Професионални видео камери

Canon RC-V100

Жичен далечински управувач за вашата камера што може да ги контролира сите функции на камерата.

Придобивки

  • Моќен жичен далечински управувач за функции на камери

  • Интуитивен распоред кој ќе им одговара на професионалните корисници

  • Наменски вртливи копчиња за прилагодување на напредни параметри за обработка на сликата

  • Директна контрола врз поважните функции на камерите како што е фокусот, ирисот и засилувањето¹

  • Пристапете до менијата за користење на камерата и брзо прилагодете ги саканите подесувања

  • Осветлените копчиња овозможуваат ракување при слаба осветленост

  • Копчиња што може да ги конфигурира корисникот по своја желба

  • Компатибилност со професионални видео камери и Cinema EOS камери од Canon

  • Идеален за снимање на локации и користење во студија

  • Побрза комуникација и опсег до 100m со изборниот кабел RR-100 од Canon

Детални карактеристики

  • Моќен далечински управувач

    Моќниот жичен далечински управувач за професионалните камери од Canon ви нуди основно и напредно прилагодување на сликата на дофат на вашите прсти. Извршете поврзување преку REMOTE A приклучокот користејќи ги стандардните кабли од 5m со приклучоци од 3,5mm-2,5mm, или преку REMOTE B приклучокот (користејќи ги изборните 8-пински кабли RR-10 и RR-100) за побрзи перформанси, истовремено ракување и зголемен опсег – до 10m и 100m соодветно.

  • Обемна контрола

    RC-V100 нуди комбинација од одредени придобивки што ги нудат напредните далечински управувачи и далечинскиот управувач за камери (CCU), кој најчесто се користи во студијата. Можете да ја контролирате речиси секоја прилагодлива функција - од фокус, ирис и зум па сè до специфични прилагодувања на сликата како намалување на опаѓањето на кривата за светлина и точката во која почнува намалувањето на истата.

  • Снимете повеќе, на поинаков начин

    За одредени сцени е потребна далечинска контрола на камерата: кога камерата е поставена на кран за снимки од повисока перспектива, на пример, или во сцени каде што се потребни брзи прилагодувања за компензација на променливите услови. Благодарение на далечинскиот пристап и контрола, овие пречки при снимањето лесно се надминуваат. Во комбинација со RC-V100, професионалните камери од Canon се претвораат во уште поразновидни алатки кои ќе ви помогнат да ја реализирате вашата креативна визија.

  • Интуитивен распоред за поголема контрола

    Интуитивниот распоред на управувачот ја олеснува контролата врз функциите на камерата и параметрите на сликата, дури и ако не сте професионалец за камерата што се користи. Тој е внимателно дизајниран за да можете лесно да научите да го користите, а поважните функции се групирани во три главни дела. Општите параметри за слика се контролираат преку вртливи копчиња, така што деталното далечинско прилагодување на сликите е многу едноставно. Згора на тоа, се одликува и со копчиња кои може да ги додели корисникот со цел да добие поголема разновидност.

  • Разбирливо и едноставно ракување, на секое место и во секое време

    За полесно ракување при слаба осветленост, копчињата светат и нудат опција за звучен сигнал за да потврдат дека сте ги избрале.

  • Ажурирања на Firmware

    Можеби ќе треба да го ажурирате Firmware-от на вашата камера за да биде компатибилна со RC-V100. Доколку REMOTE B приклучокот на RC-V100 не е веќе овозможен, ова може да се оствари преку ажурирање на услугата преку USB приклучокот на уредот.¹Не е можна контрола на објективот кај Cinema EOS камери со PL-приклучок или кај рачните објективи