Canon PowerShot G16

Извонредно брз со можности за поврзување – компактен апарат за експертите

Придобивки

  • Осветлен објектив од 28mm, со 5x зум и f/1,8-2,8. 10x ZoomPlus

  • HS систем: 12,1 MP CMOS, DIGIC 6 за неверојатни резултати до ISO 12.800

  • Интелигентна стабилизација на слика за остри снимки и напредна динамичка стабилизација на слика по 5 оски за стабилни видео записи

  • Извонредно брза работа со автоматски фокус со голема брзина и 9,3fps* одржливо континуирано фотографирање

  • Голем 7,5 cm (3,0”) PureColor II G LCD екран; оптички визир

Детални карактеристики

  • Осветлен објектив од 28mm, со 5x зум и f/1,8-2,8

    Осветлениот објектив со f/1,8-2,8 од Canon, кој задржува широк максимален отвор на блендата дури и при целосен зум, ќе ви овозможи фотографирање при многу слаба осветленост и голема брзина на блендата. Флексибилен 28mm објектив со оптички зум од 5x и ZoomPlus од 10x.

  • HS систем

    HS системот се истакнува при слаба осветленост, доловувајќи ја реалистичната атмосфера без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 6 и CMOS сензорот со висока чувствителност и 12,1 MP (тип 1/1,7) нудат исклучителен квалитет на слика во секакви ситуации со максимална ISO вредност до ISO 12.800.

  • Интелигентна стабилизација на слика; подобрена динамична стабилизација на слика

    Интелигентната стабилизација на слика го намалува тресењето на фотоапаратот, така што фотографиите ќе бидат остри и полни со детали, дури и при целосен зум или при слаба осветленост. Напредната динамичка стабилизација на слика одлично ги компензира движењата на корисникот по 5 оски за да обезбедат беспрекорно стабилни видео снимки.

  • Извонредно брзо фотографирање со 9,3fps*

    Снимајте ги случувањата кои траат дел од секунда во полна резолуција со извонреден одзив, кој вклучува 9,3fps* одржливо континуирано фотографирање и брзо автоматско фокусирање од 0,1 сек.**.

  • LCD екран од 7,5 cm (3,0"), OVF

    Голем PureColor II G LCD екран (922k точки) за извонреден преглед. Оптичкиот визир ви овозможува да ги обликувате снимките во традиционален стил со подобрена стабилност.

  • Професионална контрола

    Предното вртливо копче овозможува лесен пристап до најважните подесувања за време на фотографирањето. Снимајте во целосно рачен и RAW режим со поддршка во повеќе аспекти, за да добиете максимална контрола при обликувањето на кадарот и уредувањето по фотографирањето, користејќи го вклучениот софтвер DPP. Префинетата ергономија и прилагодливото FUNC. мени ви овозможуваат да го адаптирате фотоапаратот кон вашиот стил на фотографирање.

  • Full HD 60fps

    Снимајте професионални рамномерни Full HD видео записи со 60fps, стерео звук и оптички зум во MP4 формат, користејќи ги напредните функции како видео обработка со фини детали (60p), издвојување на фокус, промена на форматот во самиот фотоапарат и филтер за отсекување на ветер.

  • Wi-Fi, GPS преку мобилни уреди

    Wi-Fi ви овозможува едноставно поврзување со домашните безжични мрежи, компатибилни печатачи и компјутери, како и со паметните уреди за лесно споделување преку интернет и GPS означување на вашите слики со локациите на фотографирање. Синхронизацијата на слики овозможува практично правење на резервни копии на компјутер и интернет преку CANON iMAGE GATEWAY или Flickr.

  • Режим за ѕвезди, рачно HDR снимање, дефокусирање на позадината

    Фотографирајте прекрасни ѕвездени ноќни пејзажи, траги од ѕвезди или креирајте видео со забрзано движење на ѕвездите со помош на режимот за ѕвезди. Користете HDR за снимање на сцени со висок контраст без статив и дефокусирање на позадината за постигнување на преубаво заматување на позадината во SLR стил.

  • Изборна дополнителна опрема

    Во дополнителната опрема спаѓа адаптер за филтер на објективот од 58mm, Speedlite блицеви од Canon и 40m водоотпорно куќиште.*Одржливо континуирано фотографирање – 12,2fps за првите 5 кадри и потоа 9,3fps за прибл. 522 кадри (во зависност од објектот на снимање), со користење на компатибилни SDHC/SDXC UHS мемориски картички со класа на брзина 1.** Мерењата се во согласност со новите правила на CIPA. Услови: P режим, единечен AF (AF во централна точка) под осветлување од 14EV.

Спецификации

  • Широк отвор на блендата низ целиот опсег на зумот

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 12,1 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • 5x оптички зум со широк агол

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Брзо континуирано фотографирање

  • Поголема сила и видливост

  • Дополнителна контрола

  • Голема максимална ISO чувствителност

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • RAW во различни соодноси на слика

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • Креирајте заматување на позадината со SLR стил

  • Фотографирајте го ѕвезденото небо на едноставен начин

  • Снимајте HDR без статив

  • Порамномерни видео снимки со 1080p

  • ND филтер

  • Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot G16

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Батерија NB-10L

  • Полнач за батерии CB-2LCE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење