DSLR-фотоапарати
Canon EOS 750D
Снимајте извонредни слики без напор со помош на сензорот со 24,2 MP, DSLR технологија и автоматскиот режим за интелигентно откривање на сцени.
Врвен квалитет со едноставно споделување преку NFC и Wi-Fi за сите кои преминуваат на фотографирање со DSLR
Снимање подобри слики без напор. Опремен со најновата технологија, овој фотоапарат со 24,2 мегапиксели се одликува со Wi-Fi и NFC за едноставно споделување на неверојатни фотографии со DSLR квалитет и Full HD видеоснимки со квалитет како во кино.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Издигнете ги вашите слики на повисоко ниво со EOS 750D
-
Снимајте неверојатни детали во секоја прилика на едноставен начин
-
Снимајте видеоснимки со квалитет како во кино подеднакво лесно како што снимате фотографии
-
Поврзете се и споделувајте ги вашите слики со светот на едноставен начин
-
Збогатете ја вашата креативност со режимите за едноставно фотографирање
Детални карактеристики
-
Издигнете ги вашите слики на повисоко ниво со EOS 750D
Зачекорувањето во неверојатниот свет на DSLR е лесно со EOS 750D кој содржи најразлични технологии. Само изберете автоматско интелигентно откривање на сцени и фотоапаратот ќе се погрижи за сите поставки – оставајќи ве слободни да го користите LCD екранот на допир со променлив агол за да фотографирате од нови агли и совршено да го обликувате кадарот на снимките.
-
Снимајте неверојатни детали во секоја прилика на едноставен начин
Снимајте живописни и детални снимки – независно од ситуацијата - благодарение на APS-C сензорот со 24,2 мегапиксели, процесорот DIGIC 6 и брзиот систем за автоматско фокусирање со 19 точки. Снимајте слики за паметење при слаба осветленост, искористувајќи ја максимално амбиенталната светлина со ISO 100-12800 (може да се прошири до ISO 25600).
-
Снимајте Full HD видеоснимки со квалитет како во кино подеднакво лесно како што снимате фотографии
Снимањето и споделувањето извонредни Full HD видеоснимки во MP4 формат е подеднакво лесно како и снимање фотографии. Вашите видеоснимки ќе изгледаат како проекции во кино благодарение на DSLR контролата врз длабочина на поле, а фокусирањето е рамномерно, прецизно и едноставно со хибридниот CMOS AF III и палетата на STM објективи на Canon.
-
Поврзете се и споделувајте ги вашите слики со светот на едноставен начин
Споделувањето е многу лесно. Технологијата Wi-Fi со NFC овозможува едноставно префрлување на слики во компатибилни паметни телефони, таблет уреди, печатачи со Wi-Fi или Canon Connect Station. Исто така, можете да експериментирате со далечинско фотографирање преку апликацијата Camera Connect и да го контролирате вашиот фотоапарат преку паметен уред.
-
Збогатете ја вашата креативност со режимите за едноставно фотографирање
Збогатете ја вашата креативност за фотографирање. Оставете го фотоапаратот да ја врши тешката работа за да можете да експериментирате со големиот избор на режими за сцени или, кога ќе бидете подготвени, фотографирајте со целосна рачна контрола. Исто така, можете да го зголемите опсегот на можности за снимање видеоснимки со функции како минијатурен ефект на видео.
Спецификации
-
CMOS со 24,2 мегапиксели
-
Моментно поврзување со компатибилни уреди со NFC
-
Споделете ги вашите слики и контролирајте го вашиот фотоапарат преку WiFi
-
Изборни AF точки за креативно обликување и следење на објектот
-
Континуиран AF при снимање видео снимки
-
Фотографирање со голема брзина
-
Пренослив екран за креативно обликување
-
Моќна обработка со DIGIC
-
Неверојатни видео снимки од 1080p
-
Голем осветлен екран за јасно прегледување
-
Одлични снимки при слаба осветленост