Создајте усовршени содржини со Canon EOS R50

Почнувајќи од мода и храна, па сѐ до фитнес и животен стил, четворица високопрофилирани инфлуенсери откриваат како доловувањето и споделувањето приказни со Canon EOS R50 ги подобри нивните содржини за социјалните медиуми.
Инфлуенсерката на социјални медиуми Fatou N'Diaye, облечена во дебел кафеав капут, клечи и се смее пред фотоапарат Canon EOS R50 поставен на статив.

Создавањето содржини е поконкурентно од кога било досега, а без оглед на тоа дали создавате динамични видеоблогови за храна или инспиративни видеа за фитнес, вреди да се размисли дали може да ги подобрите вашите видеа со фотоапарат што нуди подобри перформанси, функции и квалитет на слика.

Овде настапува Canon EOS R50. Фотоапарат без огледало од основна класа во серијата EOS R од Canon, што се одликува со сензор со висока резолуција од 24,2 MP, напредни автоматски режими и интуитивен интерфејс, поради што е идеален за надежни креатори на содржини и инфлуенсери на социјални медиуми.

EOS R50 го олеснува создавањето содржини на многу начини, почнувајќи од компактниот и пренослив дизајн, па сѐ до екранот на допир со променлив агол, поради што е идеален за самостојно снимање и проследување во живо.

Четворица динамични креатори на содржини од Обединетото Кралство, Франција и Германија го користат Canon EOS R50 за да ги доловат нештата за кои се најстрасни. Нивните приказни се различни, но сите ги подобрија своите содржини со овој моќен APS-C-фотоапарат.

Продолжете да читате за да дознаете како EOS R50 го олеснува, забрзува и подобрува снимањето и споделувањето содржини.

Fatou N'Diaye: модна фотосесија во Париз

Креаторот на содржини Fatou N'Diaye стои на затемнета улица, држејќи Canon EOS R50 до лицето и гледајќи во визирот.

Canon EOS R50 има одлични перформанси при слаба осветленост, со автоматски фокус што функционира до -4 EV за да гарантира дека создавањето содржини навечер или во недоволно осветлена просторија е сѐ уште остро.

Портрет од креаторот на содржини Fatou N'Diaye, којашто е облечена во мантил и носи разнобоен шал и очила за сонце во форма на триаголник, фотографиран со Canon EOS R50.

Контролите на Canon EOS R50 се идеални за почетници и вклучуваат брзо префрлување од фотографии до видеозаписи, како и менија со упатства на екранот на допир. Fatou има искуство со напредни DSLR-фотоапарати од Canon, како и хибридни фотоапарати, но практичноста на EOS R50 ја привлекува. „Се вљубив уште од првата фотографија што ја снимив“ - вели таа. „Има сѐ. Ќе се вљубите во фотографирањето поради овој фотоапарат“. Фотографирано со Canon EOS R50 со објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/200 сек., f/2,8 и ISO200.

Fatou, блогер за убавина со седиште во Париз, се вљуби во фотографирањето уште кога беше млада, гледајќи како татко ѝ го носи својот фотоапарат со филм од Canon насекаде. Во 2007, таа го започна блогот Black Beauty Bag за да пишува за мода, особено за црни жени, а сега ги споделува своите фотографии со над 150 илјади следбеници на @blackbeautybag. „Јас мислам дека модата и фотографијата се поврзани“ - вели таа.

Fatou патуваше по Париз со Canon EOS R50 за да се фотографира себеси додека вози велосипед, оди во шопинг и снима облека, при што дигиталната стабилизација на слика за видео (IS) ги одржува јасни нејзините рачно снимени видеозаписи, а разновидниот екран со променлив агол со 1,62 милиони точки го олеснува самостојното снимање. „Можете да го приспособите автоматскиот фокус со тоа што ќе го допрете субјектот на екранот на допир“ - вели Fatou. На тој начин, фотоапаратот автоматски ќе ве следи вас или кој било избран субјект.

Fatou вели дека се вљубила во големината на EOS R50. „Не очекував дека волку мал фотоапарат ќе ги има истите способности како и голем DSLR“ - продолжува таа. „EOS R50 ви овозможува да изберете различни стилови на фотографија од автоматскиот режим за креативно групирање“.

Исто како и кај паметен телефон, EOS R50 се одликува со однапред поставени параметри и филтри, а режимот за креативно групирање автоматски применува четири различни креативни ефекти на секоја слика што ја снимате, така што можете да изберете што најмногу ви се допаѓа.

Иако Fatou не е почетник во фотографирањето, смета дека овие алатки го забрзаа нејзиниот работен процес. „EOS R50 е вистинскиот избор за некого што не знае многу за фотографирањето“ - заклучи таа.

Elena Bulkowski: еден ден во животот на фитнес инфлуенсер

Слика од креаторот на содржини Elena Bulkowski, облечена во блуза со корална боја и црни хеланки, која трча низ поле кон фотоапаратот, фотографирана со Canon EOS R50.

EOS R50 се одликува со истиот систем за автоматски фокус како и Canon EOS R10, што ѝ овозможува јасни видеозаписи на Elena. „Кога и да одам да трчам или да вежбам, не морам да се грижам дека не сум во фокус бидејќи фотоапаратот ме следи автоматски“ - вели таа. Фотографирано со Canon EOS R50 со објектив Canon RF-S 55-210mm F5-7.1 IS STM со избрани 77 mm, 1/500 сек., f/7,1 и ISO100.

Инфлуенсерката за животен стил и фитнес Elena Bulkowski седи на маса и јаде житарки, а пред неа е поставен Canon EOS R50 на статив со држач, со екранот на допир свртен нагоре.

Компактната големина на EOS R50 е идеална за креатори на содржини кои се секогаш во движење. „Станувам, си правам појадок, објавувам видео од рецептот, а потоа го ставам фотоапаратот во ранец и одам на прошетка“ - вели Elena. „Совршено се вклопува во мојот работен процес бидејќи можам да го носам насекаде“.

Elena, којашто е посветена на фитнес, ја стартуваше страницата @trainhard_eatwell во 2014, откако се пресели во Штутгарт, Германија и виде дека нема спортски клубови во близина. Таа ја споделува својата страст за движење онлајн, поттикнувајќи ги своите следбеници со здрави рецепти и видеа за вежбање – и затоа ѝ е потребен фотоапарат што ќе ја следи во чекор.

Континуираното фотографирање со брзина до 12 fps на Canon EOS R50 и видеоснимките со забавени движења со 120p се совршени за динамичните содржини на Elena. Системот за автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II ја следеше Elena при вежбањето и ја одржуваше во остар фокус. „Моите видеоснимки од трчање се многу течни“ - вели таа. „Правам многу содржини поврзани со спорт, а најдобриот дел е тоа што автоматскиот фокус ве следи додека вежбате“.

Elena, која досега користеше паметен телефон, смета дека EOS R50 е интуитивен за користење. „Многу е лесно да се префрлите меѓу режим за фотографирање и снимање“ - продолжи таа.

EOS R50 исто така се одликува со 14 режими за сцени за фотографии, автоматска конфигурација на поставки за ситуации како што се автопортрети и спортови, како и шест режими за снимање видео.

Martyn Odell: рецепти за прехранбена револуција

Инфлуенсерот за храна Martyn Odell се наведнува над кујнски пулт со Canon EOS R50, приспособувајќи го објективот за да сними чинија со храна.

