Canon IXUS 155

Стилскиот IXUS 155 ги доловува сите детали, без разлика колку се оддалечени, со 20 мегапиксели и 10x оптички зум со извонредно широк агол. Интелигентниот автоматски режим и интелигентната IS овозможуваат прекрасни резултати при секое насочување и фотографирање.

Придобивки

  • Уживајте во резултати со квалитет од Canon со тенок и стилски IXUS

  • Резолуција од 20 мегапиксели за печатење на големи формати и лесно отсекување

  • Снимајте одлични групни снимки со извонредно широкиот агол од 24 мм или зумирајте поблиску до 20x без намалување на квалитетот

  • Заборавете на заматените фотографии или видео снимки, благодарение на стабилизаторот на слика со интелигентна IS

  • Само насочете и фотографирајте и дозволете му на интелигентниот автоматски режим да извлече максимум од секоја сцена

  • Едноставно прегледување и споделување на LCD екранот од 6,8 см (2,7”)

  • Вршете лично прилагодување на фотографиите со контролата на прегледување во живо

  • Веднаш започнете да снимате HD видео снимки (720p) од случувањата со копчето за видео

  • Бидете креативни со минијатурниот ефект, ефектот на рибино око и ефектот на фотоапарат-играчка

  • Повеќе снимки со едно полнење на батеријата со еко режимот

Детални карактеристики

  • Снимајте врвни детали со 20 мегапиксели во IXUS стил

    Тенок, стилски и доволно мал за да можете да го носите насекаде, IXUS 155 снима детални слики со висока резолуција и врвен квалитет кои се совршени за печатење во големи размери (A3+) или креативно отсекување - благодарение на сензорот со 20 мегапиксели и моќниот DIGIC 4+ процесор, кој нуди поголема брзина, перформанси и функционалност за извонредно брзи резултати.

  • Доближете се поблиску, фотографирајте пошироко

    Снимајте прекрасни пејзажи и одлични групни снимки со објективот со извонредно широк агол од 24 мм кој овозможува да опфатите повеќе во кадарот. Доближете се до далечните објекти со оптичкиот зум до 10x или уште поблиску со ZoomPlus до 20x без намалување на квалитетот.

  • Интелигентна стабилизација на слика за остри детали

    Без разлика дали снимате фотографии или видео снимки, тие ќе бидат остри и детални - дури и кога се движите, при целосен зум или при слаба осветленост – благодарение на напредната и интелигентната IS. Таа автоматски го прилагодува оптичкиот стабилизатор на слика кон сцената со користење на 8 различни режими за елиминирање на тресењето на фотоапаратот и за спречување на заматувањето.

  • Насочување и фотографирање без напор

    Снимајте висококвалитетни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и автоматски ги избира соодветните параметри од 32 променливи. Притиснете го копчето за автоматски режим за веднаш да се вратите на интелигентниот автоматски режим од кој било друг режим. Притиснете го копчето за помош и набрзина ќе добиете разбирливи совети за начинот на користење на вашиот фотоапарат и неговите функции.

  • Лесно обликување на кадарот, контрола на прегледување во живо

    Обликувајте го кадарот и прегледувајте ги вашите снимки на едноставен начин и споделувајте ги со пријателите преку LCD екранот од 6,8 см (2,7”). Можете да експериментирате со подесувањата на сликата како осветленост и интензитет на боја и да ги прегледувате резултатите при обликување на кадарот со помош на контролата на прегледување во живо.

  • HD видео снимки (720p) со копче за видео

    Моментно снимање на висококвалитетни HD видео снимки (720p) со оптички зум на едноставен начин со притиснување на наменското копче за видео.

  • Одлични фотографии на луѓе

    Уживајте во одлични снимки од луѓе со технологијата за откривање на лице. Таа може да открие повеќе лица во еден кадар, погрижувајќи се тие да останат во фокус и со оптимална осветленост. Функциите за откривање на лице и за баланс на белата боја обезбедуваат природни тонови на кожата дури и во услови со необично осветлување.

  • Забавни и креативни ефекти

    Експериментирајте и забавувајте се со креативните режими како ефект на рибино око, екстра живописност или еднобојно. Со минијатурниот ефект, сцените од фотографиите или видео снимките добиваат изглед на минијатурни макети.

  • Еко режим

    Снимајте повеќе слики со едно полнење на батеријата со еко режимот.

Спецификации

  • 20 мегапиксели

  • 10x оптички зум, извонреден широк агол

  • Зумирајте до 20x со одличен квалитет

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 720p видео снимки

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Веднаш добијте помош

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат IXUS 155

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење