Снимањето радосни моменти од секојдневниот семеен живот не може да биде полесно со новиот PowerShot PX од Canon. PowerShot PX е доволно паметен за да ги препознава лицата автоматски, а работи и со гласовни команди, па затоа е совршен семеен фотограф кој секогаш е подготвен да фотографира и секогаш е присутен во срцето на домот.
Креаторката на дигитални содржини и фотографка Eimear Varian Barry, чии фотографии од нејзиниот живот и нејзиното семејство добија приближно 97.000 следбеници на Instagram, е самохран родител и најчесто стои зад фотоапаратот.
Но, благодарение на PowerShot PX од Canon, Eimear повеќе не мора да биде изоставена од кадарот. Користејќи го овој паметен фотоапарат со автоматски режими за препознавање и фотографирање, Eimear доби сопствен семеен фотограф кој ги снима моментите кои навидум изгледаат незначајни, но подоцна сфаќате дека се специјални.
Снимајте спонтани семејни моменти со PowerShot PX
Документирајте ги секојдневните моменти без напор
„Мислам дека е неверојатно тоа што PowerShot PX од Canon доловува моменти кои мислиме дека не би биле соодветни за прекрасни слики“ - вели Eimear. „Такви слики, на пример, од децата кои бојат слики на пултот за појадок додека ја полнам машината за садови. Знам дека ќе ги погледнам тие слики по 20 години и ќе си помислам „Ова беа убави времиња“. Тоа што се снимени вака природно е неверојатно“.
Едноставниот процес на фотографирање со овој фотоапарат се должи на паметните функции и технологијата за препознавање сцени што се развивани многу години. Штом го вклучите и го ставите на некоја површина, PowerShot PX ќе ја активира функцијата за препознавање лица и автоматски ќе почне да пребарува субјекти, а потоа ќе го прилагоди кадарот за да сними слики во чиј кадар ќе бидат опфатени сите. Тој ќе сними многу слики, а потоа апликацијата ќе ви ги препорача најдобрите. Препознава лица кои често се присутни и нуди фотографирање со приоритет за луѓето кои ви се важни.
Затоа, кога готвите, кога разговарате на масата во кујната, кога уживате во семејна роденденска забава или кога им помагате на децата во домашните задачи, PowerShot PX може да ви помогне да ги доловите изразите на лицата и убавината на обичното без да помислите на тоа.
За Eimear, едноставните моменти како играње со кучето или читање приказни на креветот се моментите што ѝ се драгоцени и сака да ги споделува. „Добро е да се зачуваат таквите моменти, особено без да вложувате напор“ - вели таа.
Ваш личен дигитален фотограф
И покрај тоа што Eimear имала фотоапарат во рацете уште од детството и сака нејзиниот профил на Instagram да изгледа поорганизиран, таа објаснува дека во домот е добро да се создаваат слики од секојдневието што не се дел од фотосесии.
„Мислам дека PowerShot PX е одличен фотоапарат за таквите спомени. На пример, јас сум дома со децата преку целата недела. Самохран родител сум. Нема кој да сними слика од мене со децата како печеме или како се забавуваме во градината зад куќата, бидејќи јас сум секогаш зад фотоапаратот“.
Тука ми помага можноста за ракување на PowerShot PX од Canon без да ги користам рацете, благодарение на гласовните команди, како и неговата можност за обликување на кадарот и самостојно снимање фотографии и видеоснимки преку објективот со оптички зум до 3x што може да се врти и закосува. Исто така, тој ги избира најдобрите фотографии и видеоснимки и автоматски ги организира, овозможувајќи ви непрекинато уживање во драгоцените моменти во животот.
„Гласовното препознавање е неверојатно бидејќи ако сте во дневната соба и си помислите „Сакам да го паметам овој момент засекогаш“, тогаш тој ќе ви го овозможи тоа“ - вели Eimear. „Чувствувам исто задоволство кога ги гледам и неочекуваните фотографии и исценираните слики“.
Ако сакате да ја преземете улогата на фотограф, тогаш може лесно да го контролирате фотоапаратот преку апликација за паметни телефони со која може да фотографирате и да ги гледате снимените видеоснимки и слики.
Ставете го во центарот на домот
Компактниот и приспособлив дизајн на PowerShot PX од Canon му овозможува да се вклопи во вашиот дом беспрекорно.
Според Eimear, нејзиниот пулт за појадок е идеално место на кое може да го ставите PowerShot PX бидејќи тука се одвива поголемиот дел од семејниот живот. „Сакам да стои во кујната бидејќи има отворен дизајн, а пултот за појадок е централниот дел на долниот кат“ - вели таа.
„Кога подготвувам вечера и децата бојат на пултот за појадок - оние моменти кога ги извршувам секојдневните обврски како мајка. Не се гламурозни, но нема нешто што ми значи повеќе. Слика на која влегувам во просторијата со испраните алишта додека пишуваат домашна е визуелен пример за мојот секојдневен живот како мајка. Тоа се моментите што сакам да ги запомнам“ - вели таа.
Сите знаеме дека животот не се одвива зад фотоапаратот, туку пред него. Но, како ќе одлучите да ги запомните оние моменти што го дефинираат вашиот живот? За родителите како Eimear, PowerShot PX може да биде извонредна алатка за документирање на луѓето кои ги сакаме, сега и во иднина.
„Невозможно е да ги запомните сите моменти од вашиот живот. Искрено, не се ни сеќавам кога бев трудна. Знам дека звучи лудо, но тоа е вистината! Кога ќе ги погледнеме тие фотографии, си помислуваме „Се сеќаваш на ова? Потполно заборавив“. Затоа мислам дека е прекрасна идеја да се доловат таквите спомени и тоа на природен начин. Неверојатно“.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
PowerShot PX
Снимете ги најдрагоцените моменти во животот автоматски со помош на оваа паметна камера што препознава лица и може да се поврзе со вашиот паметен уред. -
PowerShot ZOOM
PowerShot што може да го држите во една рака и да снимате волшебни семејни моменти или диви животни со зум од 100 mm, 400 mm2 или со дигитален продолжен зум од 800 mm. -
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
EOS 850D
Преземете го следниот чекор во креативната контрола за да снимате фотографии со прекрасни детали и неверојатни 4K-видеоснимки со помош на лесен DSLR-фотоапарат со различни опции за поврзување што ќе ве инспирира и ќе го награди вашиот труд. -
SELPHY CP1300
Стилски и пренослив уред за безжично печатење на прекрасни фотографии и фотографии за документи од компатибилни паметни уреди и фотоапарати. -
Серија PIXMA TS9550
Откријте на кој начин безжичното поврзување, ADF механизмот за 20 листови и можноста за A3 одговараат на вашите деловни потреби.
Слични статии
Отпечатете ја животната приказна на вашето семејство
Печатете и создавајте рачни изработки со фотографии од важните семејни моменти.
11 совети за семејно фотографирање
Дознајте совети за фотографирање прекрасни семејни портрети од амбасадорката на Canon Helen Bartlett.
Совети за фотографирање бебиња
Забавувајте се при фотографирањето бебиња и добивајте одлични резултати.
Како да извлечете максимум од Canon PowerShot PX
Оваа мала повеќенаменска камера е опремена со функции за целото семејство, почнувајќи од подобрување на вашата домашна канцеларија па сè до создавање видеоснимки за социјални канали.