Canon PowerShot N

Креативност со интересно превртување

Придобивки

  • Креативна снимка

  • Уникатен дизајн

  • 8x зум, објектив од 28mm; интелигентна IS

  • HS систем: 12,1 MP CMOS, DIGIC 5

  • Wi-Fi; GPS преку мобилни уреди

  • Копче за поврзување на мобилен уред

  • Ракување во секоја насока; екран на допир кој се закосува нагоре

  • Full HD

  • Хибриден автоматски режим; интелигентен автоматски режим (58 сцени)

  • Извонредни забавени видео снимки

Детални карактеристики

  • Креативна снимка

    Бидете оригинални на едноставен начин со режимот за креативни снимки. Едноставно снимете некоја слика и фотоапаратот ќе ја анализира сцената, а потоа автоматски ќе генерира пет креативни слики, плус оригиналната неизменета фотографија - притоа ќе го долови истиот објект на повеќе уметнички и интересни начини.

  • Уникатен дизајн

    Уникатниот и симетричен дизајн на металното куќиште е навистина поинаков и има модерен минималистички стил - доволно мал за да го чувате во вашиот џеб и доволно стилски за да го носите насекаде.

  • 8x зум, широкоаголен објектив од 28mm; интелигентна IS

    Користете го оптичкиот зум од 8x за да се приближите до случувањата или, пак, користете го 16x ZoomPlus за да се приближите уште повеќе и да опфатите повеќе во кадарот со широкоаголниот објектив од 28mm. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го намалува тресењето на фотоапаратот за добивање на остри и детални резултати во секој момент.

  • HS систем: CMOS со 12,1 мегапиксели и DIGIC 5

    HS системот се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 5 и CMOS сензорот со висока чувствителност и 12,1 мегапиксели нудат одличен квалитет на слика во секакви ситуации.

  • Wi-Fi; GPS преку мобилни уреди

    Wi-Fi* ви овозможува едноставно поврзување со домашните безжични мрежи, компатибилни печатачи и компјутери, а исто така и со преносливи уреди како Smartphone уреди и таблет уреди, за брзо и практично споделување слики на интернет. Користете го GPS уредот во вашиот Smartphone уред за да ги следите местата каде што сте фотографирале, а потоа синхронизирајте го со вашиот фотоапарат преку Wi-Fi со цел да ги додадете овие информации на вашите слики.

  • Копче за поврзување на мобилен уред

    Копчето за поврзување на мобилен уред го олеснува поврзувањето со Smartphone уреди и таблет уреди преку Wi-Fi - идеално за често споделување на слики.

  • Ракување во секоја насока; екран на допир кој се закосува нагоре

    Фотоапаратот може да се користи во секоја насока благодарение на зумот во две насоки и прстените на објективот кои вршат зумирање и контролирање на блендата. Капацитивниот екран на допир од 7,1 cm (2,8”) кој може да се закосува нагоре овозможува едноставно фотографирање од необични или тешко достапни агли и едноставно, интуитивно ракување на допир.

  • Full HD видео снимки

    Користете го копчето за видео кое ќе ви овозможи веднаш да снимите врвни Full HD (1080p) видео снимки, а интелигентната стабилизација на слика овозможува неверојатна стабилност на снимениот материјал.

  • Интелигентен автоматски режим (58 сцени); хибриден автоматски режим

    Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира оптималните подесувања од 58 променливи (21 кај видео снимки). Хибридниот автоматски режим ви овозможува да снимате фотографии со помош на интелигентниот автоматски режим, а истовремено снима и видео запис од 4 секунди пред секое фотографирање – комбинирајќи ги во забавна HD (720p) видео снимка.

  • Извонредни забавени видео снимки

    Забавете ги динамичните движења од спортовите или додадете извонреден ефект на некој водопоад со функцијата за извонредни забавени видео снимки.* Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompacts

Спецификации

  • 6 различни слики од една снимка

  • CMOS сензор со 12,1 мегапиксели

  • 8x оптички зум со широк агол

  • Безжично споделување на слики

  • Зумирајте и снимајте нагоре

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Зумирајте до 16x со одличен квалитет

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Моментално поврзување со smartphone уреди

  • Закосете го фотоапаратот за да снимате нагоре или надолу

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Автоматски режим со откривање на 58 видови на сцени

  • Означувајте ги снимките со Smartphone уреди со GPS

  • 1080p видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Печатење од фотоапарати преку USB или Wi-Fi