Ellis ја снимил фотографијата од прекрасниот мост „Палтни“ во својот роден град Бат на изгрејсонце. Што би фотографирале во родниот крај? Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM, со избрани 26 mm, 1/400 сек., f/2,8 и ISO 160. © Ellis Reed
Рутината тешко се менува, но доколку сакате да ја разбудите вашата креативна страна и да се обидете со нешто ново, седумдневниот предизвик е добра почетна точка. Зададете си обврска секојдневно да снимате нова фотографија од различна содржина во период од седум дена и можеби ќе се присетите зошто започнавте да се занимавате со фотографија.
Поттикнат од желбата да сними убави моменти, фотографот Ellis Reed започнува да фотографира со фотоапаратот EOS 550D од Canon (чијшто наследник е EOS 850D од Canon) пред осум години, на возраст од 18 години. Денес, со помош на својот EOS R од Canon, тој се занимава со фотографирање на патувања, животен стил и пејзажи, а притоа постојано ја тестира сопствената креативност.
Поради љубовта кон локалниот крај и способноста да ја набљудува познатата средина од нова перспектива, Ellis е совршениот фотограф за нашиот седумдневен предизвик во фотографирање. Тој сними седум различни фотографии во текот на седум дена, а сите убави моменти од неговото патување одлучи да ги поврзе преку темата на присутност бидејќи сметаше дека се совпаѓа со концептот на повторното откривање.
Во продолжение ни открива како се справил со предизвикот и споделува совети како и вие да го совладате седумдневниот предизвик во фотографирање.