Инфлуенсерот за храна Martyn создаде различни содржини со Canon EOS R50, благодарение на многубројните компатибилни објективи RF и RF-S. „Заменливите објективи ми овозможуваат да експериментирам со различни фокусни должини“ - вели тој. „Неверојатно ми е што можам да користам широкоаголен објектив за да доловам сѐ додека снимам, а потоа да се префрлам на 50 mm за фотографирање храна.“

Canon EOS R50 поставен вертикално на статив со прстенесто светло и микрофон. Екранот на допир со променлив агол го прикажува инфлуенсерот за храна Martyn Odell со црвен кромид во раце.

Новиот режим за видеодемонстрации одблиску на EOS R50 е совршен за презентирање елементи на фотоапаратот. „Откако ќе покажам состојка, фокусот веднаш се враќа на моето лице, а мене ми е потребно токму тоа“ - вели Martyn.

Кога објавува под името @lagomchef на TikTok, Martyn со своите видеа ги учи луѓето како да го намалат својот прехранбен отпад и да се забавуваат во кујната. Со својата диплома по фотографија и искуство со DSLR, Martyn досега користеше паметен телефон за спонтано создавање содржини, но беше воодушевен од способноста на EOS R50 да снима 4K-видеозаписи со 30p, како и Full HD со 120p.

„Квалитет со допир на едно копче ми е многу важно бидејќи моите содржини се непланирани“ - вели Martyn. „Но, знам дека можам да го земам фотоапаратот, да притиснам „Record“ и веднаш да снимам прекрасни 4K-видеозаписи. Можноста за снимање видеозаписи со забавени движења додаде нова динамика кон моите содржини за храна“.

Режимите на фотографирање на Canon EOS R50 што се лесни за користење му помогнаа при фотографии одблиску од храна. „Една одлична карактеристика е фокусирање со групирање, што ви овозможува многу лесно макро фотографирање, бирајќи ја најсоодветната длабочина на поле“.

Благодарение на контролата на фотоапаратот преку Bluetooth и безжичното поврзување на EOS R50, Martyn веднаш може да ги објави содржините на своите социјални канали. „Лесно е да се испратат фотографии и видеа од EOS R50 до мојот телефон преку апликацијата Canon Camera Connect, што ви овозможува да објавите содржина онлајн веднаш по снимањето“ - вели тој.

Zeena Shah: лесна инспирација за дизајн

Креаторот на содржини Zeena Shah фотографира богато украсена маса со фотоапарат Canon EOS R50.

„Како личност што не е огромен љубител на технологија, сметам дека EOS R50 е многу едноставен и интуитивен за користење“, вели Zeena. „Неверојатно е што можам да фотографирам и фотографиите автоматски да ми се појават на телефонот, по само неколку секунди. Ќе ми заштеди многу време“.

Портрет од инфлуенсерката за стил Zeena Shah, облечена во розов комбинезон и сина шапка, фотографиран со Canon EOS R50. Таа стои насмеана до бел ѕид.

Стилот ѝ е многу важен на Zeena, па затоа, за неа претставува огромна предност што EOS R50 го собира во нејзината чанта и што може да го носи од дома до студиото. „Ме следи насекаде и многу ми помага да го подобрам квалитетот“ - вели таа. „Се чувствувам како вистински фотограф, а фотографирањето прекрасни висококвалитетни фотографии ме усреќува“. Фотографирано со Canon EOS R50 со објектив Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM со избрани 18 mm, 1/500 сек., f/9 и ISO160.

Zeena (@heartzeena), со седиште во Лондон, е дизајнер, стилист, презентер и автор што ја откри старата уметност на мермерирање за време на локдаунот. Поради тоа што започна да ги доловува своите творби со паметен телефон, таа започна потрага по подобар квалитет.

Прецизните и остри слики снимени со EOS R50 ги задоволија потребите на Zeena за светли тонови и детали. „Боите се прекрасни“ - вели таа. „Многу се реални, а можноста да ја споделувам таа висока резолуција и прекрасно заситување со моите следбеници ме усреќува“.

Креативното групирање ви овозможува повеќе уредувања за една слика, што значи дека Zeena веднаш можеше да ги сподели своите содржини на социјалните медиуми. „Однапред подготвените филтри ви овозможуваат веднаш да ги објавите сликите“ - објаснува таа.

Zeena најмногу уживаше во функцијата за забавено движење на EOS R50 за доловување на прекрасните ефекти на вртлозите од мастила во нејзините видеа од мермерирање. „Тоа недостасуваше во моите содржини снимени со телефон“ - продолжува таа. „Фокусирањето со групирање на EOS R50 е исто така извонредно. Ги спојува сликите за да создаде прекрасна длабочина на поле што не би можела да ја доловам на друг начин“.

Предности на EOS R50 за креатори на содржини

Talented creators put Canon EOS R50 through its paces

Без оглед на тоа дали сакате следење на лице и функции за автоматско фокусирање, интуитивни режими на фотографирање, екран на допир со променлив агол за да можете да ја проверувате композицијата или поставките, живописен и детален квалитет на слика, или пристап до разновидната палета на објективи што го нуди фотоапарат EOS R, EOS R50 е идеалниот придружник за создавање прекрасни содржини што може да ги споделите со пријатели и следбеници.

Niamh Mackinnon и алтернативата: EOS R50 V

Видеоблогерката и инфлуенсерка Niamh Mackinnon го подготвува својот Canon EOS R50 V за да го снима пејзажот на островот Скај.

Canon EOS R50 V ви нуди лесен пристап до напредните функции за снимање, за да можете да се фокусирате на раскажувањето на вашата приказна.

Растењето на островот Скај изгледа идилично, а за видеоблогерката и инфлуенсерка Niamh Mackinnon, токму враќањето по студирањето во странство ја зацврстило нејзината страст за претставување на островот. Таа ја подигнала својата видеопродукција на повисоко ниво со Canon EOS R50 V, снимајќи 4K-видео со филмски квалитет. Овој фотоапарат без огледало со заменливи објективи е повеќе фокусиран на снимањето видео во споредба со Canon EOS R50 што го користат креаторите на содржини, нудејќи филмски квалитет при снимање 4K-видео со 60p, како и Canon Log 3. Практичен објектив за снимање видеоблогови со овој фотоапарат без огледало е Canon RF-S14-30MM F4-6.3 IS STM PZ со моторизиран зум за непречено обликување на кадарот.

Niamh доживеала огромен успех со неверојатен број следбеници на социјалните медиуми и ја раскажува својата приказна за снимањето со Canon EOS R50 V и како ги користела неговите функции за снимање видео за да создаде влијателни содржини.


Напишано од Lauren Scott

Слични производи

  • EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • EOS R50 V

    Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини.
  • RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM

    APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.
  • RF-S 14-30mm F4-6.3 IS STM PZ

    Извонредно широкоаголен објектив со внатрешен моторизиран зум за рамномерни транзиции при зумирање - идеално за создавање содржини и снимање видеоблогови.
  • Стерео микрофон DM-E100

    Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.
  • Статив со држач HG-100TBR

    Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач.

Слични статии

EOS R50 наспроти EOS R10

Ги споредуваме клучните функции и дизајнот на два фотоапарати APS-C од системот EOS R.

Од видеоблог за животен стил до креирање содржини со професионален квалитет

Како ѕвездата на социјалните медиуми, Niamh Mackinnon, ги однесе снимките на нејзиниот видеоблог на ново ниво со EOS R50 V.

DSLR-фотоапарати наспроти фотоапарати без огледало: кои се подобри?

Со најголемиот избор на фотоапарати без огледало досега, дали е време да преминете на фотоапарат без огледало? Правиме споредба на DSLR-фотоапарати и фотоапарати без огледало за да ги откриеме придобивките од префрлувањето.

Како да станете видеоблогер

Започнете и создавајте квалитетни видеоблогови со нашите совети за снимање видеоблогови за почетници.