Canon Macro Twin Lite MT-24EX

Управувајте со насоката на светлината и со моќта со овој разновиден двоен макро блиц со E-TTL мерење на блиц.

Придобивки

  • E-TTL II мерење на блиц

  • Број на водич 24

  • Може да функционира како безжичен главен блиц

  • Две глави на блицот кои можат да се активираат заедно или посебно

  • Можност за блиц за моделирање

  • Се прикачува на предниот дел на макро објективите или, пак, главите можат независно да се постават

Детални карактеристики

  • Автоматско мерење на блиц

    Компатибилност со сите EOS дигитални SLR фотоапарати, двојниот макро светлосен прстен MT-24EX овозможува целосно автоматско E-TTL II мерење на блицот за прецизна експозиција на блицот во секакви ситуации. Секоја глава на блицот се одликува со број на водич 12, овозможувајќи комбинирана моќност од број на водич 24. Тој обезбедува доволна моќност на блицот дури и при фотографирање со големо зголемување.

  • Контрола на сооднос

    Контролирајте ги двете глави на блицот, заедно или посебно, за да добиете креативни резултати. Прилагодете ја контролата на соодносот помеѓу главите на блицот со опсегот од шест чекори за создавање на ефекти со сложено осветлување. Кружниот приклучок на објективот* овозможува ротирање на двојниот светлосен прстен околу објективот за добивање на странично осветлување или осветлување на горниот и долниот дел. Отстранете ги двете глави на блицот од прстенот за прикачување и поставете ги одделно за да добиете поголема контрола на насоката на светлината или посложено осветлување.

  • Безжичен главен блиц

    Користете ја функцијата за безжичен главен блиц за далечинско активирање на Speedlite блицеви од серијата EX. Контролирањето на трет уред за осветлување со еден или повеќе споредни Speedlites блицеви овозможува поефикасно осветлување на останатите области од сцената, како позадината.

  • Светла за фокусирање

    Фотографирањето со големо зголемување може да го отежне фокусирањето. Светлата за фокусирање на секоја глава на блицот овозможуваат осветлување на објектот за полесно рачно фокусирање. Двете различни подесувања на блицот за моделирање овозможуваат активирање на треперечки блиц со копчето за прегледување на длабочината на полето. Зададеното подесување ги активира двете цевки според соодветното подесување на моќноста за да овозможи прецизна проценка на местата кои ќе бидат покриени со сенка.

  • Извор на напојување со енергија

    MT-24EX е лесен и пренослив, а се напојува со 4xAA батерии или надворешна батерија за напојување како CP-E4. Батериите од типот AA овозможуваат брзо обновување за да можете да продолжите со фотографирањето без да чекате помеѓу снимките.

  • Функции за прилагодување

    Благодарение на деветте функции за прилагодување, MT-24EX. може да се подеси според вашите лични потреби. * За EF 180mm f/3,5L макро USM објектив потребен е адаптер за макро светлосен прстен 72C, а за EF 100mm f/2,8L макро IS USM објектив потребен е адаптер за макро светлосен прстен 67C

Слична дополнителна опрема

  • Speedlite 270EX II

    Откријте ја креативната страна на осветлувањето со компактниот и лесен за користење блиц.
  • Speedlite 320EX

    Вашата патека кон креативно фотографирање со блиц
  • Speedlite 430EX II

    Моќниот и разновиден блиц Speedlite 430EX II ќе ги зголеми вашите опции за фотографирање со бројот на водич 43, можноста за спореден безжичен блиц, девет прилагодливи функции и главата за зумирање од 24-105mm.
  • Speedlite 600EX-RT

    Моќен блиц кој може да се користи и кога е прикачен и кога не е прикачен на фотоапаратот. Вграденото активирање со радиофреквентни бранови нуди далечинско контролирање на осветлувањето на растојанија до 30m.
  • Macrolite Adapter 52C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 52 mm.

  • Адаптер за Macrolite 58C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 58 mm.
  • Macrolite Adapter 67

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 67 mm.
  • Адаптер за Macrolite 72C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 72 mm.