Без разлика на содржината што ја создавате, потребни ви се алатки коишто ќе ви помогнат да се изразите и да ја разбудите вашата креативна страна во секојдневниот живот. Во рамките на своето компактно тело, Canon PowerShot G7 X Mark III нуди 4K-видео, сензор со 20,1 MP и екран на допир што се преклопува поради што претставува совршениот креативен придружник.
Без разлика дали сте видеоблогер, инструктор по јога, работите во канцеларија или сте родител или музичар, фотоапаратот со џебни димензии можете да го користите за видеоповици и безжично проследување во живо, како и за снимање на авантури во природа, дневни видеоблогови и фотографирање на вашите одмори. Со опциите како преносливост, разновиден широкоаголен објектив од 24 mm, можност за зумирање до 4,2x, напреден систем за стабилизација на сликата за снимање фотографии без потреси, како и вградената, интуитивна и практична технологија по којашто е препознатлив уредот, Canon PowerShot G7 X Mark III ви овозможува да ги снимите и споделите важните мигови.
Тројца создавачи на содржина, инструкторката по јога и инфлуенсерка Sarah Malcolm, видеоблогерот и експертот за изработка на споменари Mei-Ying Chow и видеографот и фотограф Jamie James, ни откриваат како фотоапаратот им помага во споделувањето на нивната работа, живот и уметност на интернет.
Зошто PowerShot G7 X Mark III е најдобриот фотоапарат од Canon за создавање креативна содржина
Mei-Ying Chow
Снимање видеоблогови за нејзините креативни изработки
Mei-Ying Chow е студентка по економија во последната година од своите студии на „King's College London“ и има 90.000 претплатници на YouTube. Таа е експерт за составување споменари и во последните седум години има изградено свој сопствен бренд со снимање на дневни видеоблогови на социјалните медиуми, а го користи PowerShot G7 X Mark III за документирање на својот живот како студентка и своите креативни изработки.
„Изработувам споменари на мојот канал во последниве пет-шест години и секогаш водам дневник“, вели Mei-Ying. „За ова снимање, изработив страница за дипломирањето на сестра ми од 2018. Со оглед на тоа што дипломирањето е одложено и нема да дипломирам годинава, сакав да извлечам колку што можам повеќе од нејзиното.“
„Екранот на допир на G7 X Mark III е многу практичен за снимање одблиску бидејќи автоматското фокусирање е многу брзо на допир, а е полесен и за држење“, вели Mei-Ying. Таа исто така вели и дека стативот со држач HG-100TBR од Canon се покажал доста практичен при снимањето во компактниот простор од нејзиното студентско сместување. Стативот со држач е целосно безжичен и се доставува заедно со далечинскиот управувач BR-E1 со Bluetooth којшто може да се отстранува, што овозможува лесно користење без разлика каде се наоѓате.
„Бидејќи живеам во мала студентска соба, ми одговара тоа што стативот со држач HG-100TBR не е многу висок, а можам да му ја прилагодувам висината“, објаснува таа.
Онлајн видеата на Mei-Ying треба да имаат и чист звук бидејќи звучните ефекти го надополнуваат целокупното доживување на водичот за составување споменари од нејзиниот канал. Лесниот стереомикрофон DM-E100 од Canon се вклучува директно во фотоапаратот за да овозможи снимање на стереозвук.
Mei-Ying вели дека во комбинација со надворешен микрофон: „Квалитетот на звукот на PowerShot G7 X Mark III е многу подобар од звукот што се добива со вградениот микрофон на DSLR. Микрофонот создава многу чист звук и ми се допаѓа што доловува и други нијанси како на пример, звукот на ножиците додека сечкам и други разновидни звуци, со што се активираат сите сетила. Најчесто не ги пригушувам овие звуци кога додавам музика бидејќи мислам дека со нив искуството е многу поинтересно.“
Со најновото ажурирање на неговиот фирмверот, PowerShot G7 X Mark III станува идеален за видеоблогери како Mei-Ying поради неговиот нов и наменски режим за снимање видеоблогови.
Sarah Malcolm
Проследување јога во живо од дневната соба
Поради пандемијата со Covid-19, инструкторката по онлајн јога од Лондон и инфлуенсерка на социјалните медиуми Sarah Malcolm ги одржува своите часови по јога во живо преку Zoom® и за таа цел има потреба од едноставна опрема преку којашто ќе се поврзе со нејзините ученици.
„Преминав на одржување часови на интернет на почетокот од 2020 кога целиот обем на работа ми исчезна преку ноќ“, вели Sarah. „Но промената се покажа како многу моќна и создаде уште поголема поврзаност од претходно. Најдобрата страна кај оваа опрема е едноставноста.
Sarah го користи G7 X Mark III за снимање на часовите по јога во комбинација со стереомикрофонот DM-E100 за создавање на висококвалитетен звук, адаптерот PD-E1 за континуирано фотографирање и стативот со држач HG-100TBR за постигнување на стабилност бидејќи смета дека оваа опрема нуди далеку подобар квалитет отколку нејзиниот телефон или лаптоп. Доколку сакаат, корисниците на G7 X Mark III можат да ја искористат и можноста за снимање на чист HDMI-излез со 4K-резолуција.
„Не ми се веруваше колкава разлика има во квалитетот кога го поставував фотоапаратот за онлајн часовите“, вели Sarah. „G7 X Mark III е лесен, практичен и има поширок агол отколку вградената камера во мојот лаптоп, па учениците гледаат повеќе. Доста корисно е и што можам да го гледам кадарот на LCD-екранот со можност за закосување до 180 степени за да не се случи да излезам од кадарот.
Фотоапаратот можете да го користите и како веб-камера доколку го преземете софтверот EOS Webcam Utility на Canon, којшто е компатибилен со повеќето апликации за видеоконференции и проследување. Ова е совршено решение за инструкторите по јога, како и останатите фитнес-инструктори коишто нудат платформи за онлајн членство.
За време на снимањето со PowerShot G7 X Mark III се прикажува црвена линија околу кадарот како напреден индикатор за снимање што нуди дополнителна потврда и ја елиминира можноста за погрешен почеток. Напредните функции за AF на PowerShot G7 X Mark III им овозможуваат на креаторите на содржини како Sarah да бидат сигурни дека ќе бидат во фокус во текот на целото снимање.
Jamie James
Снимање видеоблогови во природа за поттикнување на свесноста
За Jamie James, којшто во последните шест години работи како видеограф и блогер и е насочен кон создавање на содржина поврзана со активности во природа за брендови како што се „Vans“ и „The North Face“, работењето со опрема којашто нуди разновидни можности и квалитет е клучно за неговата содржина.
Jamie ги тестираше способностите на Canon PowerShot G7 X Mark III со снимање на видеоснимки и фотографии во дивината. Високата стапка на слики на фотоапаратот (до 120 слики во секунда) и објективот за зумирање 4,2x 24-100 mm f/1,8-2,8 се покажаа одлично за снимање на извонредните карпи од Јурскиот Брег во заднина. Во комбинација со оваа опција, следува и опцијата за стабилизација на сликата со 4 чекори на PowerShot G7 X Mark III којашто овозможува снимање со помала брзина на блендата без нарушувањата што може да настанат поради тресење на фотоапаратот.
Со најновото ажурирање на фирмверот, PowerShot G7 X Mark III добива подобра стабилизација на слика со која ќе можете да снимате сигурно, како и функција за AE со приоритет на лице која ќе ви овозможи многу лесно да снимате луѓе во движење.
„Се снимив како правам кафе и неколку вежби бидејќи сакав да споделам нешто од мојот живот и да нагласам колку е важно да поминуваме време со самите себе во природа и да го почувствуваме мирот со којшто таа не исполнува“, вели тој. „Објективот нуди огромна разновидност и воодушевен сум што можам да снимам широкоаголни пејзажи, но и да зумирам за да доловам нешто одблиску.“
„Бидејќи големината има пресудна улога кога одите на долги авантури, многу ми се допаѓа тоа што можам да го чувам во џеб и да го извадам за да снимам RAW-содржини наместо да го барам во торбата и да го пропуштам моментот“ - вели Jamie.
Исто така, најновото ажурирање на фирмверот на PowerShot G7 X Mark III нуди линии за кадарот со различни соодноси на слика, овозможувајќи полесно снимање содржини за различни платформи и големини за печатење. На екранот може да прикажете и маркер наменет за Instagram додека снимате, за да бидете сигурни дека содржините ќе бидат соодветни за социјалните мрежи.
Спречете снимање на слики со прекумерна експозиција користејќи ја функцијата на PowerShot G7 X Mark III за приказ на ленти што ги означуваат површините со прекумерна експозиција.
На создавачите на содржина како Jamiе им е важно да имаат висококвалитетна веб-камера за видеоповици бидејќи на тој начин публиката да може да се увери во квалитетот на нивната работа, а Canon PowerShot G7 X Mark III го овозможува ова преку USB-врска.
„Како снимател и фотограф, сакам да оставам добар впечаток. Ако се приклучам на состанок преку Zoom® со убава, филмска позадина и солидна длабочина на поле, клиентите ќе имаат претстава како е да работат со мене.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
PowerShot G7 X Mark III
Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници. -
Стерео микрофон DM-E100
Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање. -
Tripod Grip HG-100TBR
Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач.