Canon Speedlite 430EX III-RT
Моќен и пренослив блиц со активирање со радиофреквентни бранови.
Пренослив и моќен Speedlite блиц кој е едноставен за користење – кога е приклучен на фотоапаратот и кога се користи посебно
Уживајте во нов начин на осветлување со Speedlite блиц кој е моќен, пренослив и нуди разновидни опции. Активирањето со радиофреквенции овозможува едноставно користење на надворешни блицови и нуди нови креативни опции за фотографирање.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Моќен, а сепак доволно компактен за да го носите насекаде
-
Едноставни контроли и интуитивен интерфејс
-
Користете далечински блиц за да го добиете саканиот изглед
-
Снимајте извонредни портрети со одбиена светлина
-
Може да се интегрира со други Speedlite блицови како дел од серијата EOS
Детални карактеристики
-
Моќен, а сепак доволно компактен за да го носите насекаде
Бројот на водич од 43 (m, ISO100) означува дека ќе имате доволно моќ за повеќето прилики.Speedlite 430EX III-RT тежи само 295 g и е долг само 113,8 mm, така што секогаш ќе имате место за него во торбата.Блицот, кој користи две AA батерии, се обновува за само 3,2 сек. по активирање со максимална моќ.
-
Едноставни контроли и интуитивен интерфејс
Контролите на Speedlite 430EX III-RT наликуваат на контролите кај повеќето фотоапарати EOS. Контролите за директен пристап ви овозможуваат да пристапите до најважните функции, а контролното тркало овозможува брзи прилагодувања. Прекинувачот за заклучување спречува случајно менување на поставките. LCD екранот прикажува информации за поставките и за фотографирањето и ја зголемува осветленоста во услови со недоволна светлина.
-
Користете далечински блиц за да го добиете саканиот изглед
Блицовите Speedlite 430EX III-RT можат да се постават и подалеку од фотоапаратот за да симулирате светлина која доаѓа од различни насоки.Користејќи активирање со радиофреквенции, блицовите Speedlite 430EX III-RT можат да се контролираат на оддалеченост до 30 m, а притоа не им е потребна директна патека без пречки до фотоапаратот. Тоа значи дека можете да ги ставите на повеќе места и да создавате уште повеќе ефекти и амбиентални атмосфери.Исто така, Speedlite 430EX III-RT може да се контролира далечински со оптичко активирање, така што лесно ќе се вклопи во вашата постоечка опрема со блицови. Може да се активира на далечина до 10 m преку изборниот Speedlite предавател ST-E2 или вградениот Speedlite предавател кај некои EOS фотоапарати.Користете повеќе блицови одеднаш во групи, контролирајќи ја моќта на секоја група посебно. Може да направите најмногу пет групи, со максимум по 15 блицови во секоја група.
-
Снимајте извонредни портрети со одбиена светлина
Подвижната глава на блицот овозможува одбивање на светлината од големи површини, како ѕидови или тавани, создавајќи меко осветлување без сенки кое е совршено за портрети.Вградениот панел за рефлектирање светлина може да се користи за создавање блескави светлосни ефекти во очите на субјектите, внесувајќи реалистичност во нивниот израз на лицата.Приклучете го испорачаниот адаптер за одбивање за дополнително омекнување на светлината. Во испорачаните додатоци спаѓа и филтер во боја кој ја зголемува температурата на бојата на светлината од блицот за да ја усогласи со бојата на амбиенталното осветлување во просторијата.Speedlite 430EX III-RT може да ја насочи светлината за да ја усогласи со аголот на гледање на користениот објектив.
-
Може да се интегрира со други Speedlite блицови како дел од серијата EOS
Користете го Speedlite 430EX III-RT со други блицови како што е Speedlite 600EX-RT, како дел од систем со повеќе блицови.Контролирајте го Speedlite 430EX III-RT кога не е приклучен на фотоапаратот со прекинувач за активирање на блицот, како што е ST-E3-RT, или преку вградениот Speedlite предавател кај EOS фотоапаратите.
-
Двојно безжично активирање на блицот
Speedlite 430EX III-RT може да се активира кога не е приклучен на фотоапаратот користејќи радиофреквенции или оптичко активирање, со што фотографите добиваат разновидни опции. При активирање со радиофреквенции, блицовите можат да се постават на оддалеченост до 30 m од фотоапаратот и не им е потребна директна патека без пречки до фотоапаратот. Тоа значи дека можете да ги поставите на многу повеќе места, како на пример надвор од просторијата и да го активирате преку прозорецот. Оптичкото активирање им овозможува на фотоапаратите EOS со вграден Speedlite предавател (на пр. EOS 760D, EOS 70D и EOS 7D Mark II) да го активираат Speedlite 430EX III-RT на оддалеченост до 10 m без потреба од дополнителна опција.