SMO GENERACIJA R

НИЕ СМЕ
ГЕНЕРАЦИЈА Р

НИЕ СМЕ НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА РАСКАЖУВАЧИ. ПРКОСИМЕ НА КОНВЕНЦИОНАЛНОТО.
НЕ ИГРАМЕ СПОРЕД ПРАВИЛА.

Ви го претставуваме Canon EOS R системот, екосистем на фотоапарат кој го револуционизира светот на фотографијата и снимањето филмови.

PRIDRUŽITE SE GENERACIJI R

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА
ГЕНЕРАЦИЈАТА Р

Камера со футуристички систем а компатибилен со нашите постоечки објективи.

Со користење на Canon адаптерите, EOS R системот функционира совршено со речиси сите EF, EF-S и EF Cine објективи што ги имаме произведено.

Создадовме адаптер што користи филтри.

PRIDRUŽITE SE GENERACIJI R

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ГЕНЕРАЦИЈА Р

Имате слобода да бидете свои

Генерацијата Р не е одредена според возраста, полот или жанрот. Таа е дефинирана според страста кон фотографијата и кинематографијата. За да доловиме драгоцени моменти во животот на нови и возбудливи начини. За оние кои сакаат да го предизвикаат нормалното и да ја изразат својата индивидуалност преку приказните што ги раскажуваат. За оние кои сакаат да се истакнат во толпата.

За оние како нас.

DOBRODOŠLI V GENERACIJO R

НЕВОЗМОЖНОТО Е ВОЗМОЖНО.

EOS R системот навистина ги менува паравилата на игра за професионалните фотографи како вас, без разлика дали се занимавате повеќе со фотографија или видео (или со двете, сега веќе нема компромис).

Моќни перформанси при слабо осветлување. Сензационално 8K RAW видео во полн кадар. Најсовремени објективи. Водечки автоматски фокус. И ротирачки екран што се преклопува и кој нуди многу креативни можности од секој можен агол.

НАЈДОБРА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЛИКА ВО СВЕТОТ.

EOS R5 и R6 имаат вграден стабилизатор на слика со пет оски, обезбедувајќи заштита од тресење на фотоапаратот до осум застанувања. Но, тоа не е сè - во комбинација со RF-објективи со IS, вградениот стабилизатор во апаратот соработува со стабилизаторот во објективот и заедно даваат максимален ефект.

Тоа значи дека можете да фотографирате и снимате видеа држејќи го фотоапаратот во рака до четири секунди, а третиот систем, Movie Digital IS, дава уште подобра стабилизација слична на Gimbal-стабилизатор.



НИЕ СМЕ НОВАТА
ГЕНЕРАЦИЈА Р

МАЈА АРГАКИЈЕВА

Маја Аргакиjева е фотограф чија пасија се концертите и концертната фотографија. Користи Canon EOS R6 и за неа овој модел ги задоволува сите нејзини потреби кога станува збор за слабо светло, безшумност и квалитет на фотографијата. EOS R6 има 20.1 мегапиксели сензор оптимизиран за фотографирање при слабо светло на висок ISO и фокусирањето при слабо светло е доведено до совршенство.

"R системот е буквално револуција за фотографирање при слабо светло. Меѓу другото нaјмногу го користам новиот објектив на Canon RF70-200 f2.8 кој во комбинација со EOS R6 работи совршено. Среќна сум што сум дел од новата EOS R генерација."

РОБЕРТ ЈАНКУЛОСКИ

Роберт Јанкулоски е фотограф, универзитетски професор по фотографија и истражувач на стара македонска фотографија. Работи концептуална фотографија, фотоинсталација, документарна фотографија и пејзажна фотографија, но пејзажот сфатен како документ на пределот.

"На Canon системот работам скоро цел мој живот. Воодушевен сум од Canon EOS R5. Совршено продолжение на мојата мисла и рака. Бидејќи работам изложби на фотографии со голем формат најбитна ми е резолуцијата. EOS R5 со своите 45 мега пиксели во потполност го задоволува тој мој критериум. Перфектно остра слика и огромен фајл кој ги содржи сите детали во себе. Исто така битна работа е што можам да си ги користам сите мои EF L објективи со адаптерот и не морам да се грижам дали морам да се изложувам на други непотребни трошоци. Среќен сум што сум дел од новата EOS R генерација."

ИГОР ЦВЕТКОВСКИ

Игор Цветковски e продуцент на реклами и фотограф. Приватното времето најмногу го поминува во природа фотографирајќи пејсажи. Canon фотоапаратите се негова придружба од самиот почеток, уште од 2008 година.

"Canon EOS R системот ме плени уште на самиот почеток. Новиот Canon EOS R5 е лесен со одлични перформанси. Full-frame сензор со многу мега пиксели. Стабилизацијата е перфектна и со новите Canon RF објективи е совршена комбинација. Кога сум во природа поминувам и по неколку часа во пешачење и затоа ми е многу битно опремата да е лесна и да не ми прави дополнителен товар. Користам Canon RF24-105 f4 и Canon RF70-200 f4 и добивам совршени резултати во комбинација со Canon EOS R5 Среќен сум што сум дел од новата EOS R генерација."

САШО ДОКОВСКИ

Сашо Доковски e снимател. Снима документарни емисии, прилози за на телевизија и реклами. Кога снима реклами користи Canon EOS R5 - фотоапарат кој го има ригувано за да може да го извади максимумот. Најчесто ги користи Canon-овите EF L објективи кои преку адаптерот работат совршено на EOS R5 телото.

"C log профилот ми дава дополнителна слобода при работа во пост продукција. Ауто фокусот на Canon EOS R5 е направен до совршенство, брз е и точен. Сега можам да кажам дека имам совршена алатка за работа. Со помош на EOS R5 системот, снимам ултра богато 8K видео и добивам 120 слики во секунда во 4K, исто така ги користам предностите од фасцинантните детали и можности со 8K RAW видеото. EOS R5 има вграден стабилизатор на слика со пет оски, обезбедувајќи заштита од тресење на фотоапаратот до осум стопа. Но, тоа не е сè - во комбинација со RF-објективи со IS, вградениот стабилизатор во апаратот соработува со стабилизаторот во објективот и заедно даваат максимален ефект. Среќен сум што сум дел од новата EOS R генерација."

МЕНУВА ПРАВИЛА НА ИГРА ВО КИНЕМАТОГРАФИЈАТА

Нашите фотоапарати отсекогаш поставувале високи стандарди во областа на фотографија.
Исто така даваат и исклучителни резултати кога станува збор за видео.
И системот на Canon EOS R не е исклучок.

МЕНУВА ПРАВИЛА НА ИГРА ВО ТЕМНИЦА

Доловете уште повеќе детали

EOS R6 има сензор за полн кадар со 20,1 мегапиксели оптимизиран за фотографирање при слаба осветленост, што може да снима со ISO вредност дури до 102,400 и овозможува автоматско фокусирање при слабо осветлување до -6,5 EV - со што претставува револуција за фотографирање во темница.*

МЕНУВА ПРАВИЛА НА ИГРА ВО ТЕХНОЛОГИЈАТА НА ОБЈЕКТИВИТЕ

Достигнете нови нивоа на креативност

Благодарение на EOS R држачот за објективи, кој се наоѓа на оптимално растојание помеѓу објективот и сензорот, добиваме исклучителни резултати и високо квалитетно фотографирање и снимање.

МЕНУВА ПРАВИЛА НА ИГРА ВО СЛЕДЕЊЕ НА ФОКУСОТ

Најбрзо автоматско фокусирање во светот

Благодарение на напредниот автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II, EOS R6 може да препознава и следи субјекти во движење најдобро од сите фотоапарати без огледало досега. Острината се насочува токму таму каде што е потребна и ќе фотографирате сигурно знаејќи дека EOS R6 функционира професионално.

МЕНУВА ПРАВИЛА НА ИГРА ВО ПОСТПРОДУКЦИЈА

Импресивен квалитет на видео од 8К

Со помош на EOS R5 системот, снимајте ултра богато 8K видео со полн кадар и добијте 120 слики во секунда во 4K полн кадар и искористете ги неверојатните нивоа на стабилизација на сликата - исто така искористете ги и предностите од фасцинантните детали и можности за напредување со нашето 12-битно 8K RAW видео.

МЕНУВА ПРАВИЛА НА ИГРА ОД СЕКОЈ АГОЛ

Ротирачки екран и тивко фотографирање

Ротирачкиот екран што се преклопува ви овозможува да фотографирате од сите незгодни агли, а EOS R5 има резолуција од 45 мегапиксели, снимајќи тивко до 20 слики во секунда.

ОДИГРАЈТЕ ЈА СВОЈАТА УЛОГА

* Централна точка, кога се користи со објективи со f/1,2 (освен со објективи за рамномерно дефокусирање), режим на една снимка