Canon IXUS 180
Добијте одлични резултати со режимот за интелигентна стабилизација на слика на овој мал и стилски фотоапарат со Wi-Fi.
За оние кои сакаат извонредно тенок стил, лесно поврзување и едноставно фотографирање за прекрасни резултати
Овој IXUS со разновидни опции, 20 мегапиксели, Wi-Fi, 10x оптички зум и интелигентна стабилизација на слика, кој е доволно мал и стилски за да го носите насекаде, ви овозможува едноставно насочување и снимање за да добиете прекрасни резултати во секоја пригода.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Лесен и тенок IXUS кој можете постојано да го чувате со вас
-
Врвни HD видеоснимки со допир на едно копче
-
Поврзете се, споделувајте и снимајте далечински на едноставен начин
-
Уживајте во неверојатни резултати за сите ваши најдобри моменти
-
Можност да бидете креативни на едноставен начин
Детални карактеристики
-
Стил кој овозможува носење во џеб
Овој извонредно тенок и стилски IXUS е практичен за носење каде и да одите, а се одликува со флексибилен и извонредно широк објектив од 24mm со 10x оптички зум и 20x ZoomPlus, за да можете лесно да го доловите секој момент, блиску или далеку, со фотографии и видеоснимки со врвен квалитет. Автоматското зумирање ви помага да го изберете најдобриот кадар со допирање едно копче.
-
Веднаш почнете да снимате HD видеоснимки
Снимањето одлични видеоснимки е многу лесно и забавно. Со допирање едно копче, можете да снимате одлични HD видеоснимки (720p) во MP4 формат без напор. Уживајте во креативни опции за снимање видеоснимки со оптичкиот зум и добијте остри и стабилни резултати со помош на динамичката стабилизација на сликата.
-
Поврзете се и споделувајте
Поврзете го вашиот компатибилен паметен уред со еден допир преку Wi-Fi со динамички NFC и уживајте во едноставно споделување и префрлување преку апликацијата Canon Camera Connect. Снимајте одлични групни снимки или автопортрети со функцијата за безжично далечинско фотографирање преку вашиот паметен телефон. Користете го копчето Wi-Fi за брз и едноставен пристап до функциите за Wi-Fi.
-
Неверојатни резултати
Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет кои се идеални за печатење материјали со големина на постер, благодарение на сензорот со 20,0 мегапиксели и обработката со DIGIC 4+. Интелигентната оптичка стабилизација на сликата ви овозможува да добиете остри фотографии и стабилни видеоснимки во секоја прилика, а LCD екранот од 6,8 cm (2,7”) овозможува лесно прегледување и споделување.
-
Креативност без напор
Само насочете и снимајте прекрасни фотографии или видеоснимки со допирање на копчето за интелигентен автоматски режим, кое му овозможува на тој режим да ја преземе контролата и да ги избере совршените поставки за фотоапаратот. Разбудете ја креативноста со фотографии или видеоснимки користејќи ја палетата на креативни филтри како што се ефектот на рибино око, минијатурниот ефект и ефектот на фотоапарат-играчка.
Спецификации
-
10x оптички зум, извонреден широк агол
-
Зумирајте до 20x со одличен квалитет
-
20 мегапиксели
-
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
-
720p видео снимки
-
Разни ефекти за поголема креативност
-
Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi
-
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
-
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
-
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
-
Насочување и фотографирање со допир на едно копче
-
Автоматско зумирање во зависност од бројот на објектите
-
Моќна обработка со DIGIC
-
6,8cm (2,7") LCD екран
-
Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон
-
Веднаш почнете да снимате видео снимки
-
Заштеда на енергија за повеќе снимки
-
Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир
Што содржи кутијата
-
Дигитален фотоапарат IXUS 180
-
Ременче за на зглоб WS-800
-
Батерија NB-11L
-
Полнач за батерии CB-2LFE
-
AC кабел
-
Комплет со упатство за користење