Canon PowerShot SX700 HS

Патувајте со лесен багаж со извонредно компактниот фотоапарат со 30x зум

Придобивки

  • Извонредно компактен широкоаголен објектив од 25 мм со 30x оптички зум. 60x ZoomPlus

  • Неверојатни фотографии дури и при слаба осветленост со HS системот: CMOS со 16,1 мегапиксели, DIGIC 6

  • Остри резултати во секоја прилика со интелигентна IS и динамичка IS во 5 насоки за стабилни видео снимки

  • Поврзете се, архивирајте и споделувајте на едноставен начин преку Wi-Fi со поддршка за NFC. Далечинско фотографирање и следење со GPS преку паметен телефон

  • Full HD (1080p) видео снимки со 60fps со стерео звук и оптички зум

  • Голем PureColor II G LCD екран од 7,5 см (3,0") (922k sRGB)

  • Вршете лично прилагодување со креативните режими

  • Добијте видео преглед за вашиот ден со хибридниот автоматски режим и уживајте во едноставно користење со интелигентниот автоматски режим

  • Преземете ја контролата со рачен, Av и Tv режим

  • Доловете ги случувањата со брзото фотографирање

Детални карактеристики

  • Извонредно компактен фотоапарат со 30x зум

    Снимајте прекрасни снимки одблиску на голема оддалеченост со огромниот оптички зум до 30x, сместен во извонредно компактно куќиште кое може да се стави во џеб и да се носи насекаде. Или, пак, доближете се до 60x поблиску без намалување на квалитетот со ZoomPlus. Опфатете повеќе во кадарот за да добиете одлични групни снимки и неверојатни пејзажи со извонредно широкиот агол од 25мм.

  • Фотографирајте во секакви услови на осветлување

    Снимајте ги вашите патувања со неверојатен квалитет, насекаде и во кое било време во денот, благодарение на HS системот кој се истакнува при слаба осветленост, овозможувајќи снимање на реалистичната атмосфера на моментот без блиц или статив. Напредната обработка со DIGIC 6 и CMOS сензорот со голема чувствителност и 16,1 мегапиксели нудат детални слики со исклучителен квалитет кои се совршени за печатење во големи размери (A3+) или креативно отсекување.

  • Интелигентна стабилизација на слика, подобрена динамична стабилизација на слика

    Оптичкиот стабилизатор на слика има огромно значење при снимањето на остри слики при слаба осветленост или при максимален зум. Користејќи ја технологијата за интелигентна IS од Canon, фотоапаратот автоматски го избира оптималниот режим за стабилизација на слика од 8 достапни опции за да обезбеди јасни и детални фотографии и видео снимки. Напредната динамичка IS врши компензација за тресењето на фотоапаратот и движењата на корисникот во 5 насоки, обезбедувајќи неверојатно стабилни видео снимки кои со задоволство ќе ги гледате на големи екрани.

  • Поврзете се, споделувајте и следете ги вашите патувања со Wi-Fi

    Wi-Fi и поддршката за NFC ви овозможуваат едноставно поврзување со компатибилни паметни уреди и споделување на вашите авантури на интернет. Користете го копчето за поврзување на мобилни уреди и NFC за веднаш да го поврзете вашиот паметен телефон или да направите резервна копија од вашите фотографии на Flickr ®, Google Drive ®, image.canon и во вашиот компјутер. Споделете ја забавата директно од вашиот фотоапарат на Facebook ®, Twitter ® и YouTube™ и користете го GPS уредот на вашиот паметен телефон за да додадете локации на вашите снимки. Исто така, можете да го контролирате фотоапаратот далечински преку вашиот паметен телефон - идеално доколку сакате да бидете дел од снимките или да го фотографирате животот во дивината.

  • Full HD видео снимки (60fps)

    Користете го копчето за видео кое ќе ви овозможи веднаш да започнете да снимате рамномерни и извонредно реалистични Full HD (1080p) видео снимки со 60fps, стерео звук и оптички зум. Напредните функции за видео снимки, како што се издвојувањето со рачен фокус и поддршката за MP4, ви овозможуваат да снимате, уредувате и споделувате видео снимки со најголем квалитет.

  • 7,5 см (3,0") PureColor II G LCD екран

    Големиот и издржлив LCD екран со висока резолуција (922k точки) нуди одлична видливост, репродукција на sRGB бои и лесна навигација низ менито за да можете да обликувате, гледате и споделувате снимки на едноставен начин.

  • Откријте ја вашата креативност

    Извршете лично прилагодување со креативната контрола на брзината на блендата и решетката, користејќи ги рачните режими (Tv, Av и M). Или, пак, експериментирајте со режимот за креативни снимки, кој интелигентно доловува уникатни слики со различни уметнички ефекти. Изберете помеѓу еднобоен, ретро, специјален и природен филтер или изберете автоматски режим за автоматско снимање на истиот објект на невообичаен начин.

  • Хибриден автоматски режим, интелигентен автоматски режим

    Снимајте прекрасни фотографии и видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира оптималните подесувања од 58 променливи (21 кај видео снимки). Хибридниот автоматски режим снима видео запис од 4 секунди пред секоја снимка, а потоа ги комбинира сите видео записи во HD (720p) видео снимка која нуди краток забавен преглед од сите снимки во денот.

  • Снимање со голема брзина

    Снимајте динамични случувања со брзото фотографирање, извонредните забавени видео снимки и брзиот AF. *Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.canon-europe.com/wirelesscompactsFacebook е регистриран заштитен знак на Facebook Inc.YouTube™ и Google Drive се регистрирани заштитени знаци на Google Inc.Twitter е регистриран заштитен знак на Twitter Inc.Ознаката FLICKR е регистриран заштитен знак на Yahoo! Inc.

Спецификации

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • CMOS сензор со 16,1 мегапиксели

  • 30x неверојатен зум со извонреден широк агол

  • Зумирање до 60x со одличен квалитет

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Порамномерни видео снимки со 1080p

  • Означувајте ги снимките со Smartphone уреди со GPS

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Автоматски режим со откривање на 58 видови на сцени

  • 6 различни слики од една снимка

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Фотографирање со целосна резолуција и неверојатна брзина

  • Рамномерни забавени видео снимки

  • Поголема сила и видливост

  • Гледајте фотографии и видео снимки на ТВ

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

PowerShot_SX700_HS BLACK

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX700 HS

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење