео снимки со квалитет од Canon во секоја прилика.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Уживајте во резултати со квалитет од Canon со тенок и стилски IXUS
-
16 мегапиксели за печатење во големи формати и едноставно отсекување
-
Фотографирајте со широкиот агол од 28 мм или зумирајте до 16x без намалување на квалитетот
-
Само насочете и фотографирајте и дозволете му на интелигентниот автоматски режим да извлече максимум од секоја сцена
-
Едноставно прегледување и споделување на LCD екранот од 6,8 см (2,7”)
-
Вршете лично прилагодување на фотографиите со контролата на прегледување во живо
-
Веднаш започнете да снимате HD видео снимки (720p) од случувањата со копчето за видео
-
Одлични снимки од луѓе благодарение на технологијата за откривање на лице
-
Бидете креативни со минијатурниот ефект, ефектот на рибино око и ефектот на фотоапарат-играчка
-
Повеќе снимки со едно полнење на батеријата со еко режимот
Детални карактеристики
-
Доловете ги сите детали во IXUS стил
Тенкиот, компактен и стилски IXUS 145 снима детални слики со врвен квалитет кои се совршени за печатење во големи размери (A3+) или креативно отсекување - благодарение на сензорот со 16 мегапиксели и моќниот DIGIC 4+ процесор, кој нуди поголема брзина, перформанси и функционалност за извонредно брзи резултати.
-
Снимајте далеку и широко
Снимете го секој момент на едноставен начин со флексибилниот објектив со широк агол од 28 мм и оптички зум до 8x. Доближете се до далечните објекти со оптичкиот зум до 8x или уште поблиску со ZoomPlus до 16x без намалување на квалитетот.
-
Насочување и фотографирање без напор
Секој може да снима фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и автоматски ги избира соодветните параметри од 32 променливи. Притиснете го копчето за автоматски режим за веднаш да се вратите на интелигентниот автоматски режим од кој било друг режим. Притиснете го копчето за помош и набрзина ќе добиете разбирливи совети за начинот на користење на вашиот фотоапарат и неговите функции.
-
Лесно обликување на кадарот, контрола на прегледување во живо
Обликувајте го кадарот и прегледувајте ги вашите снимки на едноставен начин и споделувајте ги со пријателите преку LCD екранот од 6,8 см (2,7”). Можете да експериментирате со подесувањата на сликата како осветленост и интензитет на боја и да ги прегледувате резултатите при обликување на кадарот со помош на контролата на прегледување во живо.
-
Добијте HD видео снимки веднаш, со копчето за видео
Моментно снимање на висококвалитетни HD видео снимки (720p) со оптички зум на едноставен начин со притиснување на наменското копче за видео.
-
Одлични фотографии на луѓе
Уживајте во одлични снимки од луѓе со технологијата за откривање на лице. Таа открива повеќе лица во еден кадар, погрижувајќи се тие да останат во фокус и со оптимална осветленост. Функциите за откривање на лице и за баланс на белата боја обезбедуваат природни тонови на кожата дури и во услови со необично осветлување.
-
Забавни и креативни ефекти
Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни режими како ефект на рибино око, екстра живописност или еднобојно. Со минијатурниот ефект, сцените од фотографиите или видео снимките добиваат изглед на минијатурни макети.
-
Еко режим
Снимајте повеќе слики со едно полнење на батеријата со еко режимот, која ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата.
Спецификации
-
16,0 мегапиксели
-
8x оптички зум со широк агол
-
Зумирајте до 16x со одличен квалитет
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
-
720p видео снимки
-
Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе
-
Веднаш почнете да снимате видео снимки
-
Заштеда на енергија за повеќе снимки
-
Веднаш добијте помош
Што содржи кутијата
-
Дигитален фотоапарат IXUS 145
-
Ременче за на зглоб WS-800
-
Батерија NB-11L
-
Полнач за батерии CB-2LFE
-
AC кабел
-
Комплет со упатство за користење