Canon IXUS 150

Снимањето на остри и детални фотографии и видео снимки е едноставно со овој тенок и стилски IXUS со 16 мегапиксели кој е опремен со 8x оптички зум и оптички стабилизатор на слика, но е доволно мал за да можете да го ставите во џеб.

Придобивки

  • Уживајте во резултати со квалитет од Canon со тенок и стилски IXUS

  • 16 мегапиксели за печатење во големи формати и едноставно отсекување

  • Фотографирајте со широкиот агол од 28 мм или зумирајте до 16x без намалување на квалитетот

  • Заборавете на заматените фотографии или видео снимки, благодарение на стабилизаторот на слика со интелигентна IS

  • Само насочете и фотографирајте и дозволете му на интелигентниот автоматски режим да извлече максимум од секоја сцена

  • Едноставно прегледување и споделување на LCD екранот од 6,8 см (2,7”)

  • Вршете лично прилагодување на фотографиите со контролата на прегледување во живо

  • Веднаш започнете да снимате HD видео снимки (720p) од случувањата со копчето за видео

  • Бидете креативни со минијатурниот ефект, ефектот на рибино око и ефектот на фотоапарат-играчка

  • Повеќе снимки со едно полнење на батеријата со еко режимот

Детални карактеристики

  • Доловете ги сите детали во IXUS стил

    Тенкиот, компактен и стилски IXUS 150 снима детални слики со врвен квалитет кои се совршени за печатење во големи размери (A3+) или креативно отсекување - благодарение на сензорот со 16 мегапиксели и моќниот DIGIC 4+ процесор, кој нуди поголема брзина, перформанси и функционалност за извонредно брзи резултати.

  • Снимајте далеку и широко

    Снимете го секој момент на едноставен начин со флексибилниот објектив со широк агол од 28 мм и оптички зум до 8x. Доближете се до далечните објекти со оптичкиот зум до 8x или уште поблиску со ZoomPlus до 16x без намалување на квалитетот.

  • Прекрасни и остри резултати

    Без разлика дали снимате фотографии или видео снимки, тие ќе бидат остри и детални - дури и кога се движите, при целосен зум или при слаба осветленост – благодарение на напредната и интелигентната IS. Таа автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со користење на 8 различни режими за елиминирање на тресењето на фотоапаратот и за спречување на заматувањето.

  • Насочување и фотографирање без напор

    Секој може да снима фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и автоматски ги избира соодветните параметри од 32 променливи. Притиснете го копчето за автоматски режим за веднаш да се вратите на интелигентниот автоматски режим од кој било друг режим. Притиснете го копчето за помош и набрзина ќе добиете разбирливи совети за начинот на користење на вашиот фотоапарат и неговите функции.

  • Лесно обликување на кадарот, контрола на прегледување во живо

    Обликувајте го кадарот и прегледувајте ги вашите снимки на едноставен начин и споделувајте ги со пријателите преку LCD екранот од 6,8 см (2,7”). Можете да експериментирате со подесувањата на сликата како осветленост и интензитет на боја и да ги прегледувате резултатите при обликување на кадарот со помош на контролата на прегледување во живо.

  • Добијте HD видео снимки веднаш, со копчето за видео

    Моментно снимање на висококвалитетни HD видео снимки (720p) со оптички зум на едноставен начин со притиснување на наменското копче за видео.

  • Одлични фотографии на луѓе

    Уживајте во одлични снимки од луѓе со технологијата за откривање на лице. Таа открива повеќе лица во еден кадар, погрижувајќи се тие да останат во фокус и со оптимална осветленост. Функциите за откривање на лице и за баланс на белата боја обезбедуваат природни тонови на кожата дури и во услови со необично осветлување.

  • Забавни и креативни ефекти

    Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни режими како ефект на рибино око, екстра живописност или еднобојно. Со минијатурниот ефект, сцените од фотографиите или видео снимките добиваат изглед на минијатурни макети.

  • Еко режим

    Снимајте повеќе слики со едно полнење на батеријата со еко режимот, која ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата.

Спецификации

  • 16,0 мегапиксели

  • 8x оптички зум со широк агол

  • Зумирајте до 16x со одличен квалитет

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 720p видео снимки

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Веднаш добијте помош

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат IXUS 150

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-11L

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење