Canon EOS 600D

Вашата авантура со EOS започнува овде

Придобивки

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Автоматски режим за интелигентно откривање на сцени

  • Full-HD EOS видео

  • Водич за функции на екранот

  • Континуирано снимање со брзина до 3,7fps

  • AF со 9 точки и широка површина

  • 7,7cm (3,0”) екран со променлив агол и 1.040k точки

  • Basic+ и креативни филтери

  • Вградена контрола за безжичен блиц

Детални карактеристики

  • APS-C CMOS сензор со 18 MP

    CMOS сензорот со 18 мегапиксели и APS-C големина снима јасни слики кои се исполнети со детали. Високата резолуција овозможува печатење на огромни големини и флексибилност со отсекување на сликите за поинакви композиции.

  • ISO чувствителност од 100-6400

    ISO опсегот од 100-6400, кој може да се прошири до ISO 12.800, овозможува висококвалитетно рачно фотографирање во услови со слаба осветленост, без потреба од блиц.

  • 14-битна обработка на слика

    Во срцето на EOS 600D од Canon има 14-битен DIGIC 4 процесор на слика кој обезбедува исклучителна репродукција на бои, рамномерна градација на тонови и одлична контрола на шумот.

  • Автоматски режим за интелигентно откривање на сцени

    Автоматскиот режим за интелигентно откривање на сцени детално ја анализира секоја сцена и секогаш ги одбира вистинските подесувања на фотоапаратот, така што вие ќе можете да се концентрирате на она што е важно – вашето фотографирање.

  • Водич за функции на екранот

    Водичот за функции кај EOS 600D нуди опис за многу функции на фотоапаратот, како и совети за нивното користење.

  • Full-HD EOS видео

    Снимајте Full-HD видео со рачна контрола на стапката на сликите, експозицијата и звукот. Технологијата на куси видео записи врши спојување на кратки видео снимки од 2, 4 или 8 секунди во еден видео фајл, за добивање на материјал кој изгледа професионално уреден, додека дигиталното зумирање на видео овозможува зголемување од 3-10x.

  • AF систем со 9 точки и iFCL мерење

    Девет AF точки, во кои спаѓа еден централен сензор од вкрстен тип, распределени низ кадарот за брзо и прецизно фокусирање, дури и на објекти кои не се централно поставени. iFCL мерењето со 63 зони секогаш обезбедува прецизна експозиција.

  • 7,7cm (3,0”) екран со променлив агол и 1.040k точки

    Снимајте од уникатни агли со помош на 7,7cm (3,0”) 3:2 Clear View LCD екран, кој содржи 1.040.000 точки за зголемена јасност.

  • Basic+

    Технологијата Basic+ им овозможува на фотографите да ги прилагодат основните автоматски подесувања според условите на осветлување или амбиентот.

  • Ефекти со креативни филтери

    Ефектите со креативни филтери, во кои спаѓаат ефектите фотоапарат-играчка, мек фокус, минијатурен ефект, црно-бела зрнеста текстура и ефект на рибино око, може да се применат на Raw и JPEG фајлови по снимањето.

  • Вградена контрола за безжичен блиц

    Интегрираниот контролор за безжични Speedlite блицеви и технологијата за едноставно безжично поврзување овозможува користење на надворешен TTL блиц без потреба од дополнителна опрема.

  • Се користи со сите EF и EF-S објективи

    EOS 600D е поддржан од целосниот систем на: блицеви, далечински копчиња и над 60 објективи на кои им веруваат професионални фотографи од целиот свет.

Спецификации

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања

  • Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување

  • Изборни AF точки за креативно обликување

  • Континуирано фотографирање

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Пренослив екран за креативно обликување

  • Голем осветлен екран за јасно прегледување

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин

  • Употребете креативни ефекти на вашите слики

  • Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин

  • Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага

  • Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат

  • Експериментирајте со EOS системот