Ве интересира како би изгледал светот во црно-бело? Фотографката на семејни портрети и амбасадорка на Canon, Helen Bartlett, којашто живее во Лондон, фотографира токму во овој стил. Helen е препознатлива по црно-белата фотографија со којашто се занимава уште од почетокот на нејзината кариера во 2003 г. и во којашто ја користи длабочината на светлината и сенките коишто паѓаат на лицата и сцените пред неа.
За време на карантинот во Англија поради Covid-19, Helen го замени фотографирањето семејни портрети со снимање црно-бели фотографии од природа на прошетките околу нејзиниот дом во северен Лондон. Таа ги споделува снимените фотографии коишто претставуваат спој од скриени текстури, листови осветлени одзади, оросени пајажини и драматични шумски силуети во делот Highlights на Instagram, со наслов „Надвор од работно време“. Повеќето се снимени со нејзиниот PowerShot G7 X Mark III од Canon.
Снимањето со компактен фотоапарат ѝ помогна на Helen да го развие стилот и ја инспирираше да примени нови техники. Тука, таа го објаснува еволутивниот тек на процесот и споделува совети за снимање извонредни црно-бели фотографии од природа.
Експериментирање со светлина и сенки: фотографирање природа во црно-бело
1. Најдете нова перспектива
Покрај придобивките што компактниот фотоапарат им ги нуди на фотографите, како големина, разновидна функционалност и лесно и брзо споделување на фотографиите, тој им овозможува и порелаксирано искуство поради намалениот притисок да се создаде совршената фотографија.
„Отсекогаш сум барала нешто помеѓу телефон и професионален фотоапарат, а EOS-1D X Mark III од Canon не ми го собира в џеб“, вели Helen. „Најчесто фотоапаратот што го користам за работа е преголем за да го носам со себе на прошетка во паркот. Не ми се допаѓаа фотографиите снимени со телефон бидејќи кога ќе ги отворев на компјутер или сакав да ги отпечатам, квалитетот се губеше.“
„Го купив PowerShot G7 X Mark III од Canon за време на карантинот и почнав да го носам со себе на секојдневните прошетки на коишто убаво го проучив.“
„Ме инспирира да фотографирам почесто, да ги гледам нештата од друга перспектива и да бидам посвесна за светот околу мене.“ „Почнав да се опуштам и да не се оптоварувам бидејќи фотографирам за себе, а не за клиентите, па не е важно ако фотографиите не излезат како што сакам. Сега не можам да замислам да не користам компактен фотоапарат.“
PowerShot G7 X Mark III од Canon има голем сензор од тип 1,0 поради што повеќе наликува на DSLR-фотоапарат или фотоапарат без огледало отколку на паметен телефон.
2. Научете колку што можете повеќе за светлината
Ако сакате да фотографирате природа во црно-бела техника, Helen препорачува да научите повеќе за светлината. „Фотографирајте секој ден, без разлика дали сте надвор со фотоапаратот или дома“, вели таа. „Дури и да сте снимиле нешто едноставно, како светлината којашто паѓа на чаша вода во кујната, со следната фотографија, ќе забележите уште повеќе детали.“
Експериментирањето со светлината при фотографирањето во црно-бело создава длабочина и интерес и нуди многу можности за снимање. „Користете го задното осветлување коешто создава одличен ефект во црно-белото фотографирање и слободно играјте си со контрастот и експозицијата", вели Helen. „Можете да ја зголемите експозицијата за да снимите релативно светли тонови, а потоа да ја намалите за да снимите конкретна осветлена површина и да добиете живописни и динамични слики.“
3. Фокусирајте се на содржината на сликата
Црно-белата техника ѝ овозможува на Helen да се фокусира на субјектот во кадарот и да ги исфрли сите непотребни бои или елементи, што е уште една добра причина за да се обидете да снимате урбана природа без боја.
„Фотоапаратот користи брза, максимална решетка од f/1,8 и нуди можност за поврзување преку Wi-Fi, па можам веднаш да ја испратам сликата што ми се допаѓа на телефонот и да ја обработам“, продолжува. „Не морам да седнам на компјутер кога не сум на работа.“
Повеќенаменскиот објектив, режимот за макро и опциите за поврзување преку Wi-Fi се само дел од функциите на коишто Helen се потпира кај нејзиниот PowerShot G7 X Mark III од Canon. „Многу сум задоволна од големината и тежината, како и исклучителната флексибилност“, вели Helen, којашто снима во црно-бел режим и ја доловува светлината во една боја. „Функцијата макро е многу корисна и за снимање дрвја, цвеќиња и диви животни.“
„Мојот свет е еднобоен и уживам во него“, вели Helen. „Фокусот на сликите во боја е често на боите, но црно-белите слики се фокусираат на субјектот, без разлика дали е тоа човек, зграда или дрво. Покрај тоа, кога снимате надвор или во парк, ги отстранувате и светлите пречки од заднината. Отсекогаш сум сакала да фотографирам во црно-бело бидејќи во природата сѐ е премногу зелено.“
4. Експериментирајте со различни техники
Благодарение на компактниот фотоапарат, Helen користи повеќе техники и ѝ пристапува на фотографијата од нова перспектива. „Имам многу простор за експериментирање“, вели Helen. „На пример, ретко фотографирам со блиц, но кога врнеше снег за Божиќ, снимив многу фотографии со вградениот блиц на PowerShot G7 X Mark III од Canon.“
„Интересно ми е да снимам од различни агли, на пример да клекнам и да снимам низ тревата, што е особено лесно со екранот со можност за закосување од 180 степени. Покрај тоа, PowerShot G7 X Mark III од Canon е опремен со автоматски режим (A), режим за приоритет на решетка (Av) и целосен рачен режим (M), што значи дека на почетниците им нуди голема флексибилност при учењето и напредувањето, како и функции за контрола коишто се лесни за употреба. Фотоапаратот е опремен и со режим P (Програмиран автоматски) – режим за фотографирање којшто се наоѓа помеѓу автоматскиот и рачниот режим, интелигентен автоматски режим, како и голем број креативни режими за сцени коишто им овозможуваат на почетниците да снимаат одлични фотографии без да имаат големо техничко познавање.
За да дознаете повеќе за функциите на вашиот фотоапарат и како да ги користите, преземете ја апликацијата Canon Photo Companion.
„Фотографско скицирање“ е експериментална техника којашто е инспирирана од уметници и којашто Helen ја користи за да ја набљудува природата. Таа сними дури и видеоприказ на YouTube за оваа техника за да ја прикаже моќта на забавниот метод на снимање, којшто е побрз и ослободен од притисок.
„Идејата за фотографско скицирање до некаде потекна од братучед ми којшто е исто така уметник“, објаснува Helen. „Кога уметниците изработуваат уметничко дело, тие често ги скицираат идеите или деталите коишто сакаат да ги вметнат во делото. Братучед ми ова го нарекува прошетка на моливот. Сакав да се обидам ова да го применам и во фотографијата.“
„На пример, можам да најдам нови, добри перспективи во паркот и да ги употребам при фотографирањето портрети. Можам да експериментирам и со техниката на снимање шари во вирови којашто ја имам забележано на Instagram за да го откријам методот на снимање и како да ги постигнам најдобрите резултати.
„Ако фотографирате во еднолично осветлен парк, ќе ви треба светлина за да истакнете одредени делови од сликата“, вели Helen. „Снимајте предмети коишто светлината ги осветлува странично, ги обликува и им дава драматичност. Снимајте на почетокот или на крајот од денот кога опкружувањето е осветлено со слаба светлина. Колку почесто фотографирате на овој начин, ќе забележувате сѐ повеќе детали и ќе ви станува сѐ поинтересно.“
Со текот на времето ќе изградите и свој стил којшто можеби ќе прерасне и во личен проект како серијата фотографии „Надвор од работно време“ на Helen. „Вашите интереси ќе ви дадат насока што да фотографирате, а со почесто фотографирање, ќе забележувате сѐ повеќе теми“, вели таа. „Не размислувајте премногу, излезете и забавувајте се.“
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
PowerShot G7 X Mark III
Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници.
Слични статии
Совети за црно-бело фотографирање
Од свадби и пејзажи до спорт и портрети, дознајте како да снимате прекрасни црно-бели слики.
Совети за фотографирање во природа од Munro Moonwalker
Од шарени макро-снимки до магливите планински врвови, еве како Alan Rowan го користи Canon PowerShot SX740 HS LITE за да ја добие совршената слика во природа.
Фотографирање со долга експозиција во црно-бел формат
Дознајте како Stephen McNally снима волшебни црно-бели фотографии со долга експозиција.
Монохроматско доловување на светот
Фотографот-далтонист Chris Ward објаснува како да изработите слики фокусирани на префинети детали.