DSLR-фотоапарати
Canon EOS 6D
Нашиот најмал и најлесен EOS DSLR за целосна слика. CMOS сензор за целосни слики од 20,2 мегапиксели. Вграден Wi-Fi и GPS.
Вашиот влез во светот на целосните слики
DSLR фотоапарат со 20,2 мегапиксели кој се одликува со сензор за целосни слики и компактен дизајн. Идеален за фотографирање портрети и за патувањата, нуди одлична контрола врз длабочината на полето и голем избор на широкоаголни EF објективи.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Сензор за целосни слики со 20,2 мегапиксели
-
Издржлива лесна конструкција
-
Макс. ISO 25.600 (може да се прошири до ISO 102.400)
-
AF со 11 точки и чувствителност до -3EV
-
GPS* снимање на вашата локација
-
Wi-Fi** пренос на фајлови и далечинско управување
-
Full-HD видео
Детални карактеристики
-
CMOS сензор за целосни слики од 20,2 мегапиксели
Во срцето на EOS 6D се наоѓа CMOS сензорот за целосни слики и 20 мегапиксели, како и моќниот DIGIC 5+ процесор за слика. Комбинацијата на овие два елементи обезбедува јасни слики кои се исполнети со детали. Репродукцијата на боите е прецизна, додека градацијата на тоновите е суптилна и природна.
-
Предноста на целосната слика
Уживајте во пристапот до широкоаголните EF објективи и откријте нови приоди кон пејзажите, ентериерите и уличното фотографирање. Дополнителната контрола врз длабочината на полето обезбедена од сензорот за целосни слики е совршена за постигнување поголем впечаток со вашите портрети.
-
Дизајниран за патувањата
Апаратот е доволно лесен за да го понесете насекаде со вас, но и доволно робустен за да ги издржи строгите услови на фотографирањето при патувањата. Едноставните контроли и интуитивната ергономија обезбедуваат брзо и едноставно користење на EOS 6D.
-
Моќни перформанси при слаба осветленост
Кога нивото на осветленост е ниско, EOS 6D сè уште може да создаде извонредни фотографии. ISO чувствителноста се протега од ISO 100 до ISO 25.600 (може да се прошири до L:50, H1:51.200, H2:102.400), додека системот за автоматски фокус со 11 точки има одзив дури до -3EV. Ова е доволно чувствително за ракување и под светлината на месечината.
-
Обликувајте ги кадрите со леснотија
Работете интуитивно со осветлениот визир за целосни слики кај EOS 6D. 7,6 cm (3,0”) Clear View II LCD екранот со 1.040.000 точки овозможува снимањето на фотографии и Full-HD видео при режим во живо да биде вистинско задоволство.
-
Креативни функции дизајнирани за вас
Зачувајте ги деталите во осветлените и засенетите делови со помош на HDR (висок динамички опсег) режимот на снимање кај EOS 6D и креирајте композитни слики со алатката за повеќе експозиции. Компензацијата на експозиција во ±5 чекори и автоматско групирање на експозиции во ±3 чекори овозможува флексибилност и фино прилагодување на експозицијата.
-
GPS го следи секое ваше движење
Вградениот GPS ја одредува точната локација и вметнува географска ознака во секој фајл со слика. Во режимот на GPS евиденција се снима запис на вашата рутина додека се движите, дури и кога фотоапаратот е исклучен.
-
Wi-Fi за неспоредливо поврзување
Снимајте од далечина, од алтернативни гледни точки: поврзете се и контролирајте го вашиот EOS 6D со помош на вашиот PC, Mac или smartphone уред. Сликите можете да ги префрлите безжично и да ги споделите со семејството и пријателите.
-
Full-HD видео
Снимајте Full-HD видео со резолуција од 1080p, искористувајќи ја предноста на објективите со брза решетка и целосната рачна контрола за постигнување на кино ефекти.* Употребата на GPS уредот може да биде ограничена во одредени земји или региони. Користењето на GPS уред треба да биде во согласност со законите и правилата на државата и областа во која се употребува, вклучувајќи ги и сите ограничувања за користење на електроника.**Поддршката за Wi-Fi е различна во зависност од уредот и регионот
Спецификации
-
CMOS сензор со 20,2 мегапиксели
-
Голем сензор за максимална контрола врз длабочината на поле
-
Одлични снимки при слаба осветленост
-
Континуирано фотографирање
-
Изборни AF точки за креативно обликување
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Голем и јасен приказ на вашата сцена
-
Голем осветлен екран за јасно прегледување
-
Динамички режим со голем опсег
-
Комбинирајте повеќекратни кадри во единечна слика
-
Неверојатни видео снимки од 1080p
-
Означете ги вашите слики со податоци за локацијата
-
Споделете ги вашите слики и контролирајте го вашиот фотоапарат преку WiFi
-
Уредување и обработка на RAW слики во фотоапаратот
-
Најголем избор на објективи