Canon PowerShot S200
Споделете ја вашата креативност со PowerShot кој можете да го носите насекаде
Споделете ја вашата креативност со PowerShot кој можете да го носите насекаде
HS системот и осветлениот објектив со f/2 нудат врвни резултати при секакво осветлување. PowerShot S200 вметнува уметничка контрола во џебовите на фотографите кои сакаат да фотографираат креативно и да ги споделуваат нивните слики кога се во движење.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Одлични резултати при слаба осветленост, благодарение на осветлениот објектив со f/2 и HS системот со DIGIC 5 процесор
-
Снимајте различни објекти со објективот со извонредно широк агол од 24mm, 5x зум и 9x ZoomPlus
-
Снимајте детални слики со сензорот со 10,1 мегапиксели и голема чувствителност
-
Интелигентната IS ја задржува острината кај сликите и стабилноста кај видео снимките, дури и при користење на максимален зум
-
Преземете ја контролата со прилагодливиот контролен прстен на објективот и режимите за рачно користење
-
Поврзете паметен телефон на едноставен начин преку Wi-Fi и споделувајте и архивирајте ги вашите слики
-
Едноставно прегледување со големиот PureColor II G LCD екран од 7,5 см (3,0")
-
Снимајте извонредни слики и HD видео снимки во секоја прилика со интелигентниот автоматски режим
-
Направете ги вашите фотографии уникатни, со контролата на прегледување во живо и креативните филтри
Детални карактеристики
-
Слики со одличен квалитет, независно од условите
За да ви обезбеди слики со одличен квалитет при секакво осветлување, PowerShot S200 го користи HS системот од Canon: уникатна комбинација на сензор со голема чувствителност и моќен DIGIC 5 процесор. Осветлениот објектив со f/2 и максималната чувствителност од ISO 6400 ќе ви помогне да фотографирате дури и кога нивото на светлината ќе се намали, за да можете да го доловите амбиентот во опкружувањето без да користите блиц или статив.
-
Разновиден објектив
Објективот од 24 мм со 5x зум нуди огромна креативна флексибилност. Доловете го огромното небо со сите детали во преден план кога снимате пејзажи или, пак, зумирајте за да доловите индивидуални објекти и да се доближите до случувањата. ZoomPlus ве носи уште поблиску, зголемувајќи ја моќта на зумот без да ја намали острината и јасноста.
-
Рачно контролирање на едноставен начин
Преземете ја контролата врз вашите слики со палетата на рачни и полуавтоматски функции. Подесете го контролниот прстен на објективот на PowerShot S200 за едноставно прилагодување на параметрите на сликите како решетката, брзината на блендата и фокусирањето.
-
Интелигентна стабилизација на слика
Спречете го тресењето на фотоапаратот и снимајте остри и детални фотографии и видео снимки. Оптичкиот стабилизатор на слика со интелигентна IS од Canon врши компензација за несаканите движења на фотоапаратот и автоматски избира еден од седумте режими во зависност од условите за фотографирање.
-
Wi-Fi и синхронизација на слики
Поврзете се и споделувајте ги вашите слики со вашиот паметен телефон или таблет уред преку Wi-Fi или испратете ги директно на популарните веб-сајтови на социјални мрежи како што е Facebook и Twitter преку image.canon. Безжично поврзување и печатење на вашите фотографии со компатибилни PIXMA или SELPHY фото-печатачи. Синхронизацијата на слики овозможува практично правење на резервни копии на компјутер и интернет на Cloud веб-сајтови за складирање како што е Flickr™*
-
7,5 cm (3,0") PureColor II G LCD екран
Големиот, издржлив и висококвалитетен LCD екран со одлична видливост нуди навигација низ менито без напор, ви овозможува лесно обликување и прегледување на снимките и ви овозможува да уживате при нивното споделување со пријателите.
-
Интелигентен автоматски режим
Едноставно поставете го PowerShot S200 во интелигентен автоматски режим и дозволете му на фотоапаратот да ги избере соодветните подесувања наместо вас на интелигентен начин, со можност за прилагодување кон 36 сцени (21 при снимање на видео снимки) за добивање на оптимални резултати.
-
HD видео снимки
Снимајте висококвалитетни HD видео снимки со резолуција од 720p, оптички зум и стерео звук. Наменското копче за видео овозможува брз и интуитивен пристап до функцијата за снимање видео. Поврзувањето преку HDMI-CEC овозможува гледање и контролирање на снимените видео материјали на телевизорот во вашиот дом.
-
Креативни филтри
Внесувајте лични прилагодувања во сликите со креативните филтри на PowerShot S200. Изберете некој фотографски ефект, почнувајќи од ефект на рибино око, минијатурен ефект и ефект на фотоапарат-играчка па сè до потрадиционалните филтри за црно-бело и акцент на боја. *Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompactsЗа функциите за директно споделување на интернет, синхронизација на слики и за испраќање преку сервер е потребна image.canon сметка. Во некои земји и региони може да нема поддршка за image.canon. Ве молиме посетете ја страницата www.canon-europe.com/cig за повеќе информации.Facebook и логото F се регистрирани заштитни знаци на Facebook Inc. Twitter е регистриран заштитен знак на Twitter Inc.Ознаката FLICKR е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.
Спецификации
-
Широк отвор на блендата
-
5x оптички зум, извонреден широк агол
-
Зумирајте до 9x со одличен квалитет
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
Моќна обработка со DIGIC
-
CCD со 10,1 мегапиксели и голема чувствителност
-
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
-
Брза рачна контрола
-
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
-
Автоматски режим со откривање на 36 видови на сцени
-
Поголема сила и видливост
-
Контрола на решетка и брзина на бленда
-
Голема максимална ISO чувствителност
-
Лесно прилагодување на сликата
-
Разни ефекти за поголема креативност
-
720p видео снимки со стерео звук
Што содржи кутијата
-
PowerShot S200
-
Ременче за на зглоб WS-D11
-
Батерија NB-6LH
-
Полнач за батерии CB-2LYE
-
AC кабел
-
Комплет со упатство за користење