Фотоапарати без огледало

Canon EOS M

Генерација M со огромна моќ

Придобивки

  • Квалитет како кај дигиталните SLR фотоапарати, сместен во компактно куќиште

  • Автоматско интелигентно откривање на сцени

  • Истражете различни опции со заменливите објективи

  • Направете дефокусирани заднини кои оставаат силен впечаток

  • Екран на допир кој е едноставен за користење

  • Амбиентални фотографии при слаба осветленост

  • Full-HD видео со режим на кратки видео записи

Детални карактеристики

  • Компактен дизајн. Врвен квалитет на слика

    Снимајте слики кои се исполнети со неверојатни бои и острина, кои може да се печатат во големини до A2 со извонредни детали. Сензорот со 18 мегапиксели и APS-C големина се одликува со исти димензии како и сензорите кои се вградуваат во EOS DSLR фотоапаратите, а го нуди и истиот врвен квалитет на слика.

  • Правилни подесувања при секое фотографирање

    При снимањето фотографии со EOS M, функцијата за автоматско интелигентно откривање на сцени на фотоапаратот врши анализа и на објектот, проценувајќи ги боите, светлината, движењата, па дури и присуството на луѓе. Овие податоци се користат за избирање на најсоодветните подесувања на фотоапаратот, со цел да добиете најдобри можни резултати.

  • Слобода за изразување на вашата креативност

    EOS кој се одликува со квалитет како DSLR, сместен во компактно куќиште кое може да го носите насекаде. Променете го вашиот EF-M објектив за да ја промените вашата гледна точка и уживајте во поддршката за палетата на EF и EF-S објективи со помош на изборниот адаптер за монтирање EF-EOS M.

  • Креативност на едноставен начин

    Снимајте прекрасни слики, користејќи рамномерни дефокусирани заднини за да добиете професионален изглед кој остава силен впечаток. Добијте напредни креативни ефекти на брз и едноставен начин со помош на контролите кои се едноставни за користење.

  • Едноставно користење. Одлични резултати

    Едноставните контроли овозможуваат брзо и едноставно користење, така што секогаш ќе бидете подготвени да ја изразите својата креативност. Clear View II LCD екранот на допир од 7,7cm (3”) нуди интуитивна контрола на функциите од менито, како и можност за фокусирање и фотографирање со еден допир.

  • Амбиентални фотографии при слаба осветленост

    EOS M ги одржува перформансите на највисоко ниво, дури и кога нивото на светлина се намалува. Хибридниот автоматски фокус обезбедува извонредно остри фотографии, а мерењето на експозицијата со проценка ја избира најсоодветната брзина на блендата и отворот на решетката. Фотографирајте рачно во услови со слаба осветленост без да користите блиц или статив, благодарение на максималната чувствителност од ISO 12.800 (може да се прошири до ISO 25.600).

  • Подвижни слики

    Снимајте Full-HD видео записи со истиот фотоапарат што го користите за снимање фотографии. Уживајте во врвен квалитет на слика дури и при слаба осветленост и откријте нови креативни можности, како што е фокусот на мало растојание. Надополнете го вашиот снимен видео материјал со куси видео записи. Снимете серија кратки записи со времетраење од 2, 4 или 8 сек., уредете ги и репродуцирајте ги заедно како видео слајд шоу во еден видео фајл.

Спецификации

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Континуиран AF при снимање видео снимки

  • Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања

  • Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага

  • Употребете креативни ефекти на вашите слики

  • Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин

  • Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин