Canon EOS 100D

18 мегапиксели за одлични фотографии и видеозаписи. Оптички визир. Интуитивни контроли на екран на допир.

Придобивки

  • Висококвалитетно фотографирање со мал шум преку DSLR фотоапарат кој е неверојатно компактен и можете да го носите насекаде

  • Снимајте фотографии со 18 мегапиксели и Full-HD видео снимки преку истиот фотоапарат

  • Брзо користење, со оптички визир и контроли со брз одзив

  • Голем екран на допир кој е едноставен за користење

  • Фотографирајте брзо и едноставно со автоматското интелигентно откривање на сцени

Детални карактеристики

  • DSLR фотоапарат кој никогаш нема да посакате да го оставите

    EOS 100D е DSLR фотоапарат со брз одзив и многу функции кој е доволно мал и лесен за да го носите насекаде. Идеален фотоапарат за документирање на вашиот живот. Снимајте фотографии од 18 мегапиксели и Full HD видео снимки насекаде и уживајте во одлични перформанси дури и при недоволна осветленост: максималната ISO чувствителност од 12800 (може да се прошири до ISO 25600) ви овозможува да снимате слики со мал шум кои го доловуваат вистинскиот амбиент.

  • Уживајте во едноставно користење

    Обликувајте го кадарот на вашите фотографии со помош на осветлениот оптички визир со брз одзив или користете го Clear View II TFT екранот на допир од 7,7cm (3,0”) со 1.040.000 точки и сооднос на слика од 3:2 за да го контролирате фотоапаратот. Движете се низ менијата, прегледувајте ги сликите, фокусирајте и фотографирајте со допир, преминување со прстите преку екранот и штипнување.

  • Едноставно користење – фантастични резултати

    Технологијата за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon ја анализира сцената и автоматски ги поставува најсоодветните подесувања за фотоапаратот. Штом постигнете одреден напредок во вашето фотографирање, вградениот водич за функции ќе ви објасни како да извлечете максимум од фотоапаратот.

  • Снимајте Full HD видео снимки

    Снимајте висококвалитетни видео записи со резолуција до Full-HD (1080p). Преземете ја контролата врз експозицијата, фокусирањето, звукот и слично или, пак, користете го режимот на кратки видео записи за снимање на обработени видео сцени во самиот фотоапарат. Хибридниот CMOS AF II овозможува континуирано фокусирање за време на снимањето, што е идеално за задржување на остар фокус врз подвижните објекти.

  • Доловете ја акцијата

    Следете и снимајте објекти кои се движат динамично со брзина од 4 fps и искористете ги деветте AF точки за да фокусирате брзо и прецизно, дури и објекти кои не се во средина на кадарот.

  • Зачекорете кон зголемување на креативноста

    Изразете ја вашата креативна страна со еден од креативните филтри на EOS 100D. Функцијата за снимање со дополнителни ефекти ќе ви овозможи истовремено да снимате снимки со филтер и без филтер. Изберете помеѓу црно-бела зрнеста текстура, фотоапарат-играчка, минијатурен ефект и слично и прегледајте ги ефектите на секој филтер пред да започнете да снимате.

  • Режим за сè што сакате да снимите

    Режимите за тематски сцени автоматски ги избираат правилните подесувања на фотоапаратот за објектот кој сакате да го фотографирате. Изберете помеѓу портрет, пејзаж, спорт, деца, храна и друго. А кога ќе бидете подготвени, преминете на креативниот автоматски режим за да добиете поголема контрола врз фактори како заматување на заднина, преку интуитивен интерфејс.

  • Добредојдовте во EOS системот

    Искористете ги предностите на огромната палета на објективи, дополнителна опрема и блицеви кои го сочинуваат EOS системот.

Спецификации

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Фотографирање со голема брзина

  • Континуиран AF при снимање видео снимки

  • Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Верувајте му на вашиот фотоапарат и дознајте повеќе за фотографирањето со оваа бесплатна апликација

  • Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања

  • Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага

  • Употребете креативни ефекти на вашите слики

  • Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување

  • Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин

  • Изборни AF точки за креативно обликување

  • Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин