DSLR-фотоапарати

Canon EOS 80D

Моќен DSLR фотоапарат со разновидни опции и брз одзив за експериментирање со вашата креативност

Придобивки

  • Фотоапарат со брз одзив за да бидете во тек со случувањата

  • Фотографии и видеоснимки со неверојатен квалитет во најразлични услови

  • Сè што ви е потребно за подобрување на вашите вештини за фотографирање

  • Совршен за креативно снимање

  • Едноставно поврзување, снимање и споделување на вашите слики и видеоснимки

Детални карактеристики

  • Откријте го вашиот креативен потенцијал

    Брзите и инстинктивни контроли и иновативните технологии ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини во секоја област на фотографирањето и снимањето. Снимајте движења што траат само дел од секундата со брзината на континуирано фотографирање од 7 fps и AF системот со 45 точки од вкрстен тип со брз одзив кој нуди голема прецизност во различни услови на осветлување и може да се користи со голем избор на објективи.

  • Неверојатен квалитет

    Снимајте амбиентални, живописни и детални слики во секоја прилика благодарение на APS-C CMOS сензорот со 24,2 MP и RGB+IR сензорот за мерење со 7.560 пиксели кои овозможуваат прецизни експозиции. Големиот опсег на чувствителност со ISO вредности од 100 до 16.000 и функцијата за откривање на треперење создаваат одлични резултати при слаба осветленост и непроменета експозиција под вештачка треперечка светлина.Преземете ја контролата и подобрете ги вештините за фотографирањеИнтелигентниот визир со 100% покриеност на кадарот ви овозможува да видите сè што има во вашата слика додека го обликувате кадарот и веднаш ги прикажува поставките за фотографирање. Фотографирајте од креативни агли и уживајте во интуитивна контрола преку големиот LCD екран на допир од 7,7cm со променлив агол кој може да се користи и за обликување на кадарот и за снимање движења во режимот за прегледување во живо кога фотографирате со брзина од 5fps со континуиран автоматски фокус.

  • Усовршете ги вашите видеоснимки

    Снимајте Full HD 60p видеоснимки со опција за создавање јасни динамични движења или ефекти со забавени движења во MP4 формат со избор од повеќе стапки на слики. Dual Pixel CMOS AF нуди моќен систем за автоматско фокусирање за следење на објектите во движење, а видеоснимките со забрзани движења, режимот HDR и креативните филтри ви овозможуваат да создавате специјални ефекти во самиот фотоапарат.

  • Едноставно споделување, далечинско фотографирање

    NFC* и Wi-Fi* овозможуваат едноставно поврзување и контролирање на фотоапаратот, како и далечинско снимање видеоснимки и фотографии преку апликацијата Camera Connect за компатибилни паметни телефони и таблет-уреди. Или, пак, користете го софтверот EOS Utility на вашиот Mac или PC за фотографирање од далечина. Користете Wi-Fi и NFC за префрлување содржини во Canon Connect Station или печатете ги вашите слики со компатибилни печатачи.* Кога се користи со компатибилни уреди

Објективи

  • Објективи за DSLR

    EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM

    Објектив за зумирање со достапна цена, извонредно широк агол, STM и стабилизација на слика, кој е идеален за пејзажи, патување и видеоснимки.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS USM

    Објектив за зумирање со многу разновидни опции и технологија Nano USM, кој може да се користи за снимање фотографии и видеоснимки со многу брзи движења.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM

    Компактен телефото објектив
  • Објективи за DSLR

    EF 50mm f/1.8 STM

    STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.
  • Објективи за DSLR

    EF 70-300mm f/4-5.6L IS USM

    Објектив за зумирање од серија L од професионална класа кој е компактен за патувања и идеален за фотографирање движења, животот во дивината и спорт.
  • Објективи за DSLR

    EF 85mm f/1.8 USM

    Лесен, осветлен и брз објектив
  • Објективи за DSLR

    EF 70-200mm f/4L USM

    Компактен телефото објектив за зумирање од серија L со високи перформанси и фиксна решетка од f/4 за патувања и спорт.