Canon EOS 5D Mark III
Разновиден DSLR фотоапарат за целосни слики кој може да снима слики со 22 мегапиксели со брзина од 6fps и Full-HD видео снимки.
DSLR фотоапарат за целосни слики кој може да снима слики со 22 мегапиксели со брзина од 6fps и Full-HD видео снимки.
EOS 5D Mark III е DSLR фотоапарат за целосни слики со 22,3 MP, автоматски фокус со 61 точка и континуирано фотографирање со 6fps. Снимајте висококвалитетни Full HD видео снимки со рачна контрола на сите подесувања, почнувајќи од стапка на слики па сè до звук.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Сензор за целосни слики со 22,3 мегапиксели
-
Автоматски фокус со 61 точка
-
Континуирано фотографирање со 6 fps
-
ISO чувствителност од 100–25.600, може да се прошири до ISO 102.400
-
Full-HD видео со рачна контрола
-
Некомпресиран HDMI излез со Full HD 8-битен 4.2.2 формат
-
14-битен DIGIC 5+ процесор
-
Заштитата од временски услови
-
8,11cm (3,2-инчен) екран со 1.040.000 точки
-
HDR режим
Детални карактеристики
-
Сензор за целосни слики со 22,3 мегапиксели
Снимајте висококвалитетни слики кои се полни со детали со помош на CMOS сензорот со 22,3 мегапиксели и процесорот за слика DIGIC 5+. Боите се светли, но природни, а фините детали се доловуваат дури и во површини со темни сенки и осветлени делови.
-
Висококвалитетни перформанси, дури и при слаба осветленост
EOS 5D Mark III обезбедува врвен квалитет на слика, независно од условите на осветлување. Продолжете да фотографирате рачно дури и по заоѓање на сонцето, благодарение на опсегот на чувствителност со ISO вредности од 100–25.600 (може да се прошири до ISO 102.400).
-
Автоматски фокус за широка површина со 61 точка
Фокусирајте брзо и прецизно, дури и објекти кои не се наоѓаат во централниот дел, со помош на системот за автоматски фокус за широка површина со 61 точка. 41 точка од вкрстен тип (од нив, пет се извонредно чувствителни и од двоен вкрстен тип) кои овозможуваат следење на подвижни предмети со висока прецизност.
-
Континуирано фотографирање со голема брзина
Следете ги случувањата со 6fps и континуирано снимање до 16.270 JPEG слики на картичка во една серија со режимот UDMA 7.
-
Обработка на слика со голем динамичен опсег
Зачувајте ги деталите во површините со осветлени делови и сенки со функцијата за создавање на HDR слики во самиот фотоапарат.
-
Full-HD видео со рачна контрола
Уживајте во висококвалитетно Full HD видео со резолуција од 1080p. Некомпресираниот HDMI излез овозможува снимање видео материјал со резолуција од 1920x1080 и 8-битен 4.2.2 формат на надворешни снимачи за да одговара на различни работни процеси. Користете ги рачните контроли и сеопфатната палета на EF објективи од Canon за да постигнете визуелни ефекти како во кино.
-
Звук со одличен квалитет
Додадете звук на вашиот видео материјал каков што заслужува. EOS 5D Mark III овозможува снимање на дигитален стерео звук со 48KHz и нуди рачна контрола на нивото на звукот. Стандардниот приклучок за микрофон од 3,5mm овозможува користење на микрофони од трети производители, додека приклучокот за слушалки овозможува следење на звукот при снимањето.
-
Функции за уредување во самиот фотоапарат
Започнете со дигиталното уредување пред да се вратите дома. Оценете ги вашите слики на скала од еден до пет и истовремено споредувајте две слики на екранот. Користете ја функцијата за обработка на Raw во самиот фотоапарат за да ги откриете креативните можности – како што е конверзијата во црно-бело и ретроспектива на балансот на белата боја.
-
Создаден за да се носи насекаде
Магнезиумското куќиште нуди цврстина и издржливост без зголемување на тежината. Заштитата од временски услови нуди заштита од прав и влага.
Спецификации
-
CMOS сензор со 22,3 мегапиксели
-
Голем сензор за максимална контрола врз длабочината на поле
-
Остри слики во секакви услови
-
Фотографирање со голема брзина
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
Неверојатни видео снимки од 1080p
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Голем осветлен екран за јасно прегледување
-
Направете резервна копија од сликите за неколку секунди
-
Динамички режим со голем опсег
-
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
-
Најголем избор на објективи