Canon EOS 60Da

Наменет за астрофотографите кои бараат дополнителна чувствителност за инфрацрвена светлина, за специјална намена.

Придобивки

  • Поголема чувствителност за инфрацрвената светлина.

  • APS-C CMOS сензор со 18 мегапиксели.

  • 3:2 Clear View LCD екран со променлив агол од 7,7cm (3,0”).

  • ISO 100-6400, може да се прошири до ISO 12.800.

  • Снимање на долг временски период со помош на софтверот EOS Utility или изборниот TC-80N3.

Детални карактеристики

  • чувствителност на светлина со голема бранова должина

    Изработен според популарниот фотоапарат EOS 60D, EOS 60Da се одликува со зголемена чувствителност на светлина со H-a бранова должина, која го прави идеален за примена во астрономијата. изменетиот филтер за ниски фреквенции го подобрува снимањето на инфрацрвени феномени, како разлеани облачни маси, за приближно три пати во споредба со EOS 60D.

  • Висока резолуција

    Снимајте фотографии со висока резолуција кои се полни со детали. CMOS сензорот со 18 мегапиксели работи заедно со 14-битен DIGIC 4 процесор за слика со цел да обезбеди слики кои имаат мал шум, дури и при снимање со долга експозиција или со висока ISO чувствителност (макс. ISO 6400, може да се прошири до ISO 12.800).

  • LCD екран со променлив агол

    Обликувајте го кадарот, фокусирајте и фотографирајте од кој било агол со 3:2 Clear View LCD екранот со променлив агол од 7,7cm (3,0”), дури и кога фотоапаратот е прикачен на телескоп.

  • Снимање на долг временски период

    За снимање на долг временски период, EOS 60Da нуди компатибилност со изборниот далечински управувач TC-80N3 (при користење на испорачаниот адаптер RA-E3). Можно е далечинско управување на фотоапаратот и снимање со друг уред од кој било PC или Mac компјутер, со користење на испорачаниот софтвер EOS Utility.

Спецификации

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Голем и јасен приказ на вашата сцена

  • Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување

  • Изборни AF точки за креативно обликување

  • Континуирано фотографирање

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Пренослив екран за креативно обликување

  • Голем осветлен екран за јасно прегледување

  • Употребете креативни ефекти на вашите слики

  • Изберете го соодветниот сооднос на слика за вашата фотографија

  • Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин

  • Прилагодете го нивото на вашиот фотоапарат за да добиете прави хоризонти

  • Уредување и обработка на RAW слики во фотоапаратот

  • Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат