Canon EOS-1D X Mark II
Сензор од 20,2 мегапиксели за целосни слики. AF систем со 61 точка. До 14fps. ISO до 409.600.
Професионален DSLR од Canon со неверојатна брзина, наменет за фотографирање спортови, вести и животот во дивината
Доловете го моментот во секоја прилика со 20MP EOS-1D X Mark II. EOS-1D X Mark II го подобрува креативниот работен процес на професионалните фотографи како никогаш досега, со извонредно брзо и прецизно фокусирање, квалитетна слика со голем динамички опсег, неверојатни нивоа на детали и острина дури и при слабо осветлување и 4K видеоснимки со помош на CMOS сензор кој е дизајниран и создаден од Canon.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Доловувајте ги објектите со исклучителен квалитет на слика
-
Снимајте остри слики со неверојатно прецизен AF
-
Извонредно голема брзина и сигурни перформанси за доловување на сите моменти
-
Напредното снимање на 4K видеоснимки внесува реалистичност во вашите приказни
-
Снимање и управување со слики со голема брзина
Детални карактеристики
-
CMOS сензорот со 20,2 мегапиксели од Canon со голем динамички опсег, голема ISO чувствителност и вградени опции (како корекции на објективот и напредна обработка на RAW), заедно со стилот на слика со врвни детали и подобрените поставки за баланс на белата боја, му овозможуваат на фотоапаратот EOS-1D X Mark II да снима слики со извонреден квалитет во моментот кога ќе го притиснете копчето за блендата.Напредното интелигентно фокусирање со AF системот, кој го користи алгоритамот AI Servo AF III+ и подобрениот EOS систем за интелигентно следење и препознавање (EOS iTR), овозможува брзо и прецизно фокусирање. Дури и при f/8 се достапни 61 осветлена AF точка, па поради тоа прецизноста на фокусот се зголемува при користење телеконвертори и долги објективи.Надминувајќи ги границите на фотографирањето со голема брзина, EOS-1D X Mark II може да снима со брзина од 14 fps со AF / AE со следење или со брзина до 16 fps во режим за прегледување во живо, благодарение на процесорите DIGIC 6+ и новиот систем за придвижување на огледалото. Со следната генерација на медиумите CFast 2.0™, фотоапаратот може да обезбеди континуирано фотографирање до XXX некомпресирани 14-битни RAW слики. Цврстото магнезиумско куќиште и конструкцијата која нуди заштита од временските услови ќе ви овозможат да го користите уредот дури и во опкружувањата со најлоши услови.Моќта на 4K резолуцијата внесува реалистичност во вашите приказни. Снимајте на CFast 2.0™ медиуми во 4K (4096 x 2160) со максимум 60p или во Full HD со максимум 120p за да добиете креативни забавени движења. Фокусирајте лесно и прецизно со LCD екранот на допир и Dual Pixel CMOS AF, кои нудат извонредно автоматско фокусирање со следење при снимање видеоснимки и во режимот за прегледување во живо, а функционираат со сите EF објективи од Canon.Вградениот GPS и поврзувањето преку SuperSpeed USB 3.0 и гигабитниот мрежен приклучок преку етернет или адаптерот WFT-E8 WiFi овозможува извонредна флексибилност во работните процеси насекаде во светот. Поддршката за IPTC овозможува вметнување текст во EXIF податоците на сликата, поради што се овозможува додавање прецизни и сигурни податоци.