Canon Speedlite 430EX II
Моќниот и разновиден блиц Speedlite 430EX II ќе ги зголеми вашите опции за фотографирање со бројот на водич 43, можноста за спореден безжичен блиц, девет прилагодливи функции и главата за зумирање од 24-105mm.
Разновиден Speedlite блиц со огромна моќност за секаква намена
Моќниот и разновиден блиц Speedlite 430EX II ќе ги зголеми вашите опции за фотографирање со бројот на водич 43, можноста за спореден безжичен блиц, девет прилагодливи функции и главата за зумирање од 24-105mm.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
E-TTL II мерење на блиц
-
Број на водич 43*
-
Можност за безжичен спореден блиц
-
Глава за зумирање од 24-105mm со дифузер од 14mm
-
Брзо и бесчујно обновување
-
Метален приклучок за блиц
-
Глава со можност за вртење од 180 степени
-
Помошен зрак за AF
Детални карактеристики
-
E-TTL II мерење на блиц
Пренослив и компактен, Speedlite 430EX II се одликува со огромна моќност, број на водич 43 и е соодветен за фотографирање со одбиен блиц и телефото објектив. E-TTL II мерењето со компатибилни фотоапарати овозможува прецизна експозиција на блицот во секакви ситуации, дури и при одбивање на светлина од ѕид или таван. За поголема контрола можете рачно да ја подесите моќноста на блицот во чекори на зголемување од 1/3 во опсег од 1/1 до 1/64.
-
Глава за автоматско зумирање од 24-105mm
Доколку се користи со компатибилен EOS дигитален SLR фотоапарат, Speedlite 430EX II автоматски ја открива големината на сензорот на фотоапаратот и зумира со главата на блицот за оптимална покриеност на сцените. Тоа ја намалува потрошената светлина, ја зголемува издржливоста на батеријата и го намалува времето на обновување. Главата за автоматско зумирање од 24-105mm и дифузерот со широк панел од 14mm обезбедуваат покриеност со блицот за широк избор на ситуации за фотографирање. Главата која се закосува и врти овозможува користење на одбиен блиц кој создава помеко осветлување кога се користи единечен блиц кој е вграден на фотоапаратот.
-
Безжичен спореден блиц
Speedlite 430EX II може да се користи како безжичен спореден блиц кој се активира преку соодветен главен блиц. Малите димензии и големата излезна моќност го прават идеален спореден блиц за создавање преносливо студио со повеќе блицеви.
-
Извор на напојување со енергија
Speedlite 430EX II, кој се напојува со 4 x AA батерии, е лесен, пренослив и доволно компактен за да го носите со себе. Обновувањето е речиси 20% побрзо во споредба со претходниот модел и речиси бесчујно за да се избегне плашење на животните.
-
Издржливост
Металниот приклучок за блиц и бравата за брзо активирање на блендата обезбедуваат сигурна и практична врска помеѓу фотоапаратот и Speedlite блицот.
-
Контрола на блицот
При користење на блицот со компатибилен фотоапарат, сите аспекти на контролата на блицот, во кои спаѓаат подесувањата за јачина на блицот и сите девет прилагодливи функции, можат да се прилагодат преку менито на фотоапаратот**.
-
Помош при автоматско фокусирање
Покривајќи од 1-9 AF точки, Speedlite 430EX II може да емитува инфрацрвен фокусирачки зрак кој обезбедува контраст на кој објективот може да се фокусира при фотографирање во услови со слаба осветленост. * во метри при подесени 105mm, ISO 100** само со компатибилни EOS фотоапарати