Canon PowerShot SX600 HS
Доловете го секој детал од важните моменти
Доловете го секој детал од важните моменти
Благодарение на моќниот зум од 18x со тенок дизајн за во џеб, PowerShot SX600 HS е опремен со сите функции што можат да ви бидат потребни за снимање на висококвалитетни фотографии и видео снимки, додека Wi-Fi ви овозможува лесно да ги споделите на интернет.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Опфатете ги сите во кадарот со извонредно широкиот агол или зумирајте ги далечните објекти со помош на моќниот оптички зум од 18x и ZoomPlus од 36x
-
Компактен, тенок и пренослив за да не пропуштите ниту една фотографија
-
Добијте квалитет каков што заслужуваат вашите фотографии со HS системот со 16 MP
-
Заборавете на заматените фотографии и видео снимки, благодарение на стабилизаторот на слика и интелигентната IS
-
Wi-Fi и NFC за едноставно поврзување со вашиот паметен телефон и споделување на социјалните мрежи
-
Снимајте неверојатни видео снимки во Full HD со оптички зум, HDMI-CEC и копчето за видео
-
Интелигентниот автоматски режим е задолжен за сите подесувања на фотоапаратот, а вие треба само да го насочите фотоапаратот и да снимате
-
Режимот за креативни снимки додава уметнички ефекти на вашите снимки
-
Добијте видео преглед за вашиот ден со хибридниот автоматски режим
Детални карактеристики
-
Приближете се
Оптичкиот зум од 18x и ZoomPlus од 36x ви овозможуваат да се приближите до случувањата и да снимате далечни објекти со неверојатни детали. Со извонредно широкиот агол од 25mm можете да опфатите повеќе во кадарот, а тоа е совршено за снимање на големи групи и неверојатни пејзажи.
-
Слики кои вредат да се зачуваат
Бидејќи прекрасните слики се подеднакво драгоцени како и моментите кои се доловени на нив, HS системот е дизајниран да ги надополни со квалитет каков што заслужуваат, дури и при слаба осветленост. Користејќи напреден DIGIC 4+ процесор и CMOS сензор со 16 мегапиксели и задно осветлување, HS системот создава јасни фотографии со детали, бои и атмосфера на сцената на начинот на кој вие ги доживувате.
-
Остри снимки со интелигентна IS
Оптичкиот стабилизатор на слика има огромно значење при снимањето на остри слики при слаба осветленост или при користење на максимален зум. Одликувајќи се со технологија на интелигентна IS од Canon, фотоапаратот автоматски го избира оптималниот режим за стабилизација на слика од 8 достапни опции за да обезбеди јасни и детални фотографии и видео снимки.
-
Бидете поврзани постојано
Покажете му ги вашите најнови слики на светот со поврзување на фотоапаратот со вашиот паметен телефон преку Wi-Fi и NFC. Откако ќе ги поврзете, можете да го користите паметниот телефон за додавање на GPS локации на вашите слики или, пак, за да бидете и вие дел од снимките со помош на функцијата за далечинско фотографирање. Wi-Fi овозможува поврзување и со печатачи, компјутери и други компатибилни уреди за едноставно споделување на интернет и архивирање.
-
Интелигентен автоматски режим (32 сцени). Хибриден автоматски режим
Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки на едноставен начин со помош на , интелигентниот автоматски режим, кој ја открива сцената и ги избира совршените подесувања од 32 променливи (21 кај видео снимки). Хибридниот автоматски режим ви овозможува да снимате фотографии со помош на интелигентниот автоматски режим, а истовремено снима и видео запис од 4 секунди пред секое фотографирање – комбинирајќи ги сите нив во забавна HD (720p) видео снимка.
-
Создавајте неверојатни видео снимки
Снимајте врвни Full HD (1080p) видео снимки во MP4 формат. Интелигентната IS овозможува уште постабилни видео снимки дури и кога се движите или кога снимате од автомобил во движење, за да добиете навистина извонреден снимен материјал. Кога ќе се вратите дома, воспоставете HDMI-CEC врска за да гледате и да ја контролирате репродукцијата на видео снимките на компатибилен HD телевизор.
-
Креативна снимка
Бидете оригинални на едноставен начин со режимот за креативни снимки. Едноставно снимете некоја слика и фотоапаратот ќе ја анализира сцената, а потоа автоматски ќе генерира пет креативни слики, плус оригиналната неизменета фотографија - притоа ќе го долови истиот објект на повеќе интересни и уметнички начини. Изберете ја саканата категорија на филтри и создавајте слики со користење на вашата омилена група на филтри за креативно снимање.
-
Погледнете ја разликата
Големиот и висококвалитетен PureColor II G LCD екран (461k точки) со одлична видливост и издржливост нуди навигација низ менито без напор, ви овозможува лесно обликување и прегледување на вашите снимки и ви овозможува да уживате при нивното споделување со пријателите.
Спецификации
-
18x неверојатен зум со извонреден широк агол
-
Зумирајте до 36x со одличен квалитет
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
CMOS сензор со 16,0 мегапиксели
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика
-
Безжично споделување и правење резервна копија на слики
-
NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони
-
6 различни слики од една снимка
-
Едноставно фотографирање со краток видео преглед
-
1080p видео снимки
-
Поголема сила и видливост
-
Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени
-
Заштеда на енергија за повеќе снимки
Што содржи кутијата
-
PowerShot SX600 HS
-
Комплет со упатство за користење
-
Батерија NB-6LH
-
Полнач за батерии CB-2LYE
-
Ременче за на зглоб WS-800
-
AC кабел