Canon PowerShot S120
Брзина, можности за поврзување и професионални перформанси во вашиот џеб
Брзина, можности за поврзување и професионални перформанси во вашиот џеб
Одликувајќи се со осветлен објектив со f/1,8, HS систем, брзо континуирано фотографирање до 9,4fps*, префинета ергономија и Wi-Fi, PowerShot S120 ќе им овозможи на сериозните фотографи во својот џеб да добијат моќни перформанси.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Ултра широк 24mm, осветлен f/1,8 објектив со 5x зум. 10x ZoomPlus
-
HS систем: CMOS со 12,1 мегапиксели, DIGIC 6 за неверојатни резултати до ISO 12.800
-
Интелигентна стабилизација на слика за остри снимки и напредна динамичка стабилизација на слика по 5 оски за стабилни видео записи
-
Извонредно брза работа со автоматски фокус со голема брзина и 9,4fps* одржливо континуирано фотографирање
-
Голем, капацитивен 7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран на допир
Детални карактеристики
-
Разновиден објектив
Светлиот објектив со f/1,8 овозможува фотографирање во потемни услови. Ултра широкиот агол од 24mm ви овозможува снимање на неверојатни пејзажи, додека оптичкиот зум од 5x со 10x ZoomPlus ќе ве приближи до објектот.
-
HS систем
HS системот се истакнува при слаба осветленост, доловувајќи ја реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 6 и CMOS сензорот со висока чувствителност и 12,1 мегапиксели (тип 1/1,7) нудат исклучителен квалитет на слика во секакви ситуации со максимална ISO вредност до ISO 12.800.
-
Интелигентна стабилизација на слика; подобрена динамична стабилизација на слика
Интелигентната стабилизација на слика го намалува тресењето на фотоапаратот, така што сите ваши фотографии ќе бидат остри и полни со детали, дури и при целосен зум или при слаба осветленост. Напредната динамичка стабилизација на слика одлично ги компензира движењата на корисникот по 5 оски за да добијат беспрекорно стабилни видео снимки.
-
Извонредно брзо фотографирање со 9,4fps*
Снимајте ги случувањата кои траат дел од секунда во полна резолуција со извонреден одзив, кој вклучува 9,4fps* одржливо континуирано фотографирање и брзо автоматско фокусирање од 0,1 сек.**.
-
Екран на допир од 7,5 cm (3,0”)
Напредниот капацитивен екран на допир со 922k точки овозможува едноставно и интуитивно ракување засновано на движења.
-
Професионална контрола
Контролниот прстен за објективот нуди брза контрола на функциите, како зумирање, решетка, брзина на бленда, фокус или ISO. Користете целосно рачен режим и RAW формат со поддршка во повеќе аспекти, за да добиете максимална контрола при обликувањето на кадарот и уредувањето по фотографирањето, користејќи го вклучениот софтвер DPP. Префинетата ергономија и прилагодливото FUNC. мени ви овозможуваат да го адаптирате фотоапаратот кон вашиот стил на фотографирање.
-
Full HD 60fps
Снимајте професионални рамномерни Full HD видео записи со 60fps, стерео звук и оптички зум, со поддршка на функциите за издвојување на фокус и AF со допир. Напредната обработка за намалување на шум (30p) обезбедува детални видео снимки при слаба осветленост, додека поддршката за MP4 и промената на форматот во самиот фотоапарат овозможуваат лесно споделување.
-
Wi-Fi, GPS преку мобилни уреди
Wi-Fi ви овозможува едноставно поврзување со домашните безжични мрежи, компатибилни печатачи и компјутери, како и со паметните уреди за лесно споделување преку интернет и GPS означување на вашите слики со локациите на фотографирање. Синхронизацијата на слики овозможува практично правење на резервни копии на компјутер и интернет преку image.canon или Flickr.
-
Режим за ѕвезди, рачно HDR снимање, дефокусирање на позадината
Фотографирајте прекрасни ѕвездени ноќни пејзажи, траги од ѕвезди или креирајте видео со забрзано движење на ѕвездите со помош на режимот за ѕвезди. Користете HDR за снимање на сцени со висок контраст без статив и дефокусирање на позадината за постигнување на преубаво заматување на позадината во SLR стил.
-
Изборно водоотпорно куќиште
Заштитете го вашиот фотоапарат под вода до 40m.*Одржливо континуирано фотографирање -12,1fps за првите 5 кадри и потоа 9,4fps за прибл. 635 кадри (во зависност од објектот на снимање), со користење на компатибилни SDHC/SDXC UHS мемориски картички со класа на брзина 1.** Мерењата се во согласност со новите правила на CIPA. Услови: P режим, единечен AF (AF во централна точка) под осветлување од 14EV.
Спецификации
-
Широк отвор на блендата
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
CMOS сензор со 12,1 мегапиксели
-
5x оптички зум, извонреден широк агол
-
Безжично споделување на слики
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
-
Брзо континуирано фотографирање
-
Брза рачна контрола
-
Голем капацитивен екран на допир
-
Голема максимална ISO чувствителност
-
Контрола на решетка и брзина на бленда
-
RAW во различни соодноси на слика
-
Креирајте заматување на позадината со SLR стил
-
Фотографирајте го ѕвезденото небо на едноставен начин
-
Снимајте HDR без статив
-
Порамномерни видео снимки со 1080p
-
ND филтер
-
Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ
Што содржи кутијата
-
Дигитален фотоапарат PowerShot S120
-
Ременче за на зглоб – WS-D11
-
Батерија NB-6LH
-
Полнач за батерии CB-2LYE
-
AC кабел
-
Комплет со упатство за користење