Canon EOS 1200D
Снимајте извонредни фотографии со 24,1 мегапиксели и Full HD видеоснимки. Зголемете ја креативноста со овој забавен и едноставен DSLR фотоапарат.
Искористете ја секоја можност
Доловете ги чувствата на моментот, со DSLR фотоапарат кој е едноставен за користење и нуди резултати што ќе ве воодушеват.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Снимете ги специјалните моменти од животот со висококвалитетни фотографии и видео снимки
-
Снимајте детали и амбиентални опкружувања, дури и во темни услови
-
Снимајте со соодветни подесувања, користејќи го автоматскиот режим за интелигентно откривање на сцени
-
Едноставен чекор-по-чекор водич за функции и EOS Companion апликација
-
Подобрете ги вашите спомени и станете уметници со креативните филтри
Детални карактеристики
-
Фотографии на кои ќе се гордеете
Сликајте и снимајте видео снимки со квалитет и сопствен карактер. Сликите со 18 милиони точки од EOS 1200D се полни со детали и се доволно големи за печатење во големини до A2+. Видео снимките ќе изгледаат професионално кога ќе ги репродуцирате на вашиот домашен HD телевизор.
-
Доловувајте спомени дури и кога се стемнува
Кога нивото на светлината ќе се намали, EOS 1200D ја зголемува својата чувствителност на светлина со цел вашите слики да ја задржат острината и да се намали потребата за користење на блиц. Фотографирањето со амбиентална светлина претставува одличен начин за доловување на атмосферата на одредени настани и дискретен начин за доловување на драгоцени спомени и природни изрази на лицата.
-
Едноставно користење за сите објекти
При снимањето фотографии со EOS 1200D, фотоапаратот ја анализира и сцената, пребарувајќи светлина, бои и присуството на движење и лица. Овие податоци се користат за подесување на најсоодветните подесувања на фотоапаратот за сцената, без разлика дали се работи за детален пејзаж или динамично движење. Вградениот водич за функции и апликацијата за поддршка ќе ви помогнат да научите повеќе за вашиот фотоапарат, кога ќе посакате.
-
Запознајте се со DSLR фотографирањето со помош на апликацијата EOS Companion
Користете ја апликацијата EOS Companion за да се запознаете со функциите и контролите на вашиот EOS 1200D и дознајте како различните објективи можат да ви понудат нови креативни опции и како да снимате различни објекти. Интерактивните упатства и задачи ќе ве инспирираат и ќе ви помогнат да ги развиете вашите вештини.
-
Ергономски дизајн што ќе сакате да го користите
Оптичкиот визир ви овозможува да ја обликувате и предвидите вашата снимка, така што секогаш ќе бидете подготвени да ги доловите чувствата на моментот. Благодарение на практичните контроли кои се инстинктивни за користење, како и големиот LCD екран од 7,5 см (3”) за прегледување на слики, ќе ви претставува задоволство да го користите EOS 1200D.
-
Изразете ја вашата креативна страна
Нагласете го главниот објект во фотографијата така што ќе го изолирате наспроти мека и заматена заднина - изглед кој е карактеристичен за DSLR фотографирањето. Користете некој од петте креативни филтри за да извршите лично прилагодување на вашите фотографии, меѓу кои и црно-бела зрнеста текстура, фотоапарат-играчка и ефект на рибино око.
-
Бидете во фокус
Задржете ја острината на објектите така што ќе ги поставите под некоја од деветте точки за фокусирање на EOS 1200D. Тие се распределени на визирот, а ви овозможуваат да го поставите објектот во средина на сликата или во некој агол, за да добиете поинтересна композиција.
-
Погледнете го светот преку други очи
Променете ја вашата гледна точка и снимајте различни објекти додека напредувате во фотографирањето, со обемната палета на EF и EF-S објективи од Canon. Доближете се со телефото објектив или опфатете уште повеќе од сцената со објектив за зумирање со извонредно широк агол.
Спецификации
-
Голем CMOS сензор од тип APS-C со 18 мегапиксели за неверојатни детали
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
Ги избира автоматски најдобрите поставки
-
Изборни AF точки за креативно обликување
-
Континуирано фотографирање со брзина до 3 слики во секунда
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Голем осветлен екран за јасно прегледување
-
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин
-
Употребете креативни ефекти на вашите слики
-
Видеоснимки со 1080p со филмски изглед
-
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
-
Експериментирајте со EOS системот
-
Верувајте му на вашиот фотоапарат и дознајте повеќе за фотографирањето со оваа бесплатна апликација
-
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин