Canon EOS 650D
Висококвалитетен EOS уред од основна класа. Прв избор за оние кои ги започнуваат своите DSLR авантури.
Висококвалитетен EOS уред од основна класа. Прв избор за оние кои ги започнуваат своите DSLR авантури.
Идеален почеток во светот на обработка на слики со EOS уреди. Сензорот со 18,0 мегапиксели кај EOS 650D нуди врвни резултати и за фотографии и за Full HD видео снимки. Clear View LCD II екранот на допир со променлив агол го олеснува фотографирањето.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
APS-C CMOS сензор со 18,0 MP
-
Full-HD видео снимки со рачна контрола и континуиран AF
-
Континуирано фотографирање со 5 fps
-
Clear View LCD II екран на допир со променлив агол
-
ISO чувствителност од 100-12.800, може да се прошири до ISO 25.600
-
AF на широко поле во 9 точки
-
Вграден Speedlite предавател
Детални карактеристики
-
Напреден квалитет на слика
Доловете ги сите детали со резолуција од 18 мегапиксели и уживајте во рамномерни тонови и прецизни бои со 14-битната обработка на слика со DIGIC 5. EOS 650D создава фајлови кои се доволно големи за печатење со големи димензии или, пак, за отсекување со цел да добиете поинакви композиции без намалување на квалитетот.
-
Изработувајте проекти со Full HD видео снимки
Снимајте видео снимки со беспрекорен квалитет и резолуција од 1080p и уживајте во соодветното ниво на автоматска или рачна контрола кое ви одговара. Автоматскиот фокус функционира и при снимање видео, а вградениот микрофон овозможува снимање на висококвалитетен стерео звук.
-
Бидете во чекор со динамичните случувања
Прецизно следење на подвижните објекти низ целиот кадар со помош на систем за автоматско фокусирање кој е составен од девет вкрстени AF точки. Континуираното фотографирање со брзина од 5 fps за групно снимање до 22 слики значи дека никогаш нема да го пропуштите одлучувачкиот момент.
-
Откријте нови гледни точки
EOS 650D се одликува со Clear View LCD II екран на допир од 7,7cm (3,0”) со променлив агол и сооднос од 3:2, кој се отвора и ротира за 270º. Тоа овозможува снимање на видео записи и фотографии од поинакви гледни точки – како на пример над толпа луѓе или од висина на половината.
-
Контрола преку екран на допир
Уживајте во поинаков пристап до контролите на EOS 650D преку Clear View LCD II екранот на допир со променлив агол. Фотографирајте и фокусирајте со еден допир и користете гестикулации како штипнување и преминување со прстите преку екранот при прегледување на сликите.
-
Перформанси при слаба осветленост
EOS 650D може да снима слики со опсег на чувствителност со ISO вредности од 100-12.800 (може да се прошири до ISO 25.600), овозможувајќи рачно фотографирање при слаба осветленост без користење на блиц.
-
Вграден Speedlite предавател
Откријте ги можностите за креативно осветлување со позиционирање на надворешни Speedlite блицови од Canon, контролирајќи ги преку вградениот Speedlite предавател на EOS 650D.
-
Автоматско интелигентно откривање на сцени
Технологијата за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon ја анализира секоја сцена и автоматски ја поставува најсоодветната комбинација на подесувања на фотоапаратот.
-
Одлични резултати во тешки услови
Контролирањето на HDR задното осветлување овозможува снимање на три слики со различни експозиции кои се комбинираат во една слика, задржувајќи ги деталите во сенките и осветлените површини. Режимот за рачно снимање на ноќни сцени кај EOS 650D овозможува снимање на повеќе слики со голема брзина на блендата кои меѓусебно се спојуваат за добивање на резултати без заматување.
Спецификации
-
CMOS сензор со 18 мегапиксели
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
Фотографирање со голема брзина
-
Континуиран AF при снимање видео снимки
-
Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Пренослив екран за креативно обликување
-
Неверојатни видео снимки од 1080p
-
Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања
-
Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага
-
Употребете креативни ефекти на вашите слики
-
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
-
Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин
-
Изборни AF точки за креативно обликување
-
Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат
-
Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин