Од заедничко пеење на главната бина и шумски прошетки до катастрофи со подигање шатори и спријателување со сите на подиумот за играње кога се свири „вашата песна“, фестивалите ви овозможуваат да ја избегнете секојдневната рутина - без разлика дали се тоа рокови на универзитети или канцелариска работа од 9 до 5 часот.
Со толку многу активности што може да се видат и направат, сеќавањето на сите добри моменти отпосле - па дури и за време на фестивалот - може да претставува предизвик, особено по неколку ноќи со многу малку сон. За таа цел е предвидена палетата на Zoemini од Canon. Овие инстант фотоапарати со печатачи и џебни печатачи се лесен, едноставен и брз начин за документирање на вашата фестивалска авантура. Од етикети за шишиња за вода до печатење автопортрети на лице место, тие ви овозможуваат уште повеќе да се забавувате додека сте таму.
Погледнете ги нашите најдобри совети за користење на палетата на Zoemini од Canon за да го подобрите вашето фестивалско доживување.
Палетата Zoemini од Canon: вашите најдобри придружници на фестивалите
1. Понесете придружник со џебна големина
Без разлика дали го користите Zoemini S2 од Canon со неговиот фотоапарат од 8 MP или Zoemini 2 од Canon впарен преку Bluetooth со вашиот паметен телефон, малата тежина и компактната големина на палетата Zoemini од Canon овозможува едноставно снимање, печатење и споделување слики.
Zoemini S2 од Canon тежи само 188 g и лесно може да го собере во џеб или мал ранец за правење спомени додека сте во движење. Можете да ставите најмногу 10 листови за печатење одеднаш, батеријата трае за приближно 25 фотографии и има отвор за microSD-картичка во случај да ви се потроши хартијата.
Подеднакво минијатурниот Zoemini 2 од Canon има вградена батерија што може целосно да се наполни преку пренослива батерија за само 50 минути преку USB-C. Може и да печати додека се полни.
2. Персонализирајте го вашиот простор
Најдобрите моменти од фестивалот не се секогаш на главната бина - тие често се случуваат со вашите најблиски пријатели во кампот. Зошто да не ги документирате забавните обиди на вашиот пријател да го постави стариот семеен шатор? Можете да бидете креативни и да закачите фотографии помеѓу шаторите за да ја обележите вашата територија или да ги залепите отпечатените фотографии од 2x3 инчи на украсите покрај влезот.
Можете да додавате рамки и филтри во апликацијата Canon Mini Print или да ги декорирате вашите омилени слики со цртежи и текст - а задните страни може лесно да се одлепат и залепат.
Zoemini S2 од Canon и Zoemini 2 од Canon може да печатат на однапред исечената кружна хартија за налепници ZINK 1,3" од Canon, така што можете да ги декорирате шишињата за вода за повеќекратна употреба и другите производи кои мора да ги понесете на фестивал со кружни автопортрети од вас и вашите пријатели. Тоа е одличен начин да запомните што кому припаѓа.
3. Прикажете ја фестивалската мода
Посетителите на забавата вложуваат многу труд за да го усовршат својот фестивалски изглед - разнобојните капи, стилските очила и екстравагантната облека се дел од забавата. Меѓутоа, можете да бидете во недоумица што да облечете пред да го напуштите кампот. Зошто да не побарате од вашиот пријател да ве фотографира со неколку различни облеки кои потоа ќе ги отпечатите со вашиот Zoemini 2 од Canon за да видите која најдобро ви стои?
Или, пак, можете да започнете проект со фотографирање на најдобрите облеки што ќе ги видите во текот на денот, а потоа да ги прикажете вашите отпечатени фотографии на креативни начини.
4. Доловете ја атмосферата
Временскиот период пред изгрејсонце и зајдисонце, кога светлината е најмека и најтопла, во фотографирањето е познат како „златен час“ - и тоа е одлична можност за снимање амбиентални слики. Кога се движите помеѓу шаторите и музичките бини, бидете подготвени за локациите каде што може да снимите интересни фотографии, особено кога ќе почне да се стемнува.
Можете да се обидете да експериментирате и со различните режими на вашиот Zoemini S2 од Canon, вклучувајќи пејзаж без блиц, портрет со автоматски блиц и автопортрет со прстенесто светло.
Zoemini S2 од Canon печати со 314 x 600 dpi, а Zoemini 2 од Canon со 314 x 500 dpi што треба да ги долови вашите креативни слики и да ги нагласи боите.
Ако времето е тмурно и сиво, обидете се да го промените режимот на Zoemini S2 од Canon од живописен во црно-бел режим преку копчето за лесен пристап до филтерот.
5. Бидете креативни со вашите автопортрети
Zoemini S2 од Canon е создаден за автопортрети, а фестивалските локации се исполнети со забавни заднини. Убедете го пријателот да ви се придружи на атракција во забавен парк или најдете повисоко место за да снимите фотографија од вас и вашите другари со шаторите и бините зад вас. Има и практично ременче за на зглоб за да не го изгубите кога сте излезени надвор.
6. Споделувајте фотографии со вашите нови пријатели
По неколку дена кампување еден до друг, веројатно сте се спријателиле со некои посетители на фестивалот. Зошто да не го споделите вашето фестивалско доживување и да не им подарите на вашите нови другари отпечатен спомен од времето што сте го поминале заедно?
На Zoemini S2 од Canon му треба помалку од една минута да заврши со печатењето и има разнобоен LED-индикатор за да знаете кога се печатат фотографиите.
Кога ќе ја отворите апликацијата Canon Mini Print, не само што можете да изберете слики од вашиот фотоапарат, туку и да пристапите до фотографии од Facebook, Instagram и Google Photos. Исто така, функцијата за фотоапарат на апликацијата ви овозможува да го менувате контрастот, балансот на боите и заситувањето во реално време.
7. Никогаш нема да заборавите ниту еден момент
Вашето сеќавање на забавите може брзо да избледи, но можете да го овековечите фестивалскиот дух со изработка на специјален албум што ќе можете да го гледате во иднина или ќе можете да го подарите на некој од вашите пријатели од фестивалот.
Апликацијата Canon Mini Print има паметна алатка за колажи за комбинирање на вашите омилени слики. Можете да изберете од две до осум слики и потоа да ја употребите апликацијата за да го промените распоредот. Има и функција за поплочување за да направите самолеплив постер од четири или девет помали слики.
Затоа, следниот пат кога ќе се спакувате за забавен викенд во поле, не заборавајте да го ставите Zoemini S2 од Canon или Zoemini 2 од Canon во вашиот ранец. Заедно со вашиот шатор и кремот за сончање, тие се новите производи кои мора да ги понесете на фестивал.
Напишано од Jack Fittes
Слични производи
-
Canon Zoemini 2
Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија. -
Canon Zoemini S2
Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо. -
SELPHY SQUARE QX10
Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
Слични статии
Визуелизирајте го вашиот стил за на одмор
Поедноставете го пакувањето и организирајте се со Canon Zoemini 2.
Персонализирајте ги вашите нешта
Печатете приспособени налепници за вашите нешта со пренослив печатач од Canon.
Самите направете кабина за фотографирање Canon Zoemini
Со само Canon Zoemini S2 и апликацијата Mini Print, направете ја вашата следна забава позабавна со спомени во стил на кабина за фотографирање.
Бидете креативни со компактните печатачи за фотографии
Пет начини да се забавувате со печатењето, од персонализирани картички до приспособени фотографии за моментално споделување.