Canon EOS-1D X
Одново дефинирани перформанси
Одново дефинирани перформанси
EOS-1D X ја комбинира брзината со квалитетот на слика и ја создава новата генерација на фото апарати за професионалци. Сензорот за целосни слики од 18 мегапиксели со два “DIGIC 5+” процесори ги поставува стандардите, а брзината на фотографирање со 12 кадри во секунда ги надминува тие стандарди.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
CMOS сензор за целосни слики од 18,1 MP
-
До 12fps, плус режим со голема брзина до 14fps
-
100-51200 ISO, до H:204800
-
AF систем со 61 точка
-
Систем за мерење на AE со 100.000 пиксели RGB
-
Full HD 1080p EOS видео
-
Два “DIGIC 5+” процесори
-
Clear View II LCD екран со 1.040k од 8,11 cm (3,2”)
-
Ethernet приклучок
Детални карактеристики
-
CMOS сензор за целосни слики од 18,1 MP
CMOS сензорот за целосни слики од 18,1 MP од Canon обезбедува неверојатни перформанси и создава слики со висока резолуција и исклучително мал шум дури и во најтемни услови. Сензорот за целосни слики обезбедува оптимални резултати со широкоаголните објективи и нуди поголема контрола врз длабочината на поле. Резолуцијата на сликите го надминува квалитетот кој го бараат водечките фотоагенции - правејќи го идеален за печатење со извонредна големина до A2, дури и по отсекувањето.
-
Фотографирање со неверојатно голема брзина
Доловете ја секоја секунда од случувањата со помош на континуираното фотографирање со брзина до 12fps, која се зголемува на неверојатни 14fps во режимот на фотографирање со неверојатно голема брзина со континуирано групно снимање до 180 големи слики во JPEG формат (38 RAW).
-
Огромен ISO опсег
Исклучително широкиот ISO опсег со вредности од 100 до 51200 – кој може да се прошири до неверојатни ISO 204800 – значи дека фотографирањето може да продолжи и во најсветлите услови и кога е речиси мрак.
-
AF систем со 61 точка
AF системот со 61 точки со висока прецизност, кој се одликува со 41 сензор од вкрстен тип со висока чувствителност, обезбедува брзо и прецизно фокусирање на подвижните објекти – независно од условите на осветлување. Централните 5 AF точки се од двоен вкрстен тип и нудат дополнителна прецизност.
-
Постојано, прецизно мерење
Системот за мерење на AE со 100.000 пиксели RGB и со наменски процесор DIGIC 4 не ја мери само осветленоста, туку и боите за да обезбеди прецизна експозиција за резултатите со природен изглед, дури и во ситуации со сложено осветлување.
-
Full HD EOS видео снимки
Снимајте Full HD (1080p) видео со DSLR уред и голем избор на контроли кои може да ги избере корисникот, вклучувајќи експозиција, стапка на слики, звук и компресија. HDMI излезот овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии.
-
Два “DIGIC 5+” процесори
Најновата генерација на два “DIGIC 5+” процесори нуди најбрз и најсовремена обработка на слика досега за добивање на водечки квалитет на сликата. Тој користи 4 A/D конвертори за да обезбеди 14-битна обработка на слика со рамномерна градација на тонови и бои со природен изглед, како и напредно намалување на шум при повисока ISO брзина.
-
Голем, антирефлективен LCD екран
3,2” Clear View II LCD екран со висока резолуција и 1.040k точки овозможува едноставно и прецизно прегледување на сликите и видео снимките. Неверојатно издржливата структура со антирефлективно и зацврстено стакло ги спречува одблесоците дури и при најсилна сончева светлина.
-
Ethernet приклучок
Вградениот Ethernet приклучок овозможува брз и едноставен пренос на слики директно на компјутер или настани во живо до клиентите преку мрежа.
Спецификации
-
CMOS сензор со 18,1 мегапиксели
-
Голем сензор за максимална контрола врз длабочината на поле
-
Фотографирање со голема брзина
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
Остри слики во секакви услови
-
Неверојатни видео снимки од 1080p
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Направете резервна копија од сликите за неколку секунди
-
Голем осветлен екран за јасно прегледување
-
Го заштитува вашиот сензор од прав
-
Комбинирајте повеќекратни кадри во единечна слика
-
Најголем избор на објективи