Canon EOS 5DS R

Сестрински фотоапарат од 50,6 мегапиксели на EOS 5DS. Со филтер за поништување на дефокусирањето за извонредно остри детали.

Придобивки

  • Беспрекорна DSLR јасност и резолуција

  • Реагирајте времено, за да бидете чекор понапред од случувањата

  • Исклучителна острина кога навистина е потребна

  • Создадени за начинот на кој работите

  • Вградените функции во фотоапаратот ја зголемуваат вашата креативност

Детални карактеристики

  • Погледнете повеќе детали и нови нивоа на квалитет на слика

    Снимајте извонредни деталиCMOS сензорот за целосна слика со 50,6 мегапиксели може да снима извонредни нивоа на детали. Извонредно високата резолуција овозможува обемно отсекување, а сепак го задржува неверојатниот квалитет на сликата. Дури и вградените режими за фотографирање со отсекување од 1,3x и 1,6x создаваат фајлови од 30,5 и 19,6 мегапиксели, соодветно.Подобрена јасност Филтерот за поништување на дефокусирањето ја подобрува јасноста и острината на сликите со висока резолуција со минимален ризик од појава на артефакти, поради што EOS 5DS R претставува одлична опција за фотографирање на отворено или во контролирани услови во студио. Печатете слики со квалитет како фина уметност со големина до A0 и повеќе Печатете слики со извонредно висока резолуција во голем формат – A0 и поголеми - со мал шум, реални тонови на кожата и исклучително прецизна репродукција на бои, благодарение на двата процесори DIGIC 6 со високи перформанси.Намалени вибрации на огледалото за максимална остринаEOS 5DS R го користи системот за контрола на вибрациите на огледалото од Canon за да ги намали вибрациите предизвикани од внатрешните движења во самиот фотоапарат, кои можат да ја намалат острината на сликата и да ја намалат резолуцијата. За движење на моторот нагоре и надолу со поголема контрола се користат валјаци, со што се избегнуваат ненадејни запирања и се добива порамномерен звук при активирање на блендата.

  • Реагирајте времено, за да бидете чекор понапред од случувањата

    Уживајте во брза обработка на слика и одзив на фотоапаратот – дури и при доловување на огромните количини на податоци со сензорот од 50,6 MP - благодарение на двата DIGIC 6 процесора. Доловете ги сите случувања со неверојатната можност за снимање слики со резолуција од 50,6 MP и брзина од 5fps, а поврзувањето преку USB 3.0 овозможува фотографирање со високи перформанси и голема брзина и далечинска контрола на фотоапаратот.

  • Исклучителна острина кога навистина е потребна

    Автоматски фокус за широка површина со 61 точкаФокусирајте брзо и прецизно, дури и во услови со слабо осветлување, користејќи го AF системот со 61 точка. 41 точка за фокусирање од вкрстен тип, вклучувајќи и пет неверојатно чувствителни точки од двоен вкрстен тип, кои нудат неверојатна прецизност. Напредно следење објекти и препознавање AF технологијата со паметно следење и препознавање (iTR) на EOS користи информации за бои и лица за да ги препознае и следи објектите кои се движат во кадарот. Брзиот одзив на AF може да се прилагоди преку едноставна алатка која го прилагодува следењето со фокусот во зависност од опкружувањето во кое фотографирате и објектот, така што другите предмети кои поминуваат пред фотоапаратот нема да пречат на фокусирањето.Избор на AF точкаКористете ги сите 61 AF точки заедно или групирајте ги во подвижни зони кои ќе ги опфатат објектите кои се далеку од центарот. Или, пак, изберете само една AF точка за прецизно фокусирање на одреден дел од сцената.

  • Создадени за начинот на кој работите

    Прилагодливи контроли Прилагодете ги поставките на фотоапаратот за претстојната задача и зачувајте ги омилените функции за лесно користење во иднина.Интелигентен визир II Уживајте во осветлена (приближно) 100 процентна слика со прилагодлив приказ на информации. Отсекувањата од 1,6x и 1,3x може да се маскираат во визирот и да се зачуваат како JPEG фајлови.Прилагодлив екран Флексибилно менување на видот, големината и положбата на иконите на екранот за брза прилагодена контрола на фотоапаратот, за полесно пронаоѓање на омилените поставки.Заштитата од временски условиПродолжете да фотографирате сигурно, независно од условите, благодарение на контролите со заштита од временски услови како вода и прав, и издржливата конструкција од магнезиумска легура.Два отвора за мемориски картичкиОтворите за CompactFlash и SD мемориски картички овозможуваат автоматско правење на резервни копии од фајловите додека фотографирате, за едноставно споделување со клиенти и зголемување на капацитетот за складирање.

  • Вградените функции во фотоапаратот ја зголемуваат вашата креативност

    Обработка на слика со голем динамичен опсег Зачувајте ги деталите во површините со осветлени делови и сенки со HDR обработката на слики. Идеален за фотографирање пејзажи и мртва природа, а нуди комбинации од три слики со различни експозиции: стандардни, со недоволна експозиција и со преголема експозиција.Повеќе експозицииСоздавајте неверојатни композитни слики во самиот фотоапарат користејќи го режимот за повеќе експозиции, кој ги поставува сликите една врз друга и нуди избор на опции за автоматска контрола на повеќе експозиции. Full HD EOS видео снимкиСнимајте Full HD EOS видеоснимки, со креативна рачна контрола на сликата и звукот.Стил на слика со врвни детали Дајте им приоритет на градациите и деталите снимени со сензорот со висока резолуција и стилот на слика со врвни детали, кој нуди и вградени параметри за прилагодување на острината како праг и подобрување на JPEG фајлови - за да можете да создавате слики кои оставаат голем впечаток директно преку фотоапаратот. Функции за фотографирање со тајмерСоздавајте одлични видеоснимки со забрзано движење со помош на вградениот тајмер со интервали кој може однапред да се програмира. Ако сакате да фотографирате со неверојатно долга експозиција, блендата може да се заклучи во режим на сијалица во определен временски период.

Спецификации

  • CMOS со 50,6 MP

  • Двоен DIGIC 6

  • 150k + IR metering sensor

  • До 5,0 слики во секунда

  • Автоматски фокус со 61 точка

  • Фотографирање со отсекување од 1,3x, 1,6x, 1:1

  • USB 3.0

  • Систем за контрола на вибрациите на огледалото

  • Фотографирање со тајмер со интервали