Canon Speedlite Transmitter ST-E2
Контролирајте го блицот далечински за креативно осветлување.
Инфрацрвен безжичен контролор за блиц за Speedlite блицеви од серијата EX
Мал, лесен и пренослив, ST-E2 е наменски инфрацрвен предавател за контролирање на две групи на далечински безжични споредни Speedlites блицеви. Тој функционира и како помошна ламба за фокусирање при слаба осветленост.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
E-TTL II контрола на блиц
-
Контрола на сооднос на две групи на блицеви
-
Синхронизирање со голема брзина
-
Надворешен опсег до 10m
-
Помошен зрак за AF
Детални карактеристики
-
E-TTL II контрола на блиц
Во комбинација со E-TTL II системот за мерење на блиц, ST-E2 овозможува безжичен блиц за прецизна и постојана експозиција во секакви ситуации. Во услови со сложено осветлување, за поголема контрола на излезната светлина користете ја функцијата за компензација на експозицијата.
-
Контрола на сооднос
Контролирајте го соодносот на излезната светлина од двете групи на блицеви за да добиете креативни резултати, со помош на функцијата за контрола на соодносот која е достапна кај ST-E2. Контролирањето на соодносот помеѓу 1:8 и 8:1 за двете групи на Speedlites блицеви обезбедува широк опсег на прилагодување.
-
Синхронизирање со голема брзина
Синхронизирајте го блицот со брзини на бленда кои се поголеми од максималната брзина на синхронизирање на фотоапаратот со помош на функцијата за синхронизирање на блицот со голема брзина. Оваа функција овозможува фотографирање со широк отвор на блендата при силна сончева светлина, а со тоа и користење на побрзи главни објективи.
-
Опсег на контрола
При користење во затворени простории, ST-E2 нуди работен опсег помеѓу 12m и 15m. При надворешно користење, опсегот се движи помеѓу 8m и 10m.
-
Помошен зрак за AF
При фотографирање во услови со слаба осветленост, ST-E2 може да емитува фокусирачки зрак за обезбедување на поостри резултати. Овој зрак помага при фокусирањето и ги покрива сите точки за фокусирање кај сите EOS фотоапарати.